Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > Author Archives: Д.Гогов (page 117)

Author Archives: Д.Гогов

Вардарци го одржаа утринскиот тренинг, утре дуел со Борац

fkv

Фудбалерите на Вардар утринава, по еден ден пауза, го одработија предвидениот тренинг и се подготвуваа за следниот дуел на зимските подготовки. Иако соочени со новите проблеми и неизвесната ситуација, фудбалерите на Васоски утре ќе истрчаат на фудбалскиот терен во Анталија и ќе одиграат нов пријателски дуел, овој пат против тимот на Борац Бања Лука од БИХ. Вардар во Анталија сеуште ја ... Read More »

„Комити“ го најавија историското сплотување на навивачите

komiti

Македонските навивачки групи заеднички сплотено ќе навиваат за фудбалската репрезентација на дуелот против Косово, полуфиналниот меч од Лигата на нации, на 26 март во Скопје. „Комитите” преку соопштение повикаа на заедничко македонско кортео, од плоштадот Македонија, преку улиците на Скопје, па се до стадионот. Историско сплотување на сите Македонски навивачки групи под Македонското име и знаме, по повод историскиот натпревар ... Read More »

Гачевски: Решивме да ги одиграме последните два натпревари во подготвителниот период, не дозволувајќи да се брука името на Вардар, надевајќи се на позитивно решение

gaca-fkv

Играчите на Вардар се херои, ама во вистинска смисла на зборот! Иако вчера беа шокирани по којзнае кој пат, вечерва капитенот на тимот, Филип Гачевски, на својот Фејсбук профил објави статус во кој се вели дека сите играчи и стручниот штаб донеле одлука да останат во Анталија и да ги одиграат останатите тест дуели, а со самото тоа и да ... Read More »

Судбината на Вардар ќе се знае утре, играчите чекаат

fkv

Судбината на Фудбалскиот клуб Вардар под раководство на Сергеј Самсоненко ќе се знае утре, кога е и закажан состанокот со претставниците на Град Скопје. Од она што можеме да го дознаеме, од разговорот со дел од играчите на Вардар, ќе се чека утрешната разврска, а потоа ќе се донесува одлука. Точно е дека голем број на фудбалски менаџери ги конкактираат ... Read More »

Комити: Покрај се ние сме тука и секогаш ќе бидеме за да ги надживееме сите оние на кои им смета нашето постоење и ја посакуваат нашата несреќа!

84593042_2688691064518495_2281580816268001280_n

Негативните вести од Анталија повторно ни го нарушуваат мирот и не вознемируваат пред почетокот на пролетната полусезона. Без оглед на тоа што сите се на висината на задачата, повторно несреќата не прати, ни создава нови грижи кои ни го отежнуваат патот кон целта која заеднички ја зацртавме. Оние на чиј грб е најголемиот товар, издржаа јуначки и им докажаа на ... Read More »

Вардар не потклекна и одигра 0:0 со Црвена Звезда

fkv

Вардар и Црвена Звезда попладнево во Анталија во еден цврст натпревар одиграа само 0:0 (0:0). За пофалби од овој дуел е одбраната на Вардар, која одигра одлично. Нашиот тим на овој дуел настапи без тројца стандардни првотимци, Евгениј Новак, Али Адем и Матеј Цветаноски. Почетен состав на ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Младеновски, Најдовски, Брдаровски, Жуниор, Димоски, Мицевски, Попзлатанов, Аврамовски и Ибиши. Уште играа ... Read More »

Вардар – Црвена Звезда, низ директен пренос на Арена Спорт 1

fkv-slovenija

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Вардар, утре ќе го одигра и четвртиот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија, Турција. Утре Вардарци ќе имаат уште еден тежок натпревар пред себе, затоа што на мегдан” излегуваат со Црвена Звезда, екипа која важи за еден од најдобрите тимови во овој момент на Балканот. За радост на сите симпатизери на ... Read More »

Комити: По денешната средба во Тетово известуваме дека се приклучуваме на заедничката иницијатива за поддршка на историскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија

83404589_2501502686731835_8752683581588897792_n

По денешната средба во Тетово известуваме дека се приклучуваме на заедничката иницијатива за поддршка на историскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија против Косово. На состанокот на кој се донесе историска одлука покрај нас присуствуваа Чкембари, Лозари, Војводи, Рибари, Паткари, Гемиџии Гостивар, Фаланга, Лебари, Гемиџии Велес, Ултра банда, Сејмени, Ѓаоли… Средбата заврши со заедничка хуманитарна акција (донирање облека) во црквата ... Read More »

Вардар поразен од Бачка Топола со резултат 2:1

83638632_212888796537190_5896587534418313216_n

Тимот на Вардар го претрпе третиот пораз на зимските подготовки во Анталија, откако попладнево немоќен беше и против српскиот суперлигаш Бачка Топола со резултат 2:1 (1:0). Почетниот состав на Вардар за денеска беше: Илиќ, Новак, Младеновски, Тошевски, Брдаровски, Најдовски, Димоски, Попзлатанов, Аврамовски, Цветаноски и Ибиши. На овој натпревар во нашиот тим ги немаше Филип Гачевски и Дарко Мицевски кои останаа на трибините. ... Read More »

Бачка Топола шанса за прва победа во Анталија

83065309_857341021361965_4174484701613916160_o

Вардар утре ќе го одигра третиот пријателски дуел на зимските подготовки во Анталија. Шанса за прва победа играчите на Васоски ќе имаат против тимот на Бачка Топола од Србија. Бачка Топола е во голем подем и игра одлично сезонава во шампионатот на Србија, каде на полусезона е на петтото место на табелата со 36 освоени бодови или десет победи, шест ... Read More »