По разделбата со ФК Вардар, искусниот напаѓач Филип Ивановски кариерата ќе ја продолжи во градскиот ривал, екипата на Работнички. Филип Ивановски имаше сезона за незаборав во Вардар, во сезоната 2011/12 Ивановски во дресот на Вардар на 32 натпревари успеа да постигне дури 24 погодоци. Потоа замина во Астана, во Вардар се врати во сезоната 2013/14, каде настапуваше до крајот на ... Read More »
Author Archives: Д.Гогов
Сите во Струмица за само 50 денари!
Во недела започнува одбраната на титулата за Вардар во првата македонска фудбалска лига. Поради казната од минатата сезона, првиот домашен натпревар ќе го одиграме надвор од Скопје, односно овој пат во Струмица. Натпреварот ќе биде одигран во недела со почеток во 20 часот. По повод овој натпревар, навивачката група Комити организира патување за Струмица за само 50 денари. Во нивното соопштение ... Read More »
Темелков ќе ни суди во Струмица
ФФМ ги одреди судиите за првото коло во првата македонска фудбалска лига. На мечот во Струмица, помеѓу екипите на ФК Вардар и Слога е одреден да суди Зоранчо Темелков од Кавадарци. Помошници на Темелков ќе му бидат: Петар Новачев (Велес) и Тошевски Саше (Скопје). Четврти судија ќе биде Никола Костенчев од Скопје, а делегат на мечот ќе биде Крстев Сашко ... Read More »
Првиот тренинг во Словенија заврши
Ракометарите на Вардар формата ја темпираат во Крањска Гора Словенија. Нашите момци по пристигнувањето во Словенија, вчера, го одработија и првиот свој тренинг на овие подготовки. Како што можете да забележите на оваа ”групна” фотографија, сите играчи на Вардар во добро расположение тренираат и фаќаат ”залет” за новата сезона. Пријателските дуели на овој турнир ќе бидат одиграни на 6-ти, односно ... Read More »
Проблеми за Вардар пред неделниот натпревар
ФК Вардар се соочува со мали проблеми пред стартот на новата сезона 2016/2017 во Првата македонска фудбалска лига. Имено, пред мечот во недела (7,август) против тимот на чаирска Слога, во нашиот табор неизвесни за настап се двајцата ”бекови”, Хофханес Хамбарџумјан и Горан Попов. Попов поради повреда не можеше да им помогне на своите соиграчи и на реванш натпреварот во гости ... Read More »
Јуниорите загубија и од Шведска
Македонската јуниорска ракометна репрезентација го претрпе и четвртиот пораз, од исто толку натпревари на ЕП. Вчера нашите момци загубија и од репрезентацијата на Шведска со резултат 27-22. Стариот проблем во играта на нашите момци беше случај и на овој меч. Откако нашите водеа во првиот дел со 10-8, следуваше вообичаен пад, за на полувреме да се замине со високи -4. ... Read More »
Пионерите и младинците на РК Вардар на меѓународни турнири
Пионерите и младинците на РК Вардар, предводени од своите тренери Кристијан Грчевски и Слободан Чивлачки на почетокот на идниот месец ќе учествуваат на меѓународни силни турнири. Турниор во Загреб ќе се одржи од 1 до 4 септември, а на него ќе учествуваат деца родени од 2000, 2002 и 2004 година. Нашиот тим ќе учествува со екипа составена од играчи родени 2002/2003 година. На турнирот ... Read More »
Вардар го ”растури” Еуромилк (4-0)
Денеска ФК Вардар го одигра и вториот свој предвиден пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона. Момците на ФК Вардар славеа на убедлив начин со резултат 4-0 против тимот на Еуромилк. Овој натпревар се одигра на нашиот комплекс во Хиподром под рефлектори. Стрелци на головите за нашиот тим беа: Фелипе погоди на два пати, а по еднаш во листата на ... Read More »
Вардарци напорно работат
Иако минаа само неколку денови од стартот на подготовките за новата сезона, сепак стручниот штаб на РК Вардар реши уште од самиот почеток да наметне едно високо темпо, секој тренинг за нашите ракометари. Вчера нашите ракометари, како што можете да забележите на овие фотографии, најпрвин имаа свој тренинг во теретаната во наша сала, а потоа тренингот се префрли и во нашата ... Read More »
Младите ракометари загубија и од Холандија
Машката ракометна јуниорска репрезентација на Македонија до 20 години го загуби и третиот натпревар во низа на ЕП во Данска. Нашите млади надежи по поразите од домакинот Данска и од Норвешка, вчера избраниците на селекторот Јовиќ загубија и од селекцијата на Холандија со резултат 33-30 (17-11). Во оваа селекција има двајца играчи на црвено-црните, иако на почетокот на подготовките стартуваа ... Read More »