Вардар има со што да се пофали за разлика од судбината на сениорскиот тим во млади категории ситуацијата е далеку порозова . Младинските школи се гордост на КК Вардар. Вардар е најтрофејниот тим во Македонскиот младински кошаркарски куп со освоени 4 титули во 6-те изданија на младинскиот куп. Тука се надоврзуваат 4 младински трофеи во првенството во последните 7 сезони, во кои се загубени и две финалиња. Финалето во минатогодишната сезона Вардар го имаше веќе добиено, но направи од готово вересија. Полуфиналињата се играа во Бутел и Вардар го совлада Шкупи на негов терен, по што играчите одвај спасија жива глава. Поради тоа, финалето со Карпош Соколи се одигра во Градскиот парк. На натпреварот беа пуштани само спонзорите на Карпош Соколи како и родителите на играчите на двата клуба, а единствено беа отстапени 50 карти позади кошевите за навивачката група Комбат. Вардар играше слабо и губеше катастрофално. Со огромната поддршка од Комбат, младите Вардарци направија пресврт и на пола минута до крајот водеа со 5 поени разлика. За несреќа промашивме 6 слободни фрлања, па Карпош соколи со само еден поен разлика ја доби завршницата. Мекиќ беше трагичарот во финалето, откако најдобриот наш играч изигра слаб меч и не успеа да постигне поени. Годинава е дел од шампионот МЗТ Скопје.
Младинските школи гордост на КК Вардар
Вардар во последните 10-тина години постојано вади одлични играчи, но повеќето набрзо потпишуваат за други клубови кои им нудат подобри финансии. Тука може да се вбројат браќата Стојановски, Димчевски и Симоновски, Крстевски, а на млади години забележителна улога имаа и Соколов и Александар Костоски.
Клубот има преку 150 деца во неколку возрасни категории со кои се работи во моментов.
Условите за работа се одлични, Вардар има своја сала која е одлично опремена со сопствена теретана, сауна како и неколку соблекувални за играчите. Постојано се организираат младински кампови, често се оди и на турнири во странство, па главниот проблем доаѓа кога играчите треба да преминат во сениори и тука преминуваат во клубови кои им нудат поголеми финансиски средства.
Последното што е најавено од клубот е првиот зимски кошаркарски камп во Македонија.