Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар (page 1040)

ФК Вардар

Екипата на Турново е следниот предизвик за младинските категории на Фк Вардар

10513485_780266848660460_7585684000509323965_n-660x330

Викендов ќе се одигра 19 коло во рамките на националното првенство кај младинските категории. Противник на сите наши екипи, е тимот на Турново. -Помладите пионери по освојување на купот на Македонија, ги очекува нов предизвик во лигата. Во недела гостуваат во Струмица на екипата на Турново. Со оглед дека се во голема борба за титулата, трите бода од овој меч ... Read More »

Илчо Наумоски си заминува од Вардар

Вардарфанс.мк дознава, прв кој ќе си замине ова лето од Фк Вардар ќе биде напаѓачот Илчо Наумоски. Откако му заврши договорот со нашиот тим, јасно беше дека Илчо ќе си замине од Вардар. Тој се здоби со тешка повреда, и по таа повреда не успеа да се рехабилитира навреме, или да добие шанса од тренерот Андреев. Останува во наредните денови ... Read More »

Вардарците Пачовски и Спировски повикани за квалификацискиот меч со Словачка

Ново назначениот селекторот на Македонската фудбалска  репрезентација Љубинко Друловиќ, денес го објави списокот на играчи за квалификацискиот натпревар Словачка – Македонија кој ќе се одигра на 14 јуни во Жилина . На истиот се најдоа и двајца црвено-црни фудбалери од нашиот Вардар и тоа голманот Томе Пачовски и играчот од средниот ред Стефан Спировски . На дебито како кормилар на ... Read More »

Мартин Филипоски: Среќен сум што успеав да придонесам за освојување на титулата со постигнатиот решавачки гол

Дури по изведувањето на ударите од белата точка, помладите пионери успеаа да го освојат купот на Македонија. Откако во регуларниот дел , мечот заврши без голови, се пристапи кон изведувањето на пенали. Тука подобро се снајдоа Вардаровите момци, кои дури после 3 серии успеаа да ја совладаат екипата на Шкендија. Еден од јунаците кој последен шутираше и донесе трофеј за ... Read More »

Малик Зибери: Игравме со срце и тоа го покажавме во текот на натпреварот

Вчера на теренот на ФФМ се одигра големото финале во купот на Македонија за помлади пионери. Вардаровата генерација беше подобра од своите врсници од шкендија, дури по изведувањето на удари од белата точка. Во регуларниот дел натпреварот заврши без голови 0:0. Игравме сите со срце и тоа го покажавме во текот на целиот натпревар, кој беше многу цврст. Пропуштивме неколку ... Read More »

(ВИДЕО) ”Бомбата” на Попов, најубав гол сезонава!

Oфицијалната страна на нашиот фудбалси тим, објави еден вид на анкета, во која сите симпатизери на Вардар можат да гласаат за гол на сезоната во редовите на Вардар. Во изборот се додадени видеа на повеќе ефектни голови на нашите момци оваа сезона. Очекувано, убедливо прв на листата највеќе гласови (повеќе од 600-тини) има голот на Горан Попов, даден против Ренова ... Read More »

Помладите пионери ја потврдија доминацијата и го освоија купот на Македонија

Црвено-црна доминација владее овие два дена во Скопје. Само еден ден откако кадетите го освоија купот, победувајќи во финалето против Работнички, истиот успех денес го повторија и помладите пионери. Дури по изведувањето на удари од белата точка успеаа да слават во големото финале, против екипата на Шкендија и да го подигнат трофејот. Конечниот исход по изведувањето на пенали беше 9:8. ... Read More »

Христијан Чукалески: Овој освоен куп ќе остане во нашите сеќавања во текот на целиот живот

Избраниците на Љупчо Марковски се новите победници на националниот куп, откако во финалето успеаа да ја победат екипата на Работнички. Во еден тежок и борбен натпревар од двете страни, Вардарци имаа повеќе сили и квалитет за победа. Единствениот погодок за триумф, беше дело на Есмин Личина. Мислам дека беше едно одлично финале. Имаше многу трчање од двете екипи и желба ... Read More »

Ацо Стојков првото засилување на ФК Вардар

vardarfans stojkov

Првото засилување на црвено-црните во пресред на европските мечеви од квалифинацискиот дел на Л.Ш е Ацо Стојков поранешниот македонски репрезентативец и екс играч на ФК Вардар. Истиот по речиси двогодишна пауза повторно се враќа во редовите на ФК Вардар. Истиот доаѓа како слободен играч одкако му истекува договорот со Шампионот на Албанија . Последен клуб во кој настапуваше Ацо Стојков ... Read More »

Филип Јошевски: Овој трофеј е само увертира за она што следува, а тоа е она главното – титулата кадетски првак на Р. Македонија

Кадетите на Фк Вардар се освојувачи на купот на Македонија, за сезона 2014/2015. Во големото финале, кое се играше на теренот на ФФМ, нашите млади надежи беа подобри од екипата на Работнички. Конечниот резултат беше 1:0, со погодокот на Есмин Личина. Конечно и првата титула! Денеска на теренот на Фудбалската Федерација на Македонија го одигравме финалниот натпревар во Купот на ... Read More »