Вардар го доживеа најголемиот пораз сезонава, откако попледнево на домашен терен беше совладан од кратовски Силекс со резултат 0:4 (0:1). Вардар исто како и на натпреварот со Борец, отвори лошо, па така по само три минути игра имаше негатива од еден гол. При еден центаршут во третата минута, добро ја испружи ногата Драшковиќ и успеа да го совлада Илиќ. Во првиот ... Read More »
Прв тим
Познат составот на Вардар за денешниот дуел
ФК Вардар за неполн час на Градскиот стадион во Скопје го пречекува тимот на Силекс во натпревар од третото коло. Васоски го откри составот на нашиот тим. Поради два жолти картони, Попзлатанов нема да може да и помогне денес на екипата. Интересно е тоа што во почетниот тим место добива младиот Стојановски, а сега Васоски ќе игра и со двајца ... Read More »
Неколку детали пред утрешниот натпревар
Утре ФК Вардар ќе го одигра третиот натпревар од новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. По лошиот старт и поразот од Борец, Вардарци на гостински терен ја совладаа екипата на А.Пандев за први бодови во новата сезона. Утре, Вардар го очекува нов сериозен тест, овој пат против амбициозниот тим на Силекс. Пред утрешниот натпревар да споделиме неколку нови, ... Read More »
Јосип Бартон на дуелот Вардар – Силекс
Бартон Јосип од Скопје е делегиран да го суди третиот натпревар оваа сезона на екипата на Вардар која во недела на домашен терен го пречекува кратовски Силекс. На Бартон ќе му помагаат Емурли Иса и Ѓорѓески Александар, додека пак четврти судија ќе биде Пројковска Ивана од Скопје. Натпреварот на овие две екипи се игра во недела со почеток од 17.00 часот. Вардар по првите ... Read More »
Трет последователен натпревар на ФК Вардар ќе биде емитуван на МТВ и Арена Спорт
Во недела (22.август) во рамките на 3.коло од првата македонска фудбалска лига. На градскиот стадион, црвено-црните се домаќини на екипата на Силекс. Во минатото коло, Вардар стигна до првиот триумф сезонава, откако славеше на гостувањето кај екипата на Академија Пандев (0:1), додека Силекс на домашен терен одигра само 2:2 против екипата на Пелистер. Силекс имаше неславен настап во рамките на ... Read More »
Среќен роденден Цветаноски
Денеска свој роденден прославува еден од најдобрите играчи во овој момент во ФК Вардар, Матеј Цветаноски. Офанзивецот на ,,црвено – црните” го прославува својот 23 роденден. ,,Вардар Фанс” му го честита роденденот на Матеј и му посакува уште многу титули и индивидуални успеси со Вардар и со репрезентацијата на Македонија. Среќен роденден Матеј! Read More »
Утре Вардар се враќа во тренажен процес
Фудбалерите на Вардар имаа успешен викенд откако славеа победа во Струмица кај Академија Пандев со голот на Дејан Блажевски од пенал во вториот дел. По големата победа на Вардарци, Васоски им даде два дена одмор на сите играчи кои настапија на тој дуел, а оние кои не играа, вчера одработија тренинг. Утре целиот тим се враќа во тренажен процес и ... Read More »
Блажевски е новата 10-ка во Вардар!!
Дејан Блажевски ја зеде 10-ката на Аврамовски и во новата сезона ќе ја имаа таа чест но и задача да постигнува голови и да го носи Вардар кон височините на првенствената табела. А така и започна популарниот Шиле. Откако ја зеде 10-ката, на својот прв натпревар постигна погодок важен три бода и тоа по само четири минути откако влезе на ... Read More »
Среќен роденден Гачевски
Денеска свој роденден прославува довчерашниот капитен на тимот, Филип Гачевски. Популарниот Гача пет сезони го носеше дресот на Вардар, запиша преку 110 официјални натпревари и слободно може да се каже дека е една голманите за кои Вардар направи вистински потег што го доведе. Му посакуваме здравје, среќа и успех на Гача на фудбалски план. Среќен роденден Гачевски! Read More »
Мартин Радуловиќ-Величковиќ: Секогаш ќе играм од срце за Вардар, благодарност до Васоски за шансата да бидам дел од тимот
Вардар стигна до првиот триумф во новата натпреварувачка сезона, откако на теренот „Младост“ во Струмица, ја победи екипата на Академија Пандев. На овој дуел беше постигнат само еден гол, истиот го постигна Вардар. Дејан Блажевски погоди од белата точка, за прв сезонски триумф. На овој натпревар деби во црвено-црниот дрес, имаше 18-годишниот,Мартин Радуловиќ-Величковиќ, кој го одигра целиот дуел. Се работи ... Read More »