Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прв тим (page 242)

Прв тим

Жрк Вардар го победи Флери во третиот контролен натпревар

vardarfans ku

Конечно победа за Жрк Вардар во третиот контролен натпревар, против шампионот на Франција, екипата на Флери. Претходно противникот не победи два пати. Овој пат црвено-црните беа сигурни и забележаа триумф изразен со два гола разлика 27:25. Ова беше најубедливата игра до сега за избраничките на Индира и Питлик. На полувреме сме имале позитива од четири гола 15:11. Во натпревар со ... Read More »

МРТ ќе ги пренесува ракометните турнири на Рк и Жрк Вардар

vardarfans- rk

Македонската радио телевизија одлучи да ги пренесува натпреварите од меѓународните ракометни турнири, во организација на Рк и Жрк Вардар. Машкиот дел од турнирот ќе се игра во периодот од 24-27-ми август во С.Ц. Јане Сандански. Црвено-црните се наоѓаат во група А заедно со екипите на Нексе и Чеовски Медведи. Во групата Б ќе играат Металург, Краснодар и Кристијанштад. Термините на ... Read More »

Флери втор пат подобар од нашиот шампион

vardarfans zrk

На мини турнејата во Франција, екипата на Жрк Вардар го доживеаа вториот пораз во контролните натпревари со Француски Флери. Домаќинките имале контрола на мечот и постојано водство, кое ниту во еден момент не било загрозено. На полувреме заминале со предност од 16:12. Во натпревар со многу голови на двете страни, Флери бил поквалитетен противник и на крај сосема заслужено забележал ... Read More »

Вардар домаќин на силен турнир

11900077_663172150485992_2970668361653893704_n

Управата на Жрк Вардар направи одличен потег, со тоа што обезбеди силни гости на турнирот Вардар кој ќе се одржи од 29.08 до 01.09 во нашата сала С.Ц Јане Сандански. На овој силен турнир, покрај нашата екипа ќе учевстуваат и шампионот на Европа екипата на Будуќност, потоа екипата на Лајпциг од Германија, Подравка од Хрватска, Ростов – Дон од Русија, ... Read More »

Флери подобар во првиот контролен натпревар со Жрк Вардар

vardrarfans turneja

Екипата на Жрк Вардар го одигра вториот контролен натпревар на мини турнејата во Франција. Првиот од трите предвидени натпревари со Флери, го доби францускиот шампион. Според резултатот се гледа дека тоа било еден тесен и незивесен натпревар до самиот крај. Конечниот резултат бил 25:23. По првото полувреме нашиот шампион имал предност од 10:12. Сепак на крај поснаодливи биле Флери, кои ... Read More »

Индира Кастратовиќ – Сега нашата задача е вклопување на засилувањата и воигрување на тимот

Момент од мечот со Мио Биганос

Избраничките на Индира Кастатовиќ вчера во Франција го имаа првиот тест-дуел на овогодинешните подготовки  . Нашите црвено- црни девојки на истиот беа   поуспешни од тимот на Мио Биганос со резултат 33:25. Најефикасни на мечот кај ЖРК Вардар беа Сања Дамњановиќ и Дембеле со по 7 постигнати погодоци. Шефот на стручниот штаб Кастратовиќ по завршување на дуелот во Франција по кој следат уште три ... Read More »

Вардарки тргнаа со победа во Франција

vardarfans 07

Нашите шампионки успешно ги започнаа подготовките во Франција. На денешниот прв пријателски меч нашите девојки беа поуспешни од тимот на Мио Биганос со резултат 33:25. Најефикасни во нашиот табор беа Сања Дамњановиќ и Дембеле со по седум постигнати погодоци. Ова беше прв, од четирите подготвителни натпревари во Франција. Следен противник за нашите девојки ќе биде шампионот на Франција екипата на Флери. ... Read More »

ЖРК Вардар денес има тест-меч со тимот на Мио Бигано во Франција

vardarfans vska

Завчера нашите девојки пристигнаа во Сен Жан Де Бреј во Франција каде ќе ја одработат оваа фаза од летните подготовки за новата 2015/16 сезона . Тие вчера одржаа заеднички тренинг со тимот на Флери , а за денеска имаат закажано тест дуел со  екипата на Мио Бигано. Според зацртаната програма по денешниот тест тие ќе  одиграат уште два контролни дуела со ... Read More »

Новите засилувања на Жрк Вардар и Лекиќ, гости во новото издание на Вардар ТВ

vardarfans 11

Новите засилувања на Жрк Вардар, Сања Дамњановиќ и Андреја Човиќ како и Андреа Лекиќ се гости во најновото издание на емисијата Вардар ТВ. Новите ракометарки зборовуваат за впечатоците во новиот клуб, и очекувањата во сезоната која претстои. Погледнете ги и сите останати актуелности поврзани со црвено-црното семејство.     Read More »

Жрк Вардар пристигна во Франција, каде ќе има мини-турнеја

vardarfans 07

Екипата на Жрк Вардар во наредниов период ќе има  мини турнеја во Франција, каде ќе одигра неколку пријателски натпревари. Спаринг партнер ќе им биде екипата на Флери, со која ќе одржат и неколку заеднички тренинзи. Оваа екипа исто така беше во Скопје, во месец април кога исто така одигравме два подготвителни натпревари. Тоа беа последните припреми пред завршниот турнир во ... Read More »