Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прв тим (page 97)

Прв тим

Среќен роденден Кате Дамјановска

60348637_1195543913959348_5217295914904846336_n

Денес свој 16-ти роденден прославува кружниот напаѓач на женскиот ракометен клуб Вардар, Катерина Дамјановска. Таа заедно со остатокот од тимот одиграа одлична сезона што ја крунисаа со “сребро„ во Купот на Република Македонија кој се одига во Куманово. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН КАТЕ! Read More »

Симовски за А-селекцијата ги повика Николиќ и дебитанот Џатевска

3-2-600x330

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски го објави поширокиот список на репрезентативки на чии услуги ќе смета за двомечот со Словенија за пласман на СП 2019 во Јапонија. Тренерот на Вардар и селектор на црвено-жолтите од вардаровиот тим повика две ракометарки: Милица Николиќ и дебитантот во оваа конкуренција Ивана Џатевска. Составот е комбинација на стандардни репрезентативки, но ... Read More »

Царчев: Грујовска е перфектен голман со голема интелигенција и храброст, Ѓорѓиевска е талентиран голман пред кого е многу работа

zrk11

Секогаш е тешко да се започне вовед за една ваква црвено-црна величина како што е Александар Царчев. Тој е поранешниот голман на РК Вардар потоа тренер во машкиот, а сега во женскиот тим.  Има еден интересен факт  за него, тоа е дека тој како и РК Вардар се “родени“ во истата 1961 година, токму црвено-црниот тим му го одбележа поголем дел од ... Read More »

Шампионки на срцата!!! ЖРК Вардар го освои “среброто“ во Купот и срцата на вардаровата и спортската јавност

f99

Тие дојдоа до “сребро“ на завршницата од сениорскиот Куп на Република Македонија, сепак најмладиот тим на овој турнир и воопшто во лигата ги освои симпатиите, почитта и “срцата“ на сите нас. ЖРК Вардар тим составен од девојки кои всушност се кадетки по возраст оваа сезона доби прилика, но и “задача“ да го наследи европскиот Вардар од лани. Тешко бреме падна ... Read More »

Неверојатно! Грујовска на само 15.години избрана за најдобар голман на сениорскиот Куп (Фото+Видео)

simona-grujoska-e-najdobar-golman-na-f4-turnirot-vo-kupot-14797

Неверојатно, Грујовска со големо признание,  всушност сите факти за нејзината кариера се неверојатни, таа на само 15.годни го допра врвот на државно ниво, стана број еден голман во сениорска конкуренција. Вчера покрај сребрените медали од Купот на Македонија, од Куманово ракометарките на Вардар се враќаат со уште една награда – индивидуална. Симона Грујовска е прогласена за најдобар голман на турнирот. ... Read More »

Вардар “сребрен“ во Купот, храбра игра на најмладиот тим на Ф-4, Грујовска неверојатна

ff

Големото финале во Купот на Македонија во женска ракометна конкуренција се играше во Куманово. Во истото најмладиот тим на Ф-4, Вардар излезе на мегдан со мотивираниот и повозрасен домашен тим ЖРК Куманово. Девојките на Симовски, Ристова и Царчев, се бореа максимално на овој дуел и беа поразени во последните 15.секунди со резултат 22-20. Почнавме со наше водство од пенал со ... Read More »

ЛИНКОВИ за финалните дуели во купот на РК и ЖРК Вардар

60205063_10158061618040348_5252599661314703360_n

Денес во спортската сала во Куманово ќе се одиграат финалните дуели во ракометниот куп на Македонија, во машка и женска конкуренција. Машкиот тим на Вардар по триумфот против Еурофарм Работник во денешното финале ќе се соочи со екипата на Металург. Големото финале кое стартува од 20:00 часот може да го проследите на линкот, кој дополнително ќе го вметнеме во текстов. ... Read More »

Машкиот и женски ракометен тим на Вардар денес ќе играат во големото финале на Купот

55-2

Машкиот и женски ракометен тим на Вардар денес ќе играат во големото финале во купот на Македонија и ќе се обидат да ги одбранат трофеите од минатата сезона. Во машкото ракометно финале ќе гледаме реприза од минатата година, кога во спортската сала „Младост“ во Битола, црвено-црните токму со трумфот (30:26) против Металург во големото финале стигнаа до својот 13.трофеј во ... Read More »

Атрактивната одбрана со нога на Грујовска и “слаломот“ на Костовиќ најпотези, видео-извештај од 1/2-фин, во Купот

22

Куп круната е на дофат за  младиот тим ЖРК Вардар тие утре играат во големото финале.  Место во истото обезбедивме откако вчера во   салата во Куманово  триумфиравме над  Стружанка на меч од полуфиналето.  Доминацијата на оваа средба беше голема   победивме со девет гола плус, 27-18. Според медија тимот на нашиот медиски партнер  “Sport.Video Macedonia“  од овој меч најпотези се атрактивната одбрана со нога на ... Read More »

Ана Марија Божиновска: Пехарот е нашата цел во Купот

1

Вчера младиот тим ЖРК Вардар покажа дека е достоен за црвено-црниот дрес. Во  салата во Куманово се сретнавме со Стружанка на меч од полуфиналето од Купот. Вардарки газеа од минута во минута, уште на одмор замина со четири плус и најавија дека ќе одат на пласман во финалето. Во вториот дел само ја потврдивме доминацијата и победивме со 27-18. Утре играме во големото ... Read More »