Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар (page 686)

ФК Вардар

Куп финалето кај генерација “2002“ му припадна на Работнички, кој го совлада Вардар

vardarfans-gener-2002

Денес на стадионот во населбата Ѓорче Петров се преигра финалето од купот, кај генерација “2002“ помеѓу екипите на Вардар и Работнички. Истото беше прекинато во саботата, кога при резултат 2:2 во 60 минута од натпреварот, поради силното невреме мораше да се прекине. Беше одлучено истото да се одигра од почеток и тоа денес, на кој славеше екипата на Работнички, кој ... Read More »

Андреј Данстак: Наградата за најдобар голман е голема заслуга на целата екипа, се трудам да бидам најдобар во тоа што го правам

vardarfans-naslovna

Во периодот од 1-4-ти јуни, генерацијата на ФК Вардар родени “2006“ година беше дел од силен меѓународен турнир “Приморско лето“ кој се играше во Бугарија. На истиот нашите млади надежи го освоија чевртото место, а на целокупниот турнир беа забележани три победи, два нерешени резултати и два порази. За целокупните впечатоци од турнирот во Бугарија можете да прочитате од изјавата на ... Read More »

(ФОТО) Помладите пионери на ФК Вардар утрово заминаа за Бјелина

18870976_851162991698152_9206797_n

Утрово помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар предводени од Јанев Саше заминаа за Бјелина, Босна и Херцеговина каде од 6-11-ти јуни ќе бидат дел од силниот меѓународен “Турнир на пријателство“. Утре ги започнуваме настапите, со натпревар против екипата на Војводина, кој започнува од 10 часот, со директен пренос на каналите на Спорт клуб. Во следните два дена, противници ќе ни ... Read More »

Андреј Данстак најдобар голман, генерација “2006“ на ФК Вардар го освои четвртото место на турнирот “Приморско лето“

vardarfans-danstak

Изминативе четири денови, генерацијата на ФК Вардар беше дел од третото издание на силниот меѓународен турнир “Приморско лето“ во Бугарија. На истиот го освоивме четвртото место, откако денес во борба за малото финале бевме поразени од екипата на Аполон од Крагуевац, со резултат од 2:0 и на тој начин завршивме како четвртопласирани. На целокупниот турнир, Вардар одигра седум натпревари, на ... Read More »

ФК Вардар ја заврши сезоната со најефикасен напад и најдобра одбрана

barsegjan-fkv

Фудбалскиот клуб Вардар е старо-нов шампион на Македонија. Сезонава на убедлив начин со 13 бода позитива завршивме како лидери по одиграните 36.кола пред тетовска Шкендија. Покрај ова нашиот тим ја имаше и најдобрата одбрана која го красеше цело првенство, и најефикасниот напад категорија во која малку подоцна избивме на врвот, но го задржавме до последното коло од лигата. Одбраната е ... Read More »

Финалето во купот кај генер. “2002“ прекинато поради невреме, истото ќе се одигра од почеток, во вторник на истиот стадион

325-660x330-660x330

Денес на стадинот “Борис Трајковски“ во населбата Маџари, се играше финалето во купот, кај генерација “2002“ помеѓу екипите на Вардар и Работнички. Истиот е прекинат во 60-тата минута поради невреме, при резултат 2:2. Тренерот Ѓорѓиевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Величковски: Крстевски, Ѓурковски, Асани, Петејчук, Илиевски, Салиу, Фазлиу, Игнатов, Речица, Омерагиќ. Вардар во текот на првото полувреме беше подобрата екипата на ... Read More »

Вардар од генер. “2006“ загуби од Черно Море и утре ќе се бори за третото место на турнирот во Бугарија

12

Денес Вардаровата генерација “2006“ го играше своето полуфинале, на турнирот “Приморско лето“ во Бугарија.Нашите надежи, иако го дадоа својот максимум на овој меч, на крајот сепак го загубија натпреварот со 3:0, од екипата на Черно Море. Вреди да се напомене, дека противничките играчи  беа физички покорпулетни од нашите момчиња. Имавме и ние свои шанси, кои не ги искористивме. Утре не ... Read More »

(Фотогалерија) Трофејот од Купот во генерација “2003“ му припадна на Вардар

20

Избраниците на Томче Трајановски, генерацијата родени “2003“ година се освојувачи на купот, за оваа натпреварувачка сезона. Црвено-црните во големото финале беа подобри од екипата на Академија Пандев, совладувајќи ја со резултат 3:1. Погледнете ја фотогалеријата од финалето на купот: Read More »

Вардар 2006 одигра нерешено со Аполон, попладнево играме полуфинале!

18902001_10213694994868241_1029070917_n

Вардаровата генерација  2006 ја заврши групната фаза на турнирот во Приморско. Нашите млади момчиња уште вчера го заверија пласманот во полуфиналето, денеска натпреварот против Аполон Крагујевац немаше никакво резултатско значење. Овој дуел заврши со резултат 1:1, голот за Вардар го постигна Давид Голубов по одлична асистенција на Дарко Сековски. Сега вардарци во 17 часот ќе го одиграат натпреварот од полуфиналето. Read More »

Гачевски “црвено – црн” до 2020 година

12396-filip-gachevski-go-prodolzhi-dogovorot-so-vardar

Вардар продолжува со убавите вести денеска. Најдобриот голман во македонскиот шампионат Филип Гачевски, го продолжи договорот со Вардар до 2020 година. Ова значи дека популарниот Гача во Вардар ќе остане уште најмалку три сезони. Гачевски за ФК Вардар изјави: „Кога Вардар ми понуди да бидам дел од овој клуб и во следните три години, воопшто не се мислев. Ги прифатив ... Read More »