Денеска продолжува тестирањето на клубовите од Првата лига. Мобилната екипа на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше во Тренинг Кампот на ФК Вардар и изврши тестирање за Ковид-19 на членовите на клубот. Резултатите од Вардарци ќе бидат познати во текот на утрешниот ден. Да се надеваме дека нема да има позитивни. Read More »
Прв тим
Среќен роденден Али Адем
Денес својот 20.роденден го прославува играчот на фудбалскиот клуб Вардар, Али Адем. Али ги помина младинските категории на Вардар, а во првиот тим започна да настапува од сезоната 2017/18. Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси со Вардар. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АЛИ !! Read More »
(ФОТО) На денешен ден 2017! Грозданоски со „последното вардарово танго“, на ФК Вардар му беше доделена 11.титула
На денешен ден пред три години, 2017 на меч без резултатско значење, од последното коло одигран во Ѓорче Петров, нашиот ,,црвено-црн” тим одигра почетни 0-0 со ФК Силекс. Овој дуел го обележаа два моменти, доделувањето на 11.титула и простувањето на Влатко Грозданоски од црвено-црниот дрес. Поточно тој ден двајца играчи се простија од Вардар. Се работи за легендата, Влатко Грозданоски ... Read More »
Колку дуели го очекуваат Вардар до титулата?
Сега веќе се е јасно. Првата македонска фудбалска лига ќе продолжи. Лидерот на табелата, Вардар ќе одигра уште вкупно девет натпревари. Вардар најпрвин (сеуште не е официјален датумот) ќе одигра дуел на Чаир. Потоа дома ќе ги пречека Силекс и Ак. Пандев, за во последното коло од регуларниот дел да гостува во Тетово кај Шкендија. Доколку Вардарци ги добија сите овие четири ... Read More »
(ФОТО) Вардар ги ,,запали моторите”
Откако е донесена одлука првенството во Првата лига да продолжи, екипата на Вардар почна да се подготвува за останатите натпревари од оваа сезона. Лидерот на табелата почитувајќи ги сите мерки и препораки, своите тренинзи ги одработува на тренинг центарот во населбата Хиподром. Како што најавивме пред некој ден, Васоски доби стручна тренерска помош од поранешните фудбалери Филип Ивановски, Никола Глигоров и ... Read More »
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да го прифати предлогот, натпреварувањето во Прва МФЛ да се продолжи во скратен систем
На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени следните одлуки: - Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на Комисијата за натпреварување за продолжување на натпреварувачката сезона 2019/2020 од Прва МФЛ која беше прекината во поради епидемијата COVID-19. Според предлог прифатлив за најголемиот број клубови од Прва МФЛ, Комисијата за натпреварување предложи, а Управниот одбор ... Read More »
Васоски добива стручна помош од екс играчи на клубот
Конечно, утре лидерот на табелата во ПМФЛ, Вардар се враќа на тренинг откако доби зелено светло за враќање на зелените терени и подготовка за доигрувањето на сезоната и одбрана на веќе започнатото, а тоа е првото место на првенствената табела. ,,Вардар Фанс” дознава дека на утрешниот прв тренинг, екипата ќе има неколку нови лица. Филип Ивановски, Никола Глигоров и Филип Спасески ... Read More »
Фудбалот во Македонија ќе продолжи, Вардар на терен ќе ја освојува Шампионската титула
Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија на денешниот состанок донесе предлог одлуки за продолжување на натпреварувачката сезона 2019/2020 од Прва МФЛ која беше прекината во март поради епидемијата COVID-19. По двата состаноци во „Ќука на фудбалот“ со претставници на клубовите од Прва МФЛ и имајќи ја в предвид епидемиолошката ситуација во државата, одобрувањето за продолжување на ... Read More »
ФК Вардар: На денешен ден во 1995, „црвено-црната“ казнена експедиција на Хаџиевски ја освои втората двојна круна
ФК Вардар на официјалната сраница на клубот го објави следното по повод денешниот ден, 26.мај: На денешен ден во 1995 година, „црвено-црната“ казнена експедиција на Ѓоко Хаџиевски ја освои втората двојна круна во Македонија, победувајќи го Силекс во големото финале на Купот, со двата гола на Горан Петрески. Во финалето вардарци настапија во следниот состав: Мирко Спасески (капитен), Петар Милошевски, ... Read More »
Клубовите треба да се изјаснат, ФФМ презентираше три сценарија за завршување на сезоната
Фудбалската федерација на Македонија пред претставниците на клубовите презентираше три можни сценарија за завршување на натпреварувачката сезона 2019/2020. Клубовите ќе треба да се изјаснат за едно од трите понудени сценарија, а одлуката за првенството од Прва МФЛ ќе ја донесе Фдубалската федерација на Македонија. Во продолжение трите можни сценарија за завршување на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ предложени од ... Read More »