Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 50)

Author Archives: Звонко Ивановски

Комити станаа сопственик на 25 % од акциите на ФК Вардар

344811351_3557116347909102_1267548865135506751_n

Навивачката група „Комити“ се огласија на својата официјална страница со соопштение до јавноста, која ви ја пренесуваме во целост. Ја известуваме целокупната јавност, дека ние, навивачите на ФК Вардар, во договор со сопственикот на клубот Слободан Крстевски, отпочнуваме постапка за стекнување на 25% од акциите на клубот. Во склоп на договорот, членови на нашата група ќе станат дел од сите ... Read More »

Никола Филевски „јунак“ во пенал серијата, кадетите на ФК Вардар се финалисти во Купот

344022262_1543750309484005_700905442674531472_n

ФИНАЛЕ ВО КУПОТ ЗА КАДЕТИТЕ !! Попладнево на градскиот стадион во Штип, се одигра полуфиналниот натпревар во Купот кај кадетите, на кој се сретнаа екипите на Брегалница и Вардар. Нашите надежи славеа дури после изведување на удари од белата точка (1:4), откако натпреварот во регуларниот дел заврши со почетниот резултат 0:0. Вардар имаше иницијатива на овој натпревар и немаше да ... Read More »

Матеј Гаштаров одигра 45 минути во поразот на Македонија У17 од Црна Гора

IMG_20230503_102431

Младата репрезентација до 17 години го загуби првиот контролен натпревар од соодветната репрезентација на Црна Гора. Натпреварот кој се одигра во Бар заврши во корист на домашната репрезентација со резултат 3:0. Единствениот вардарец во националниот дрес за овие натпревари, Матеј Гаштаров, беше во стартниот состав и одигра едно полувреме. Во четврток, двете репрезентации ќе одиграат уште еден пријателски натпревар. Read More »

(ВИДЕО) Георгиевски во изборот на СЕХА, за најубави голови во месец април

goce

Медија тимот на СЕХА направи избор на најдобри голови за месец април во ова натпреварување. Во изборот, место имаше за Гоце Георгиевски, кој на реваншот во Војводина постигна атрактивен гол. Видео со најдобрите голови можете да погледнете на линкот, ТУКА. Read More »

Натпреварот кој ќе го реши ракометниот Шампион на Р.Македонија ќе се одигра на 6.мај

rk vardar

Натпреварот кој ќе го реши новиот ракометен Шампион на Македонија ќе се одигра во сабота (06.05) во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток од 19:00 часот. Вардар и Еурофарм Пелистер имаат еднаков број на освоени бодови, па овој натпревар и дефинитивно ќе го одлучи новиот Шампион. Црвено-црните убедливо го добија првиот натпревар во Скопје, но поради поразот против екипата на ... Read More »

Македонија У15 го освои 6.место на меѓународниот турнир во Италија, Јевтоски и Бојовиќ од Вардар беа дел од овој настан

343381129_1080775166212750_6141499574086567184_n

Младата репрезентација на Македонија до 15 години го освои 6.место на силниот меѓународен турнир во Италија, на кој учествуваа вкупно 12 репрезентации. Македонија на овој турнир одигра четири натпревари на кои оствари победа против Романија, одигра со нерешен резултат против Мексико и загуби од селекциите на Италија и Португалија. Националниот дрес на овој турнир го носеа двајца играчи од нашата ... Read More »

(СТРИМ) РК Кузман Вардар – РК Вардар (кадети)

339981975_162555689782272_1586232154697571879_n

Денес со почеток од 17:30 часот во рамките на 17.коло во кадетската ракометна лига, Вардар гостува кај екипата на Кузман Вардар. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Гоце Делчев“ во населбата Илинден. Стрим од натпреварот можете да погледнете на линкот, ТУКА. Read More »

Добро коло за ФК Вардар во Супер лигата, три победи и еден пораз во соочувањето со Шкупи

307951618_10221988236157181_6650927919454752982_n

Три победи и еден пораз за ФК Вардар на натпреварите од 18.коло во Супер Лигата. Единствено бевме поразени само со помладите пионери, додека на останатите натпревари успеавме да стигме до триумф. Во ова коло не се одиграа сите натпревари, односно некои беа одложени. Погледнете ги резултатите од одиграните натпревари во ова коло: Помлада пионерска Супер лига Македонија Ѓ.П – Охрид  ... Read More »

Марко Срдановиќ од Металопластика ќе го носи дресот на Вардар

rk vardar

Според информациите од српските медиуми, Марко Срдановиќ, од екипата на Металопластика во новата натпреварувачка сезона ќе го облече дресот на РК Вардар. Срдановиќ настапува на позицијата лево крило, каде Вардар во моментов ги има Манасков, Чувара и младиот Стојановски. Се очекува во наредниов период и официјално Вардар да го претстави овој играч како ново засилување. Read More »