Thursday ,19 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прв тим (page 53)

Прв тим

Лазаровска од ЖРК Вардар дел од мак.селекцијата на Европското тимско првенство во атлетика

66666666666666666666-660x330

Репрезентацијата на Македонија во атлетика имаше свој настап на Европското тимско првенство од 3. лига во Лимасол во Кипар, а финишираше на 10. позиција со вкупно 268 поени. Дел од овој настан беше и нашата  ракометарка, играчот на првиот тим на црвено-црните, Михаела Лазарoвска. Нашиот бек кој има речиси 2.метра висина и е една највисока ракометарка во лигата настапи во ... Read More »

Среќен роденден Илиќ Андреа

f77-660x330

Денес   својот 20-ти роденден го прославува Илиќ Андреа голманот на ЖРК Вардар. Станува збор за талентиран голман кој беше дел од тимот кој одигра сезона за помнење во сениорската конкуренција каде игравме во Куп финалето и завршивме „сребрени„ во женската Супер лига. Таа е носител е на признанието „најдобар голман“ во Купот кој се одигра изминатиот месец. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН AНДРЕА! Read More »

Двоцифрен број вардарки на списокот на Саваевски за ЕХФ младинскиот шампионат

120-660x330-660x330

Координаторот на македонските женски ракометни селекции, г-дин Љубомир Савевски, го објавува списокот на повикани ракометарки за собир и подготовки на женската младинска ракометна репрезентација за претстојниот припремен период за EHF W19 Championship 2021. Младинската репрезентација на Македонија е дел од Групата Б на W19 Championship 2021 што ќе се одржи во Скопје, Македонија во период од 10.07 до 18.07.2021 година. ... Read More »

Среќен роденден Миновска Сара

sara2

Денес својот 19-ти роденден го прославува крилото на ЖРК Вардар и македонска репрезентативка Сара Миновска. Станува збор за квалитетен крилен играч, одлична ракометарка која игра во два правци со изразито голема вештина и ракометна интелигенција. Заменик капитенот на црвено-црните имаше важен удел во двете „сребра“ оваа сезона, во лигата е 3-ти стрелец на тимот. Беше на списокот за А-селекцијата, се очекува да биде дел ... Read More »

Кадетките на ЖРК Вардар без пораз на младинскиот турнир, за жал за 1.гол не се пласираа на Ф-4

0-2

 Кадетскиот тим на ЖРК Вардар одигра реми со Металург и со 4.бода без пораз не обезбеди пласман на младинскиот Ф-4, имавме со тимот од Автокоманда исти број бодови, но тие имаа подобра гол-разлика. Честитики до девојките за феноменалниот дуел со сино белите- се беше против нив, но се вратија. Иако ова го почустуваа како неуспех треба да им биде јасно ... Read More »

Савевски го состави стручниот штаб, познати сите три имиња

b6427696-be29-461f-88eb-4604063559d3

Македонскиот селектор и координатор на женските репрезентации, Љубомир Савевски ги одреди имињата на тренерите со кои ќе соработува. Тој  го комплетираше својот стручен штаб. Јулијана Црвенкоска, која во моментов е тренер на Металург, ќе биде негов асистент. Помошник на Савевски и кондициски тренер ќе биде и Аце Станковски, кој ја започна  сезонава во РК Скопје, од каде премина  Вардар Неготино, ... Read More »

Стојаноска 100% од пенали, Трпевска прв стрелец, Диневска над 100ка, Миновска во топ-3, а голманите со 41%

bb5

ЖРК Вардар ја имаше најплодната година со овој тим, пред три сезони започна од „нула“ со млади ракометарки од свој погон. Тимот предводен од Ристова и Царчев дојде до две “сребра“ во лигата и Купот. Единствено пред нас е далеку повозрасниот, тимот со дузина странски играчи Куманово, зад себе ги остави сите тимови од земјава, пред се повозрасниот Металург кој ... Read More »

Преглед последно, 26.коло! Вардар „вицепрвак“ на Македонија, Куманово стигна до 70.бода

187560137_10219586316310686_6680164445779478302_n-660x330

Изминитите два дена се одигра последното коло во женската лига, по кое се „спушти завесата“ во шампионатот 2020/2021 кај дамите. Во последното коло победи остварија Куманово, Пелистер, Металург, Стружанка, Чаир и нашиот Вардар. Црвено-црните дами гостуваа во Ѓорче уште на самиот почеток поведоа со 01-11 и најавија висока победа. Триумфиравме со 21-46 потврдувајќи ја одличната сезона и вицешампионската позиција. На ... Read More »

Голем успех!!! Со победата кај Ѓорче во последното коло, ЖРК Вардар заврши на 2.место

a0

ЖРК Вардар со победа ја круниса успешната сезона и ја потврди 2.позиција во последното коло. Честитки за девојките за кои оваа е најдобар пласмaн од како се сениорски, честитики и за Ристова и Царчев кои го водеа тимот оваа сезона.. Попладнево гостувавме кај тимот на Ѓорче Петров во скопската населба Ново Село, на оваа средба на која од почетокот имавме ... Read More »

Вардар кај Ѓорче, Спартак го пречекува ЖРК Металург, познати саатниците за последното коло

126900591_10218491823669054_4771249958884855076_o-660x330

Денес и утре се играат последните дуели од завршното 26.коло во женската Супер ракометна лига. Чаир и Шампион денес ја отвараат конечната рунда. По дуелот на Вардар на гости кај Ѓорче Петров се „спушта завесата“ за оваа сезона. Интересен дуел ќе се игра и во Кисела Вода каде што Металург ќе гостува кај Спартак. Вака изгледаат саатниците за ова коло: ... Read More »