Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > Tag Archives: Slider (page 821)

Tag Archives: Slider

Борозан доби благодарница, од градоначалникот на Цетиње

vardarfans-borozan

Вуко Борозан е гордоста на Цетиње. Играчот на Вардар доби благодарница од градоначалникот, Александар Богдановиќ за придонесот во спортот и успешното представување на градот. Борозан со Вардар имаше успешна сезона, каде успеа да освои четири трофеи, од кои еден беше во лигата на шампионите. Богдановиќ му го честиташе големиот успех, со напомена дека трудот и упорноста секогаш ја остваруваат целта. ... Read More »

Поранешниот играч на ФК Вардар, Гајур Садики ги посети играчите на првиот тренинг во Малме

vardarfans-sadiki

На првиот тренинг во Малме, играчите на Вардар беа пријатно изненадени од присуството на Гајур Садики. Тој ги посети Вардарци и им даде поддршка во пресрет на утрешниот натпревар, против шампионот на Шведска. Садики е поранешен играч на ФК Вардар, кој моментално живее и работи во Малме. Вардар по пристигнувањето во Шведска одработија полесен тренинг, а главниот се очекува да ... Read More »

Вардарци го имаа првиот тренинг после пристигнувањето во Малме

vardarfans-naslovna

Вечерва Вардарци го одржаа првиот тренинг, по пристигувањето во Шведска, во пресрет на натпреварот од второто квалификациско коло од лигата на шампионите, против екипата на Малме. Црвено-црните полека се загреваа на помошниот терен, кој се наоѓа во близина на стадионот, каде во среда ќе биде одигран натпреварот. Во текот на утрешниот ден, најпрво не очекува прес-конференцја, за во 19 часот ... Read More »

Легендарниот Зекир за Вардарфанс: Вардар е кадарен за успех во Европа, за мене вистински успех кој го заслужуват навивачите е група во ЛЕ

zeko4

Во пресрет на првиот меч со Малме  ви носиме изјава  од легендата  на ФК Вардар која оставила печат во европските дуели на црвено-црните. Разговараме  со легендарниот голман кој повеќе од деценија го бранеше голот на вардарци Муарем Зекир. Популарниот Зеко покрај другите настапи беше на голот во легендарниот двомеч со ЦСКА-Москава. Тој 13 години беше дел нашиот љубимец и настапи на близу ... Read More »

(ВИДЕО) Лејно со најатрактивна интервенција на сезоната во ЛШ, во топ-30 таа има уште три одбрани

Француската репрезентативка, голманката  на ЖРК Вардар, Амандин Лејно ја има најдобрата одбраната на сезоната 2016/2017 година во ЕХФ Лигата на шампионите. Истата е забележана од страна на Лејно  на гостувањето кај Митјиланд, треба да се напомене дека покрај оваа одбрана  голманката на црвено-црните уште три пати се најде во топ-30 одбрани во најсилното европско ракометно натпреварување. Во топ-30 има место ... Read More »

Арнасон од Исланд ќе го суди мечот со Малме

sudija2-470x330-470x3301-470x330

Нашиот Вардар, македонскиот првак  в среда, со почеток во 19-00 часот ќе го игра првиот меч против Малме во рамките на квалификациите за Лигата на шампионите. Нашите момци веќе се во Малме каде пристигна предпладнево, вечер и утре ќе одржат по еден тренинг. Овој меч од 2.квалификациско коло за Лигата на Шампионите  ќе го судат судии од Исланд. Главен судија ... Read More »

Ракометарите на Европскиот шампион на заеднички одмор во Хрватска

vardarfans-naslovna

Поголем дел од ракометарите на новиот Европски шампион се на заеднички одмор во Сплит (Хрватска), организиран од сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко. По освојување на лигата на шампионите, газдата на Вардар реши да ги собере ракометарите на одмор во Хрватска, како еден вид на благодарност за напорната сезона која ја имаа црвено-црните, во која успеаа да освојат дури четири трофеи. ... Read More »

(ФОТО) ФК Вардар пристигна во Малме

p2

Играчите на ФК Вардар заедно со  стручниот штаб и дел од раководството, претпладнево пристигнаа во Малме, каде ги очекува првиот натпревар од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите против шведскиот првак. Вардарци утринава од Скопје отпатуваа до дански Копенхаген, од каде со автобус потоа заминаа во Малме кој е оддалечен триесетина километри. Откако пристигнаа момците ќе имаат краток  одмор ... Read More »

(ФОТО) Вардаровата експедиција замина утрово за Малме

c1

 Вардаровата експедиција утрово преку аеродромот “Александар Велики“ се упати кон шведскиот град Малме, каде што во среда, 12 јули ќе го игра првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите против истоимениот тим. Момците на Гоце Седлоски во Шведска ќе пристигнат во претпладневните часови, а потоа уште  вечерва ќе го одработат и првиот тренинг во Малме. Според планот утре е официјалниот ... Read More »

Покрај многу повредени играчи Малме дополнително ослабува откако отпушти уште еден фудбалер

vardarfans-malme

Раководството на Малме има неколку чудни одлуки пред двомечот со  македонскиот шампион Вардар. Па така  пред двомечот од втората квалификациска рунда за пласман во Лигата на шампионите што ќе го играат овие две екипи на 12. и на 18. јули се ослободи од еден играч, а притоа има серија повредени првотимци. Викендов за Малме последниот меч против екипата на  Хакен ... Read More »