Вчера прв пат на зимските подготовки тренерот на голманите на ЖРК Вардар, Александaр Царчев работеше со своите пуленки. Во големата сала при СЦ „Јане Сандански“ во Скопје реализираше одличен, динамичен, содржаен голмански тренинг. Се работеа дузина вежби, познатиот ракометен голмански стручњак применуваше: тениски топчиња за подобар фокус, ластик за подобрување на реакцијата и други реквизити одржувајќи еден навистина високо професионален тренинг со голманите на женскиот сениорски тим. Големата „хемија“ помеѓу тренерот и девојките кој ги нарекува ангели висеше во воздухот, тој максимално посветено работеше со нив, внимавајќи на секој детаљ, тие вратија со огромно залагање, труд и безпоштеден напор.
Атмосферата беше на завидно ниво, сите три девојки покажаа дека се „гладни“ за голмански предизвици, максимално сите до една го одработија овој „голмански час“. Нивниот напредок сме го потенцирале без број пати досега на Вардар фанс. Тие сите три се носители на лични признание за “најдобар голман“ во неколку конкуренции, а воедно се членови на младински македонски селекции. Колку само Царчев успеал да направи „машини“ од овие дами покажуваат следните податоци. Па така, Јована Трајкоска е кадетски репрезентативец и носител на признанието “најдобар голман“ од завршница во пионерска конкуренција. Симона Грујовска исто така е кадетски репрезентативец на Македонија, таа има признание најдобар голман од сениорскиот женски Куп. Илиќ Андреа има своевремено добиено награда на завршница на кадетска лига, таа е репрезентативец на Македонија во женска младинска селекција. Во продолжение ви носиме неколку фотогафии од првиот тренинг, а утре на ќе бидат достапни видеа од истиот.