Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар (page 19)

ФК Вардар

Спорт клуб 8 ќе врши директен пренос од натпреварот на Вардар и Македонија Ѓ.П

347398949_704868321682238_8941559709251020590_n

Денес со почеток од 16:00 часот, ФК Вардар е домаќин на тимот на Македонија Ѓ.П, на натпревар од 6.коло во ПМФЛ. Вардарци и на овој натпревар ќе имаат голема поддршка од Комити, а секој кој нема да биде во можност во живо од стадионот „Борис Трајковски“ да го проследи натпреварот, директен пренос ќе емитува Спорт клуб 8.   Read More »

Стартува новата сезона во младинската фудбалска Супер Лига, Вардар отвара со Шкупи

370808904_276228825164211_7868666768995842769_n

Претстојниов викенд стартува новата натпреварувачка сезона во младинските фудбалски лиги. Во рамките на 1.коло, наш противник ќе биде екипата на Шкупи. Утре на теренот во н.Бутел ќе се одиграат натпреварите на пионерските екипи на Вардар и Шкупи, кои ќе започнат во термините од 10:00 и 12:00 часот. Во недела, на теренот во Кадино, сме домаќини со кадетите и младинците. Овие ... Read More »

Марјан Младеновски главен судија на мечот на Вардар и Македонија Ѓ.П

sudija

Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за натпреварите од 6.коло во ПМФЛ. Утре на стадионот „Борис Трајковски“ Вардар го пречекува тимот на Македонија Ѓ.П. Марјан Младеновски од Скопје е делегиран за главен судија, додека негови помошници ќе бидат Слаѓан Маркоски (Гостивар), Дејан Димитријевиќ (Скопје) и Дарко Стојчевски (Скопје). Натпреварот ќе започне од 16:00 часот. Read More »

Во сабота, ФК Вардар е домаќин на Македонија Ѓ.П

369631765_704867531682317_2932561224186034709_n

Во сабота (02.09), во рамките на 6.коло во ПМФЛ, Вардар е домаќин на тимот на Македонија Ѓ.П. Натпреварот во сабота ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ со почеток од 16:00 часот. Црвено-црните ќе се обидат да стигнат до првиот сезонски триумф, откако на претходниот натпревар ремизираа со екипата на Силекс, додека претходното коло беше одложено поради европскиот настап на ... Read More »

Филип Дурански го засилува ФК Вардар

373599164_708464954655908_694901796280721507_n

32 годишниот играч од средниот ред Филип Дурански е седмо засилување за Вардар во летниот преоден рок. Минатата сезона настапуваше за екипата на Скопје а во својата богата кариера има настапувано за екипите на Работнички, Силекс и Турново во Македонија каде има забележано близу 200 настапи во првата Македонска лига, и со интернационално искуство во Славија Прага (Чешка) Севан (Ерменија) ... Read More »

Драган Јанкоски со прв повик во националната репрезентација, Матеј Гаштаров исто така во составот на Македонија У18

303234356_122683833865400_3524336694718107193_n

Драган Јанкоски со прв повик во националната репрезентација, Матеј Гаштаров исто така во составот на Македонија У18 предводен од Вујадин Станојковиќ. Младата репрезентација на Македонија до 18 години во периодот од 3 до 8 септември ќе одржи тренинг камп во Кичево. Нашите млади фудбалери ќе го искористат максимално овој период за да се подготват што е можно подобро за претстојните ... Read More »

ФК Вардар против Беса, во 1/16 финалето на Купот

368421048_704868385015565_4657519712153809086_n

Во рамките на 1/16 финалето во Купот на Р.Македонија, ФК Вардар за противник ја доби екипата на Беса. Единствениот натпревар кој ќе го даде патникот во следната рунда ќе го одиграме на гостински терен. КУП на МАКЕДОНИЈА, 1/16 финале: ЈАНГ Тим – ПОБЕДА НОВАЦИ 2005 – БРЕГАЛНИЦА БАШКИМИ 1947 – СКОПЈЕ АРЕСИМИ 1973 – ТИКВЕШ 1930 КОЖУФ Гевгелија – БРЕРА ... Read More »

Младинците одиграа “контролка” со Тетекс

FB_IMG_1693135221639

Денес на теренот во Кадино, младинците на ФК Вардар одиграа контролка против ФК Тетекс Оваа средба ја доби гостинот на резултатски план. Првиот дел заврши со почетните 0-0, немаше шанси за одбележување на двете страни. Вторите 45 минути донесоа дури пет погодоци. Најпрвин ние се заканивме преку Гаштаров чиј удар беше блокиран. Противникот потоа искористи неколку прилики и поведе со ... Read More »

Победи за генерациите 2007 и 2010 на пријателски натпревари

370854898_276224311831329_8134370962614631330_n

Две младински екипи на ФК Вардар денес одиграа пријателски натпревари, како подготовка за новата сезона. Пионерите успеаа да слават и на вториот пријателски натпревар во подготвителниот период. Екипата која е предводена од Марко Ѓорѓевиќ и Димо Мушу денес беа подобри од градскиот ривал, тимот на Работнички. Конечниот резултат гласеше 2:1 (1:1). Вардар прв успе да го отвори резултатот со голот ... Read More »

Алберт Алаведра со повик за настап во репрезентацијата на Андора

370545872_705060284996375_2285913803021067054_n

Играчот на ФК Вардар, Алберт Алаведра доби повик во репрезентацијата на Андора за претстојните квалификациски натпревари против Белорусија (09.09) и Швајцарија (12.09) за Европското првенство 2024-та во Германија. Алаведра го засили Вардар на почетокот на новата натпреварувачка сезона. Read More »