Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 987)

Author Archives: Звонко Ивановски

(Видео) Како Вардар го “прегази“ Веспрем

Победата против Веспрем беше најубедливата партија за црвено-црните во новата сезона на сеха-лигата. Меч во кој функционираа сите линии во играта на црвено-црните, не дозволувајќи му на Веспрем да се изнаигра многу. Противникот имаше само едно и единствено водство во почетните минути. Се другото беше во доминација на нашиот ракометен шампион, кој ја покажа својата сила и навести како ќе ... Read More »

Кадетите и младинците на ФК Вардар утре го играат 1/16 финалето од националниот куп, против екипата на Шкендија

Кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар утре ќе ги играат натпреварите од 1/16 финалето од купот на Македонија. Противник за двете наши екипи ќе бидат врсниците од Шкендија. Мечевите ќе се одиграат со почеток од 11 и 13 часот на теренот во населбата Јане Сандански. Се игра само еден натпревар, кој ќе победи ќе се пласира во следната рунда ... Read More »

Гледајте РК Вардар – ППД Загреб за само 50 денари

Денес од 10 часот па се до почетокот на натпреварот со ППД Загреб можете да набавите билет за овој натпревар, пред билетарницата на спортскиот центар Јане Сандански. Истиот ќе можете да го проследите по симболична цена од само 50 денари. Инаку ова ќе биде четврти натпревар за Вардарци во ова натпреварување на стартот од новата сезона. Повеќе информации може да ... Read More »

Јакуп Бериша: Среќен сум што постигнав три гола, но најважно е што екипата победува

Продолжуваат добрите игри во новата сезона за пионерите на ФК Вардар. Избраниците на Сашо Тодоровски ја забележаа четвртата победа од исто толку одиграни натпревари и со максимални 12 освоени бодови се наоѓаат на првото место на табелата. Противник во ова коло ни беше екипата на Победа од Прилеп, која ја пречекавме на новата академија. Црвено-црните во целост ја оправдаа фаворитската ... Read More »

Александра Коловска: “Јуниор лигата“ е голем проект кој овозможува на сите деца здраво да се развиваат и да го сакаат овој спорт

Големиот проект на ракометниот клуб Вардар, “Јуниор лигата“ ги исполни првобитните очекувања на сите школи кои во дебитанската сезона кои беа дел од оваа лига, а ги имаше повеќе од 20-сетина кои се натпреваруваа во различни возрасни генерации. Целта на еден ваков проект е да се зголеми интересот на младите за ракометот и секако најдобрите да бидат дел од младинските ... Read More »

Кировски, Тодоровски и Стојчевски дел од Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на контролните мечеви со БИХ

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години утре и во четврток ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Босна и Херцеговина. Двата меча ќе се одиграат на тренинг центарот “Петар Милошевски“. Утрешниот дуел ќе започне од 16 часот, додека тој во четврток својот старт ќе го има од 11 часот. За овие контролни натпревари селекторот Јетон Несими повика и ... Read More »

Алена Ихнева не е повеќе дел од ЖРК Вардар

Руската интернационалка, Алена Ихнева не е повеќе дел од ЖРК Вардар. Оваа вест преку својата официјална страна ја соопшти клубот, според која двете страни спогодбено го раскинале договорот. Ихнева играше две сезони во Вардар и на два пати ја освои двојната круна во Македонија и бронзениот медал од лигата на шампионите. Во најголемото ракометно натпреварување постигна 41 гол во црвено-црниот ... Read More »

Бобан Николов за Вардарфанс: Задоволен сум од победата, одиме на секој меч по три бода

Бобан Николов на вчерашното гостување кај Македонија Ѓорче Петров не беше стартер, тој во 63 минута влезе во игра на место на Јасир Асани и направи разлика на теренот. Николов учестуваше во сите три гола со кој го скршивме отпорот на домаќините. Беше стрелец на еден и асистент на останатите два погодока во овој меч од петтото коло во првата ... Read More »

(Видео) Головите на капитенот Стоилов против Веспрем

Црвено-црните го добија дербито со екипата на Веспрем во сеха-лигата, победувајќи со резултат 29:22. Заслужена победа за нашиот ракометен шампион кој имаше водство во текот на целиот натпревар. Нашиот капитен Стојанче Стоилов го заврши натпреварот со три  постигнати голови, а два беа во стил погодувајќи од тешка позиција. Погледнете ги овие два гола на Стојанче Стоилов:   Read More »

Прес-конференција на РК Вардар за натпреварот со Загреб

Нема многу одмор за нашиот ракометен шампион кој во вторник го очекува нов натпреавр од сеха-лигата. Нашиот клуб денес во конференциската сала на спортскиот центар Јане Сандански ќе одржи прес-конференција со почеток од 13 часот. Повод е  новиот меч во сеха-лигата против екипата на Загреб. Овој дуел ќе се одигра во вторник во нашата арена со почеток од 17:45 часот. ... Read More »