Tuesday ,14 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 1101)

Author Archives: Звонко Ивановски

Андреј Мицаноски: Премногу ми значи наградата за најдобар пикер во младинска конкуренција

vardarfans-nagradi-2

Младинците на Рк Вардар Јуниор го освоија второто место на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ , кој по втор пат се одржуваше во Скопје. Оваа екипа во финалето беше поразена од тимот на Рк Вардар. Претходно во групата забележаа две победи и нерешен резултат, кои им овозможија да се борат за првото место. Беа совладани екипите на ХЈС Работник ... Read More »

Кадетките и младинките на Жрк Вардар се пласираа во финалето на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

vardarfans finale za kadetki i maldinki

Денес се комплетираа натпреварите од групната фаза за генерации родени 1998/99 и 2000/01 во женска конкуренција на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов. Пласман во големото финале, кое на програмата е утре обезбедија кадетките и младинските на Жрк Вардар. Интересно е тоа што, во големото финале на генерација 2000/01 силите ќе ги одмерат двете кадетски екипи на Вардар, предводени од ... Read More »

Прво коло на ЕП за играчите на Вардар, кои настапуваат за своите репрезентации

vardarfans pregled na vardarovite igraci

Правиме преглед на играчите на Вардар, кои настапија за своите репрезентации во првото коло на Европското ракометно првенство во Полска. Активни беа шест Вардарови ракометари. Марсениќ и Абутовиќ со репрезентацијата на Србија, во една неизвесна завршница беа поразени од домаќинот Полска. Резултатот гласеше 29:28, иако Србите во псоледните секунди не успеаа да реализираат удар од седум метри, односно Словомир Шмал ... Read More »

Кликовац за Вардар фанс: Доколку одиграме цврста и агресивна одбрана и стрпливо во нападот, можеме на крај да стигнеме до победата

vardarfans andrea klikovac

Утре со почеток од 16 часот продолжуваат возбудувањата во рамките од лигата на шампиони во женска конкуренција. Нашиот ракометен шампион ќе има гостување во Подгорица, против актуелнииот Европски првак. Будуќност во првото коло од новата групна фаза доживеа пораз од Ѓер, кој беше прв после 22 одиграни натпревари. Црвено-црните во еден неизвесен меч го победија Букурешт и се пробија на ... Read More »

Жрк Вардар Јуниор го доби првиот дуел, против Војводина Минаква

vardarfans junior so pobeda

Жрк Вардар Јуниор со предност од два гола, ќе го започне утрешниот реванш дуел од 1/8 на Челинџ купот, против тимот на Војводина Минаква. Овие две екипи го завршија првиот натпревар со резултат 26:24 , во корист на младите Вардарки. Натпреварот започна со гол на Војводина Минаква, додека нашите девојки вратија со два гола, за прва предност. Во 6 минута ... Read More »

Николовска ги предводеше младинките на Жрк Вардар до втората победа на турнирот

vardarfans-20-660x330

Младинките на Жрк Вардар одржаа уште ракометна лекција на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“. Утрово во малата сала во спортскиот центар Јане Сандански беше совладана екипата на Академија 2, со убедлви резултат од 29:7. Натпреварот започна одлично за нашите девојки кои имаа предност од 6:0. Првиот гол противникот го постигнува, откако црвено-црните остануваат со играч помалку на теренот поради ... Read More »

Две победи за пионерките на Жрк Вардар, во првото коло на турнирот “Вардар,еден живот, една љубов“

vardarfans-pionerki-na-zrk-vardar1-660x330

Пионерките на Жрк Вардар предводени од Драгана Пецевска-Ристова забележаа две победи на стартот на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“. Оваа генерација родени 2002/2003 година се натпреварува со две свои екипи. Рк Вардар Јуниор во првото коло беше убелдви против тимот на Рк Кастратовиќ Вардар. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 6:21. Уште по првото полувреме беше решено, кој ќе ... Read More »

Стефан Чакалиќ: Во Вардар сум веќе две години и ова ми е прва награда, која ќе ми даде уште поголем мотив за понатаму

vardarfans-nagradi-3

Младинците на Рк Вардар Јуниор го освоија второто место на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ , кој по втор пат се одржуваше во Скопје. Оваа екипа во финалето беше поразена од тимот на Рк Вардар. Претходно во групата забележаадве победи и нерешен резултат, кои им овозможија да се борат за првото место. Беа совладани екипите на ХЈС Работник (18:17), ... Read More »

Дамјан Трајковски: Наградата ми претставува сатисфакција за мојот досегашен труд и одговорност за натпреварите во пролетниот дел

vardarfans rk vardar osvojuvaci na turnirot

Младинците на Рк Вардар го освоија турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во генерација родени 1998/99 година. Избраниците на Зоран Петковски во финалниот натпревар беа подобри од “братскиот“ Рк Вардар Јуниор со резултат 30:19. Без поголеми проблеми оваа екипа се “прошета“ до финалето на турнирот. Совладани беа екипите на Рк Војнисон Вардар од Кичево, Рк Шампион Вардар и тимот на Метрополис. ... Read More »

Младинките на Жрк Вардар, ја победија Академија 1 на првиот ден на турнирот

vardarfans-5-660x330

Младинките на Жрк Вардар денес стартуваа на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ против екипата на Академија1, каде забележаа победа. Конечниот резултат гласеше 28:16. Натпреварот започна со два наши голови, по што противникот го постигна својот прв гол на овој дуел. Уште на почетокот црвено-црните се одлепија на 4:1, а Академија 1 врати со два голови за резултат 4:3. Во ... Read More »