Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Диневска: Верувам во секоја од девојките дека може да даде максимум

Диневска: Верувам во секоја од девојките дека може да даде максимум

1a

Нашиот, ЖРК Вардар е единствената македонска женска ракометна екипа која мина рунда и ги брани боите на земјава во европските клупски купови. Во 2.коло од „Европскиот куп“ со две убедливи победи ја минавме екипата на РК Приштина од Косово. Нов предизвик ни е тимот од Холандија, екипата на Јуро Унирек.  Разговараме со капитенот Бојана Диневска, која го предводи тимот во оваа европска „епопеа“. Диневска е дел од овој тим кога истиот започна да се натпреварува во сениорска конкуренција, претходно беше дел од кадетско/младинската екипа предводена од Платон Анжела каде го доживеаа својот ракометен раст. Зборуваме за почеток за одличната форма и постигнатите успеси до сега:

Нашата игра во лигата и сите победи до сега, во сениорската, младинската и меѓународната конкуренција според мене се должат на нашата  подготвеност и желба да победиме се пред себе. Оваа шанса ја чекавме долго време и конечно се оствари. За нас ова е голем чекор кој никој не очекуваше дека ќе го постигнеме. Сите целосно и напорно се спремаме да покажеме добар приказ со тимот од Холандија како што успеавме тоа да го изиграме со Приштина.
1
Во сабота е голем ден за тимот, го играат првиот натпревар против Јуро Унирек. Диневска ни го дава своето видување за престојниот, најголем предизвик за црвено-црните дами.
Овој пат нема да биде лесно сите го знаеме тоа. Само името Холандија создава притисок. Сепак, како и до сега тоа сме ние и тоа е нашата игра, со која сакаме и ќе покажеме дека со сите можеме да издвоиме победа. Верувам дека секоја од девојките ќе даде максимум на теренот на овој двомеч од Европскиот куп-завршува Диневска.