По новите случувања во Фудбалскиот клуб Вардар, се огласи и поранешниот прв човек на Град Скопје, Коце Трајановски. Ви го пренесуваме соопштението во целост: Вардар е синоним за спортот во Скопје. Од самиот почеток кога го спасивме од втора лига и го превзема Град Скопје идејата ни беше да направиме од Вардар шампион. Успесите и достигнувањата ги гледавме низ годините и ... Read More »
Прв тим
Гачевски: Само ти си бесмртна, жива вода подземна, кај што тонеш ти извираш – Вардар!
Капитенот на ФК Вардар, Филип Гачевски испрати силна порака на својот Фејсбук профил во овие нови, тешки времиња за клубот. Капитенот како и секогаш е оптимист, а напиша дека Вардар е гордост македонска. „Може да те одречат, други да те предадат, можат сешто да измислат, само ти си бесмртна, жива вода подземна, кај што тонеш ти извираш. Вардар гордост македонска“, напиша Гачевски. ... Read More »
Рокот за добивање лиценци до вторник
Наместо убава вест, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко после шест години во клубот им соопшти на сите дека си заминува од редовите на ФК Вардар. По најавеното заминување на Самсоненко, остануваат неколку дилеми меѓу нив и онаа што ќе биде со добивањето на лиценцата за настап во квалификациите ова лето. Рокот за добивање лиценци е продолжен до вторник, но сега повторно се ... Read More »
ОФИЦИЈАЛНО: Самсоненко го напушта и ФК Вардар, клубот повторно „извиси“ за лиценца
После шест години како сопственик на клубот, од денес и официјално, Сергеј Самсоненко го напушта Вардар. Со тоа клубот повторно изгуби можност да добие лиценца и да настапува во Европските натпреварувања. На офцијалната страна на клубот излезе соопштение кое ви го пренесуваме во целост: Почитувани, Со превземањето на АД ФК Вардар Скопје во 2014 започнавме со реализирање на визијата да ... Read More »
Гоце Седлоски во иднина ќе го предводи вториот тим на Динамо Загреб
Довчерашниот спортски директор на ФК Вардар, Гоце Седлоски, официјално е промовиран во Динамо Загреб. Седлоски во иднина ќе го предводи вториот тим на Динамо Загреб, кој го очекува меч од 1/4 финалето во младинската лига на Шампиони, против екипата на Бенфика. Во овој тим на Динамо настапува и Филип Антовски, кој беше дел од Вардар. Седлоски е поранешен тренер на ... Read More »
Хамбарџумјан: Моментите кои ги поминав во Вардар за мене се незаборавни, беше златно и неверојатно искуство!
Ерменскиот десен бек, Хофханес Хамбарџумјан слободно може да се каже дека беше ,,полн погодок” на управата на ФК Вардар. Хамбарџумјан откако дојде во редовите на нашиот тим беше стандарден, а навивачите имаа само пофални зборови за неговите настапи. Популарниот Хоф во редовите на ,,црвено – црните” запиша преку 100 официјални натпревари. Десниот бек вели дека моментите во Вардар за него биле незаборавни, ... Read More »
Вардар и понатаму ,,виси”
Овие пет дена се одлучувачки за судбината на најтрофејниот фудбалски клуб, Вардар. Понеделник помина неуспешно. Денешниот ден засега не дава позитивни сигнали, па остануваат уште само три дена во кои Управата на ФК Вардар ќе мора да ги подмири долговите, во спротивно ќе следува нова забрана за излез во Европа и добивање на сигурни 750.000 евра за две кола (едно во ЛШ, ... Read More »
Историја: Грошев ја има чувано вардаровата мрежа на повеќе од 170 натпревари, беше прва опција легендарната 1987
МОМЧИЛО ГРОШЕВ – Чувар на голот на Вардар во сезоната 1986/1987 кога се постигна историскиот успех со освојувањето на шампионската титула во првенството на Југославија, беше легендарниот Момчило Грошев. Популарниот Момо како што го нарекуваа сите во клубот, е роден на 19 јануари во 1960 година. За тимот на Вардар започнува да брани во сезоната 1982/1983 наследувајќи го меѓу стативите докажаниот ... Read More »
Прво се враќаат индивидуалните, а потоа колективните спортови
Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција се осврна и на спортот и на спортистите. Министерот најави дека прво дозовола за враќање ќе добијат индивидуалните спортови, а во зависност од ситуацијата по овој викенд ќе биде познато кога ќе има услови за фудбал, кошарка.. „Се размислува да се дозволат прво индивидуалните спортови, но за времето кога и начинот како, ... Read More »
(ФОТО) Најавува ли капитенот подобри времиња во ФК Вардар!?
Капитенот на ФК Вардар, Филип Гачевски ги изненади сите вечерва откако на својот Фејсбук профил прикачи фотографија со Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, сопственик на ФК Вардар. Сеуште не е позната иднината на ФК Вардар и дали тимот ќе добие лиценца за настап во Европа ова лето. Позитивни сигнали се вчерашниот и денешниот ден, а посебно и оваа фотографија на капитенот која ... Read More »