Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Author Archives: М.Т - Лико (page 720)

Author Archives: М.Т - Лико

Вардарци со “двојна доза“ на вчерашниот ден во Бад Татцмансдорф

g1

Вчера мина предпоследниот цел ден од  подготовките на Вардар во Австрија. Денес е последен   ден од престојот во Бад Татцмансдорф пред утрешното заминување, истиот  ќе биде заокружен со пријателскиот натпревар против рускиот прволигаш Тосно. Таа екипа од оваа сезона ќе игра во руската фудбалска елита, откако успеа да обезбеди промоција . Вчера беше  последен ден со два тренинга за момците на ... Read More »

Кошарка! Пелистер и Вардар ќе поднесат барање да останат прволигаши со проширување на лигата

На првиот иден  состанокот на Здружението на машките прволигаши, кое најверојатно ќе се одржи в понеделник, кошаркарските клубовите Вардар и Пелистер ќе побараат проширување на лигата. Двата тима кои испаднаа од елитата  сакаат  повторно да бидат дел од првата лига. Тимовите со звучни имиња Пелистер и Вардар, инсистираат да не  бидат второлигаши. Битолчани само што ја реновираа својата сала и ... Read More »

Куглање! Вардаровото дуо Димитровски-Влаќевски повторно заедно

dime-vlake

Судбината сакаше повторно Вардаровото дуо Димитровски-Влаќевски  заедно да делат кугларски лекции. Ова дуо повеќе од две години низ кугланите во Македонија носеше победи за црвено-црните. Тие се најдобрите македонски куглари и доскорешни членови на Вардар. Во ланското поединечно првенство “газеа“ се по ред и на крајот ни приредија вардарово финале. Во лигата и купот во куглање постојано беa на врвот ... Read More »

Ексклузивно! Вардарецот Димитровски прави трансфер во Медвешчак- Хрватска, таму ќе биде тандем со Влаќевски

dime-vlakje-558x330

Најдобриот куглар на Вардар и најдобар македонски куглар последната деценија и повеќе, лидерот на црвено-црните Димитар Димитровски  доби екстра поуда која не можеше да се одбие. Неговите константни квалитетни игри во македонскиот шампионат, во лигата, купот и државното поединечно првенство не останаа незабележани. За него се заинтересира тим од хрватската  кугларска лига,  Медвешчак од Загреб. Тимот од осамостојувањето на Хрватска ... Read More »

Фелипе: Треба да ја подобриме ефикасноста, со Малме мора да погодуваме

felipe

На тест натпреварот против Матерсбург нашиот Вардар можеше да го избегне поразот, доколу погодеше   некоја од шансите кои ги имаше пред се во текот на вториот дел. Свое видување за натпреварот за вардаровиот сајт даде бразилскиот интернационалец  Хуан Фелипе. Овој дуел беше  прв одигран пријателски меч за него на летните подготовки во Австрија. Не бевме на нивото во првите ... Read More »

РК и ЖРК Вардар вечер во Љубљана ќе ги дознаат ривалите во групната фаза

Вардаровите  претставници во ракометната ЕХФ Лига на шампиони вечерва ќе ги дознаа своите противници во првата, групна фаза. Момците и девојките од Вардар денес ќе дознаат со кои ривали ќе се соочат во новата сезона 2017/2018 во елитата. Извлекувањето на групите ќе се одржи на вечерва во Љубљана. Ракометарите на Вардар кои ја  освоија шампионската титула  ждребката ќе ја исчекуваат од ... Read More »

Познати термините за дуелите на ЕП за момците на Гонзалес

SEHA Final Four - RK Vardar - Meshkov

Европската ракометна федерација ги објави термините на натпреварите кои ќе се играат во рамки на ЕП 2018 во Хрватска. Истото ќе се игра во Загреб, Сплит, Вараждин и Пореч. Момците на Раул Гонзале, нашата А селекција ќе игра во групата во Загреб, а трите мечеви ќе ги игра во различен термин. Во рамки на првото коло нашите ракометари ќе се ... Read More »

Историја: Легендарниот, единствениот и неповторливиот Илеш Шпиц чие големо срце престана да бие токму во вардаровата соблекувална

f2f182ad47194f4f95fd8897186ebd41

ИЛЕШ ШПИЦ – Низ долгата и богата историја на Вардар многумина истакнати и прославени тренерски имиња ја имале честа и привилегијата, но пред се одговорноста да седнат на „жешкото столче“ како предводници на стручниот штаб. Меѓутоа само еден „диригент“ ги посвети и последните „ноти“ од сопствениот живот на најтрофејниот македонски фудбалски „ансамбл“. Тоа е легендарниот, единствениот и неповторливиот Илеш Шпиц ... Read More »

(ФОТО) Четири вардарови школи на заеднички камп како подготовка за идната сезона во Јуниор лигата

Заврши втората сезона во вардаровата Јуниор лига,а веќе подготовките за новата се во тек. Па така четири ракометни школи од големото семејство на нашата Ракометна академија Вардар се дружеа и натпреваруваа заедно на летен камп во Грција. Младите надежи од Ново Лисиче Вардар, Ѓорче Петров Вардар, Карпош Вардар и од Балтепе Вардар играа ракомет на песок, тренираа и во меѓувреме ... Read More »