Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња (page 123)

Петлиња

Александар Грашески е најдобар стрелец за ФК Вардар генер. “2007“ во шампионската сезона на детската лига

34399644_1702145556498950_6763664358292586496_n1

Вардаровата генерација родени “2007“ година успеа и по трет последователен пат да стане шампион на Македонија и повторно да ја покаже својата доминација во детската лига. Во претходниот наш текст, можевте да прочитате за сите остварени резултати на оваа генерација во текот на целата сезона, како во детската лига, така и на турнирите на кои учествуваа. Што се однесува до ... Read More »

Успешна и богата сезона со трофеи за вардаровата генер. “2007“ која по трет последователен пат стана шампион на Македонија и настапи на шест турнири

vardarfans-naslovna-2

Генерацијата на ФК Вардар родени “2007“ година успеаа и по трет последователен пат да станат шампиони на Македонија, во својата возрасна категорија, а втор пат откако нивни предводник е тренерот Томче Трајановски. До регуларниот дел на сезоната во детската лига, оваа генерација се натпреваруваше со три екипи. Во овој завршен текст за оваа генерација ќе ви претставиме сите одиграни натпревари ... Read More »

Среќен роденден Слободан Мутибариќ

391-660x330

Денес својот 52-ри роденден го прославува тренерот на голманите на црвено-црниот фудбалски колектив Слободан Мутибариќ, поранешен чувар на мрежата на ФК Вардар и син на најголемата голманска легенда на вардарци Драган Мутибариќ. Редакцијата на Вардар фанс му го честита роденденот и му посакува уште многу години успешна работа со голманите на Вардар и се разбира здравје и среќа. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ... Read More »

Матео Кесиќ: Среќен сум и задоволен што успеавме втора сезона по ред да бидеме шампиони на Македонија, сакам еден ден да играм за сениорскиот тим на ФК Вардар

132

Вардаровата генерација родени “2008“ година успеа да стане шампион на Македонија и да го одбрани трофејот во детската лига, откако во големото финале ја совладаа екипата на Академија Пандев. Повторно одигравме одлична сезона во која доминиравме и докажавме дека сме најдобри во својата возрасна категорија. Велат кога имаш добра одбрана, многу е полесно да победиш, а тоа можеби најмногу ја ... Read More »

Перо Ангелески-Манце, економот на ФК Вардар, без кој не поминува ниту еден тренинг и натпревар на младинските категории

vardarfans-naslovna

Ниту еден тренинг, ниту еден натпревар на младинските екипи во фудбалскиот клуб Вардар, не може да се замисли без економот во Вардар. Се работи за Перо Ангелески-Манце, кој веќе шест години е задолжен за спортската опрема во клубот. Најпрво започнува во фудбалскиот клуб Работнички, каде се задржува три години, по што истата дејност ја продолжува во Вардар, во периодот од ... Read More »

Четворица играчи од ФК Вардар ќе бидат дел од селекцијата на ФФМ, за генерација “2005“

438

Фудбалскиот клуб на Вардар повторно ќе биде клубот кој дава најмногу деца во академијата на ФФМ. Во новата сезона се направи селекција на играчи, кои се генерациски родени “2005“ година и кои во наредните две години ќе бидат дел од академијата на ФФМ. На завршното финално селектирање, познати се играчите кои ги задоволија вкусовите на стручните лица. Од Вардар тоа ... Read More »

Георг Стојановски се запишуваше во листата на стрелци, за дури три генерации на ФК Вардар

1661-660x330

Откако претходната сезона успеа да испише рекорд, според бројот на постигнати голови за една генерација на натпреварите во детската фудбалска лига, Георг Стојановски на ист начин продолжи и во сезоната која заврши пред извесен период. Само да потсетиме младата надеж на ФК Вардар, минатата сезона како дел од генерацијата родени “2004“ година успеа да постигне неверојатни 81 погодок, што тешко ... Read More »

ФК Вардар: Ѓорѓи Христов назначен за директор на фудбалската Академија

hristov

Како што официјално соопштија од ФК Вардар, прославеното македонско фудбалско име, еден од најдобрите македонски репрезентативци на сите времиња Ѓорѓи Христов, е назначен за нов директор на младинската Академија на фудбалскиот клуб Вардар. Христов го  наследи Бобан Бабунски, кој што стана “кормилар“ на сениорската екипа на Вардар. До сега тој беше координатор во фудбалската Академија, откако пристигна во нашиот тим пред точно една година. ... Read More »

Незаборавна сезона за вардаровата генер. “2008“ која го одбрани приматот Шампиони на Македонија и настапи на четири силни меѓународни турнири

314-660x330

Вардаровата генерација “2008“ под водство на Павел Неделковски успеа и втора сезона по ред да ја освои детската фудбалска лига. Одлична сезона за нашите млади надежи кои ја заокружија со освојување на силниот меѓународен турнир во Несебар. Во детската лига настапивме со две екипи во регуларниот дел од сезоната. Екипата на Вардар (1) имаше 21 победа, 1 нерешен резултат и ... Read More »

ФК Вардар генер.2010 во топ-8 екипи на турнирот “Драган Манце Куп 2018“

3525

Заврши настапот на момците на Зоран Петковски, ФК Вардар генер.2010 на турнирот во Белрад. Нашите момци на силниот меѓународен   турнирот “Драган Манце Куп 2018“ кој се игра во Србија,   завршија во најдобрите осум екипи, од 28 екипи колку што учестуваа на овој турнир во нивната генерација. Во првото коло ја победивме убедливо ФК Црвенка со 5-0, во второто коло  бевме подобри ... Read More »