Во понеделникот, Драгана Ристова во големата сала при СЦ “Јане Сандански“ ги започна зимските подготовки на ЖРК Вардар за пролетните предизвици. Тимот работи вредно, посветено и атмосферата е на ниво. Екипата е речиси во целост на располагање на Ристова. Единствено Јана Паковска поради повреда не е во строј, се очекува деновива приклучување и на Лазаровска Михаела. Царчев Александар, тренерот на голманите, изостанува во оваа фаза бидејќи е на СП во Египет со сениорската А-селекција на Македонија.