Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: М.Т - Лико (page 763)

Author Archives: М.Т - Лико

Кај момците во Јуниор лигата викендов познати два шампиона кај генер 2002/03 и 2004/05, кај 2000/01 ги добивме финалистите (резултати и табели)

Викендов на програмата беа нови натпревари кај момците во ракометната Јуниор лига. Во генерација 2002/03 и 2004/05 се одиграа финалните мечеви, а кај генерација 2000/01 се одигра последното коло. Кај  момчињата од генерацијата 2000/01 со одигрување на 10 коло, заврши регуларниот дел од натпреварите. Овде следува Ф-4, во полуфиналињата ќе играат четирите најдобри тимови од оваа генерација,  Филип Вардар, Гостивар ... Read More »

Познати термините за двобојот со Флензбург во ЛШ

Вардар  е на чекор од завршниот Ф-4 турнир во машката ракометна шампионска лига, пред нас останува само уште една пречка 1/4-финалниот двомеч со стариот должник, германски Флензбург. Европската ракометна куќа, ЕХФ во соработка со клубовите кои се 1/4-финалисти на ЕХФ Лигата на шампионите и ТВ куќите кои вршат пренос ги објави термините и саатниците за натпреварите од Топ-8 фазата. Па ... Read More »

Вардар СЦЈС ја пречекува Гевгелија

Викендов на програмата е новото коло во женската ракометна Супер лига. Нашиот втор сениорски колектив  екипата на Вардар СЦЈС е домаќин во истото, ние ја пречекуваме екипата на ЖРК Гевгелија од истоимениот град на југот од земјата. Овој наш домашен дуел на избраничките на Симе Симовски е закажан за во недела на 9-ти април. Ние ќе ги пречекаме гевгеличанки во ... Read More »

Продолжение(11) Историја на АК Вардар- МАЧЕВ ИСМАИЛ – “ВЕЛИКАН НА ВАРДАР”..пишува: Проф.М.Бошковиќ

 Денес  продолжуваме со ново продолжение од историјата на атлетскиот клуб Вардар.  На ред е десеттото  продолжение, Професорот Мирослав Бошковиќ во своите пензионерски денови неуморно не води низ историјата на Вардар.                Авторот:  Во декември 2007 година, спортското друштво Вардар на достоинствен начин, го одбележа јубилејот, 60 години од формирањето на друштвото. На свеченоста беа ... Read More »

Куглање! Вардар в четврток го пречекува “фенерџијата“ Империал Тобако во меч за потврда на вицешампионската позиција

Пролета тргна тешко за црвено-црните на полусезоната ја загубија една од двете ударни игли Влаќевски кој замина за Хрватска, потоа следуваа два порази од шампионот Макпетрол и од дирекниот конкурент за позицијата два екипата на КК ГТЦ Мусандра. Целта после ова беше да се изнајдат сили да се вратат во форма и да ја освојат втората позиција која беше загрозена. ... Read More »

(Фотогалерија) РК Преспа првак во Јуниор лигата кај генер.2002/03, тие во финалето беа подобри од РК Шампион

Вчера во салата “Јане Сандански“ на  завршниот турнир во ракометната “Јуниор“ лига, кај момчињата во генерација родени 2002 и 2003 година се одигра големото финале. Во борбата за пехарот  се сретнаа екипите на РК Преспа од Ресен и РК Шампион во Скопје, ресенчани беа поуспешни и станаа шампиони. Извештај од овој дуел може да погледнете- тука! Read More »

Нема многу време за одмор, задутре в гости со Ренова, Мечкаровски главен арбитар

Црвено-црниот фудбалски колектив вчера на домашен терен ја нагости екипата на ФК Работнички. Момците дојдоа до победа со 2-0 во градското дерби-видео. Со оваа победа останавме на врвот на табелата со шест бода пред тетовска Шкендија. Вардар има сега 56 бода, а тетовчани имаат 50. Краток е периодот за одмор на избраницте на Гоце Седлоски тие веќе задутре играат меч од ... Read More »

(ФОТО) РК Илинден дојде до “злато“ во финалето со Карпош во Јуниор лигата кај момците генер.2004/05

Вчера во големата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ се одигра  големото финале во ракометната вардарова “Јуниор“ лигата. Кај генерација родени 2004 и 2005 година се сретнаа екипите на РК Илинден и РК Карпош од Куманово. До златото стигнаа  избраниците на Дарко и Александра Јанев кои славеа со резултат  7:14, извештај од мечот може да прочитате на нашиот сајт-тука. Read More »

(Фотогалерија) Младинците на ФК Вардар со 3-0 ја совладаа ФК Победа

Викендов на теренот во населбата Аеродром на младинската екипа на ФК Вардар гостин беше тимот на ФК Победа од Прилеп. Нашите момци лесно го добија овој дуел со одлична игра во скоро целиот натпревар, ние триумфиравме со 3-0. Стрелци на головите за нашиот тим беа Колевски и Димков (2). Read More »

(Фотогалерија) Пионерите на РК Вардар триумфираа на “жешкиот“ терен в Автокоманда

Вчера во  салата Автокомада се одигра големото дерби во пионерска конкуренција во кој нашиот РК Вардар предводен од Адријана Будимир гостуваше кај екипата на РК Металург. Сино-белиот тим беше додатно засилен со  4 играчи од кадетскиот состав, но нашите вардарци изгинаа машки  и победија во ова дерби со 15-16. Од овој меч може да прочитате извештај на нашиот сајт-тука, а фотографии ... Read More »