ЖРК Вардар е единствената македонска женска ракометна екипа која мина рунда и ги брани боите на земјава во европските клупски купови. Во 2.коло од „Европскиот куп“ со две убедливи победи ја минавме екипата на РК Приштина од Косово.
Следен предизвик ни е тимот од Холандија, екипата на Јуро Унирек. Првиот меч во Скопје ќе се одигра денес, 13 ноември од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Влезот на оваа средба е слободен.