Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Турција го плати цехот, Дамјановска е МВП

Турција го плати цехот, Дамјановска е МВП

На шампионатот во Италија денес се сретнавме со Турција во разигрувањето за пласман од 5до8место. Победата беше осигурана со добра игра на нашиот кадетски тим кој победи со 36-25. Турција го плати цекот за нашето непласирање во полуфиналето.

67736621_2684582084906689_7110599837799677952_n

Првите минути од мечот беа изедначени, двата тима влегоа во дуелот со по четири гола.  Со голот на Стефанија Ѓорѓиевска за 4-4 се окончаа воведните 5.минути. Се играше постојано борбено, ние се трудевме да бидеме на еден чекор пре ривалот. На средината на првит дел стоеше 10-8 за црвено-жолтите девојки. Токму со тие два гола повеќе влеговме во последните 10.минути, на семафорот беше 12-10, по што следеше наша серија. Најпрвин повторно одличната Ана Марија Коларовска погоди, потоа капитенот Сара Миновска беше прецизна, на тоа додадена беше една одбрана од Јована Трајкоска и погодок на Катерина Дамјановска. Таа зголеми на 16-11, тоа беше првпат да бидеме на плус пет, Дамјановска стрелаше по контра, таа иако пикер прва дојде до противничкиот гол. За жал попушти концетрацијата, па со серија 1-4 ривалот успеаа да замина на одмор со само два негатива, ние водевме со 17-15 по 30.минути ракомет.

Вториот дел со гол за нас го отвори Катерина Дамјановска која извонредно мина низ противничката одбрана. По пет минути игра гол за гол ние бевме само на два плус, 20-18.  Конечно успеаваме да влееме во серија, најпрвин Ана Марија Коларовска погодува повторно под силни атаци на нејзиното тело, потоа Јована Трајкоска впишува две одбрани. Мими Метковска со два брзи контра напади не носи на 26-19, ние првпат одиме на седум разлика откако правиме серија 5-1. Се беше решено на 10.минути до крај откако Коларовска прифати една одбиена топка по шутот на Ѓорѓиевска и стрелаше за 30-23. Газевме и потоа победата дојде до 11.гола разлика, односно 36-25.

Пикерот Катерина Дамјановска е избрана за МВП на овој дуел.

67730572_536049730268088_8074309255420706816_n

Трајкоска 11 одбрани, Јовановска 2