Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Author Archives: М.Т - Лико (page 750)

Author Archives: М.Т - Лико

Барса со Кире и Борко е противник на Вардар во 1/2-фин. на Ф-4 во Келн, одиме на финале да направиме историја

Момците ја чекаа ждрепката во Јане Сандански!

Денес во  12:00 часот беше  ждребот за полуфиналните парови за завршниот Ф-4 турнир во ракометната Лига на шампиони.  За историскиот меч во Келн нашиот  Вардар го дозна својот противник,  тоа е екипата на Барселона. Во другата полуфинална двојка се екипите на   ПСЖ-Веспрем   кои ќе атакуваат на финале во кое се надеваме ќе ги чека нашиот црвено-црн ракометен машки колектив. ... Read More »

(ФОТО) Нови два прекрасни графити на Комити Запад по повод 70г. Вардар (во изработка на К/М)

km2

Наскоро се навршуваат долги 70 години од основањето на ФК Вардар во далечната 1947 година. По тој повод навивачите на црвено-црните изработија два нови прекрасни графити.  Истите се изработени  во скопската населба Маџари од Комитската подгрупа која доаѓа од истата населба, позната по нивната активност на ова поле и големата креативност на нивните членови. Во продолжение на фотографиите може да ... Read More »

Среќен роденден Лејно

Денес голманот на црвено-црниот женски ракометен колектив,  Амандин Лејно  го прославува својот 31-ви ронденден. Редакцијата на Вардар фанс и посaкува многу успех, здравје и европско злато со нашиот Вардар на престојниот завршен Ф-4 турнир во Будимпешта. Среќен роденден Дуду! Read More »

Борење! Денес од 10-00 часот Егоров настапува на Европското првенство (стрим во живо)

bk2

Репрезентативецот и вардаров борач Владимир Егоров денес во 10 часот го почнува настапот  на Европското сениорско првенство во борење слободен стил во Нови Сад. Нашето момче Егоров (57 кг) имаше тешка ждрепка и го доби за противник  Залум Угуев од Русија. Ја исконтактиравме вардаровата делекација во Србија која ни кажа дека од организаторот биле известени дека “нелегитимното раководство на ФБСМ“- стрикно барало ... Read More »

(ВИДЕО) “Цепелинот„ на Душебаев и “проектилот“ на Борозан се најдоа во топ-5 најубави голови

078

По секоја рунда во ЕХФ лигата на шампионите се одбирааат петте најубави гола. Во оваа најнова листа   од најубави погодоци во ракометната ЛШ, дури два се дело на играчи на Вардар.  Во изборот за топ-5 голови за возвратните четврт-финални мечеви во ЛШ четвртото место му припадна на шпанецот Алекс Душебаев. Тој обезбеди место со изворедниот  цепелин. На оваа листа ... Read More »

Циндриќ и Шишкарев во идеалниот тим во ЛШ

Доминацијата во  реваншот со Фленсбург на домашен терен и историскиот пласман на завршниот  Ф-4 турнирот во Келн  им донесе места во идеалниот тим во ЛШ на црвено-црните момци. Двајца наши играчи се во идеаланта постава  за реванш натпреварите од четвртфиналето во најсилното европско натпреварување. Средниот бек, хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ, кој беше незапирлив за германската одбрана избран е за најдобар плејмејкер ... Read More »

Кошарка! Вардарки веќе во среда гостуваат кај Бадел во првиот меч од финалната серија

Кошаркарките на Вардар се пласираа во финалето на кошаркарската лига, минатата недела нашите девојки во “мајсторката“ која се играше  во малата сала во СЦ. “Кале” ја прекечаа екипата на МНА Кожувчанка од Кавадарци. Откако во овој решавачки натпревар девојките на Вардар триумфираа со резултат 66-51 си  “закажаа“ финале со Бадел.  Сега девојките на Вардар пред себе ќе имаат уште еден тежок ... Read More »

Куглање! Вардарова доминација во “Поединечно рангирање по победи“, Димитровски лидер-Донковски 4-ти

Со дуелот нагости против шампионот Макпетрол за нас заврши  регуларната сезона во Македонската кугларска лига-МКЛ. Се одиграа вкупно 15.коло, по крајот на истите шампион на земјава повторно е екипата на КК Макпетрол, а КК Вардар  ја остари целта и заврши како второпласиран и повторно е вице-првак. Во категоријата “Поединечно рангирање по Победи“ која ја објави кугларската федерација на земјава црвено-црните момци ... Read More »

Борење! Двајца вардарци ќе ја преставуваат Македонија на Е.П во Србија кое ќе се одржи од 2 до 7 мај

Најголемиот Европски спектакл ќе се одржи во Нови Сад , Србија каде што ќе се соберат и присуствуваат најдобрите Европски борачи во трите стила , во борбата за освојување на титулата на “Стариот континент” од 02-07 мај 2017. Македонија ќе учествува само со претставници во слободен стил , иако местото на одржување е во непосредна близина и не би имало ... Read More »

Браво! Пионерите на РК Вардар обезбедија Ф-4, избраниците на Будимир со денешната победа над Гостивар влегоа во борба за злато

 Пионерите на РК Вардар предводени од Адријана Будимир денес  со новата победа обезбедија пласман на завршниот Ф-4 турнир во кој ќе трагат по пехарот. Тие во салата при С.р.ц “Кале“ во Скопје ја пречекаа екипата на ГРК Гостивар. Нашите момци дојдоа до победа со 20 гола позитива во овој последен меч од регуларниот дел, тие со 29-9 триумфираа на крајот. ... Read More »