Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар (page 685)

ФК Вардар

Матеуш Захара го засилува Вардар

...

Вардар најде нов офанзивен играч? Според Фејсбук страната “Црвено – црно семејство”, полјакот од редовите на Висла Краков, Матеуш Захара е во Скопје каде би требало да потпише договор со нашиот тим. Захара има 27 години, оваа сезона настапувал за тимот на Висла Краков во полската прва лига каде на 27 натпревари постигнал 4 погодоци. Овој играч во досегашната кариера ... Read More »

Десет шампионски пехари за сениорските Вардарови екипи сезонава

peh

Зад нас е сезоната 2016/2017 во која С.Д Вардар “ожнеа“ нови десет сениорски пехари во различни спортови. Златни бевме во фудбал, машки и женски ракомет, женска кошарка и куглање. Најтрофеен спорт е дефинитивно ракометот каде се освоени 70% од пехарите оваа година за црвено-црните. Најдобар колектив без конкуренција е РК Вардар со четири пехари во оваа сезона. Момците на Раул ... Read More »

(Видеа) Гласајте за најубавиот погодок и најдобриот играч на Вардар за месец мај

barsegjan-fkv

Фудбалскиот клуб Вардар традиционално секој месец избира најубав гол за секој месец и најдобар играч. Во категоријата најдобар играч се номинирани: Тигран Барсегјан, Хуан Фелипе и Џамбул Џигаури. Вашиот глас за најдобриот играч по ваш вкус може да го   дадете на следниот ЛИНК. Во категоријата за најубав гол номинирани се Хуан Фелипе за погодокот против ФК Пелистер, потоа Дејан Блажевски за реализацијата ... Read More »

Како награда за добрата работа, Слободан Мутибариќ од следната сезона оди скалило погоре како тренер на голмани во пионерските екипи на ФК Вардар

mutko

Легендата на фудбалскиот клуб Вардар и сегашен тренер на голманите во младинските категории на овој клуб, Слободан Мутибариќ од наредната сезона ќе оди скалило погоре, односно ќе биде тренер на повозрасните генерации во Вардар (пионерските екипи на клубот). Изминативе неколку години, Мутибариќ работеше како тренер на голмани во помалите возрасни генерации (петлиња), а доказ за неговата успешна работа се голем ... Read More »

И Џигаури доби повик од својата селекција

dzigauri-fkv

Вардар продолжува да дава многу репрезентативци и овој циклус. Нов кој е повикан за настап на својата селекција е крилниот играч Џамбул Џигаури. Џигаури е повикан од страна на својот селектор за натпреварот против Молдавија на гости на 11 јуни. Досега за своите репрезентации настапија: Стефан Спировски кој ги одигра сите 90. минути против Турција, потоа Којашевиќ кој влезе во вториот дел ... Read More »

Три генерации на ФК Вардар утрово заминаа на турнири во Србија, познати составите на сите три екипи кои ќе ги бранат боите на клубот

5a-660x330

Три Вардарови генерации утрово во 10 часот заминуваат на меѓународни турнир во Србија. Тоа се генерации родени “2003“, “2007“ и “2008′ година. Шампионската генерација на ФК Вардар, родени “2003“ година која ја освои двојната круна, ќе учествуваат на турнир во Нови Сад, “Стеван Нештицки“. Избраниците на Томче Трајановски ќе бидат во група со репрезентацијата на Република Српска и фудбалската академија Сеак ... Read More »

Пораз од Сараево за пом. пионери, на вториот натпреварувачки ден на “турнирот на пријателство“

vardarfans-pom-pioneri

Помладите пионери на ФК Вардар денес го одиграа вториот натпревар на турнирот во Бјелина. За противник го имавме тимот на Сараево, од кој изгубивме со резултат 2:0. На полувреме резултатот беше 0:0. Тренерот Сашо Јанев го стартуваше натпреварот со следниве 11-сетмина: Андов, Мирчевски, Манасиевски, Бојковски, Ѓурковски, Тодоров, Астарџиев, Хасиќ, Хасановиќ, Спировски, Асенов, Во првото коло, одигравме без голови (0:0) со ... Read More »

Ненад Дамјановски: Многу ми значи признанието за најдобар стрелец, потајно го очекував бидејќи постигнав најмногу голови на завршниот турнир

vardarfans-naslovna-2

Вардаровата генерација родени “2008“ година станаа шампиони на Македонија во детската фудбалска лига. Избраниците на Павел Неделковски имаа импресивна сезона зад себе и на крајот сосема заслужено го освоија трофејот во ова натпреварување. Колективноста ја красеше оваа надежна генерација, пред која времето допрва започнува, но мора да се напомене дека тие имаа еден лидер, во името на Ненад Дамјановски, кој ... Read More »

Познати сите можни противници на ФК Вардар во ЛШ: Селтик, Партизан, Лудогорец, Риека…

Новата титула во македонската лига на црвено-црниот фудбалски тим му донесе прилика да учествува во квалификациите за ЛШ. Второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, во кое ќе игра и нашиот Вардар, се игра на 11 и 12 односно на 18 и 19 јули. Годинава ждребката ќе се извлекува на 19 јуни во Нион. Познати се сите тимови кои Вардар може ... Read More »

Пом.пионери тргнаа со реми на “Турнирот на пријателство“ кој се игра во БиХ (ВИДЕО)

vardarfans-pomladi-pioneri-660x330

Помладите пионери на ФК Вардар денеска одиграа нерешено, тие со  резултат 0-0 го започнаа „Турнирот на пријателство“ во Бјелина, Босна и Херцеговина. Добар меч за момците на Саше Јанев кои  одигра натпревар без голови против минатогодишниот шампион на турнирот екипата на Војводина. Кај нас треба да се истакне нашиот голман,  Андонов кои имаше 2-3 успешни интервенции во текот на натпреварот. Во другиот ... Read More »