Friday ,09 May 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња (page 143)

Петлиња

Вардар во друштво на Партизан и Црвена Ѕвезда, како освојувачи на турнирот во Бугарија

b2

Во периодот од 3-6-ти април во градот Бургас ( Бугарија) се одигра силен меѓународен турнир, за генерации родени “2004“, “2005“ и “2006“ година. Вардар беше доминантен во својата возрасна категорија и на пет одиграни натпревари забележа исто толку победи и на тој начин го освои турнирот во Бугарија. Во другите две генерации златниот медал им припадна на најдобрите екипи од ... Read More »

Давидовски стрелец на еден од головите за фудбалската селекција до 15 години, која го освои турнирот во БИХ

makedonija-do-15-godini

Македонската фудбалска селекција до 15 години го освои меморијалниот турнир “Јосип Каталински Шкија“. Во финалниот дуел избраниците на Звонко Златановски ја победија селекцијата на град Белград, убедливо со резултат 6:0 и на тој начин го освоија првото место. Во стартниот состав на овој дуел беше стоперот на вардаровата генерација “2003“, се работи за Филип Ѓорѓоски, додека во игра во второто ... Read More »

Наум Ангелов најдобар голман, Георг Стојановски најдобар играч на турнирот “Колониа Куп“, на кој Вардар го освои првото место

vardarfans-naslovna

Вардаровата генерација родени “2004“ година освоија прво место на силниот меѓународен турнир “Колониа Куп“ кој во периодот од 3-6-ти април се одигра во Бургас. Избраниците на Игор Кралевски одиграа пет натпревари на целокупниот турнир и забележаа исто толку победи. Во големото финале ја победивме екипата на Спартак Плевен од Бугарија, со резултат 4:1. По одигрување на финалните натпревари се доделуваа ... Read More »

Андрески и Ѓоргоски стартери за Македонија до 15 години во победата над селекцијата на Сараево и Источно Сараево

vardarfans-y-15

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години утрово го одигра првиот натпревар на меморијалниот турнир “Јосип Каталински Шкија“ кој се одржува во Босна и Херцеговина. Избраниците на Златановски триумфираа во дуелот со селекцијата на Сараево и Источно Сараево, убедливо со резултат 4:1. Во стартниот состав на овој меч се најдоа и двајца играчи на вардаровата генерација родени “2003“ година. Се работи за ... Read More »

ФК ВАРДАР ГЕНЕР. “2004“ ГО ОСВОИ ТУРНИРОТ “КОЛОНИА КУП“, ИЗБРАНИЦИТЕ НА КРАЛЕВСКИ СУПЕРИОРНИ ВО ФИНАЛЕТО И НА ЦЕЛОКУПНИОТ ТУРНИР

vardarfans-naslovna-3

На турнирот “Колониа Куп“ кој се играше во периодот од 3-6-ти април, првото место кај генерацијата родени “2004“ година го освои екипата на Вардар. Утрово нашите млади надежи славеа во големото финале против екипата на Спартак Плевен со резултат 4:1. Се очекуваше противникот од Бугарија да пружи посилен отпор, но избраниците на Кралевски одиграа перфектен натпревар, на кој доминираа во ... Read More »

(ФОТО) Дали младите вардарци ќе го освојат Бургас, Кралевски и неговите избраници заслужено се релаксираа после пласманот во финалето

vardarfans-naslovna-3

Заслужена рекреација и одмор за младите избраници предводени од Игор Кралевски, кои утре ќе играат во големото финале на турнирот “Колониа Куп“, кој од вторникот започна во градот Бургас. Се работи за силен меѓународен турнир, на кој настапуваат познати екипи од Балканот. Денес нашите надежи родени “2004′ година славеа во полуфиналето против екипата на Берое со резултат 2:1 и тоа ... Read More »

Бесар Гуџуфи им донесе финале на ФК Вардар генер. “2004“, кој со резултатски пресврт го победи Берое

gg2

Вардаровата генерација родени “2004“ година ќе играат во големото финале на турнирот “Колониа Куп“, кој се одржува во градот Бургас. Избраниците на Игор Кралевски во полуфиналето ја совладаа екипата на Берое (2:1) и тоа со резултатски пресврт откако на полувреме имавме негатива од 0:1. Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангелов, Љушев, Анчевски, Серафимов, Јаневски, Милошевски, Стоимов, Каровски, Гуџуфи, Стојановски, Павлески. ... Read More »

Полуфинале на турнирот во Бугарија, за младите надежи родени “2004“ година на ФК Вардар, под водство на Кралевски

vardarfans-naslovna

Генерацијата родени “2004“ година на фудбалскиот клуб Вардар ќе играат во полуфиналето на турнирот “Колониа Куп“ кој се одржува во градот Бургас. Избраниците на Игор Кралевски денес одиграа два натпревари, кои ги добија со идентичен резултат од 5:0. На првиот меч утринава се сретнавме со екипата на Арда од Бугарија, меч кој го добивме убедливо со резултат 5:0. Повторно Георг ... Read More »

Давидовски, Мирков, Ѓорѓоски и Андрески со фудбалската репрезентација до 15 години, ќе бидат дел од меморијалниот турнир “Јосип Каталински Шкија“

vardarfans-turnir

Младинската фудбалска репрезентација до 15 години утрово заминаа за Босна и Херцеговина, каде во петок и сабота ќе биде дел од седмото издание на меморијалниот турнир “ Јосип Каталински Шкија“. На истиот ќе настапат селекциите до 15 години на Македонија и Босна и Херцеговина, потоа селекцијата на градот Белград и заедничката селекција на Сараево и Источно Сараево. Турнирот е во ... Read More »

Вардаровата генер. “2004“ со убедлив триумф стартуваше на турнирот “Колониа Куп“, кој се игра во Бургас

vardarfans-gener-2004-660x330

Вардаровата генерација родени “2004’ година со победа го стартуваа турнирот “Колониа Куп“, кој во периодот од 3-6-ти април ќе се одигра во Бургас. Избраниците на Кралевски утрово на премиерниот свој меч беа подобри од екипата на Нафтохемик од Бургас, која ја совладаа убедливо со резултат од 5:1. Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангелов, Љушев, Анчевски, Серафимов, Јаневски, Милошевски, Стоимов, ... Read More »