Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар (page 744)

ФК Вардар

Комити: Собир во недела пред Соборен Храм, билети во фан-шоп

komiti-3

ФК Вардар во недела ќе го одигра можеби клучниот натпревар за титулата. Доколку нашиот тим победи во недела ќе отиде на плус седум бодови во однос на Шкендија. По повод овој дерби натпревар и натпреварот на РК Вардар, “Комитите” излегоа со официјално соопштение, кое ви го пренесуваме во целост. ДВОЈНА ВИКЕНД КОМИТСКА ПРОГРАМА !!! сабота, 25.02.2016 РК ВАРДАР – РК ... Read More »

(Видео) Вардар ТВ гости: Демири, Барсегјан кој првпат говори македонски и ракометарите Поповски и Ѓорѓиески

bersegjan

Најновото, третто издание за оваа година на црвено-црната емисија Вардар ТВ се емитуваше овој викенд. Во неа имаше четири гости од вардаровото семејство. Младите ракометари Мартин Поповски и Даниел Ѓорѓиески гостуваа во првиот дел од емисијата, а во вториот дел беа гости фудбалерите на Вардар, новодојдениот Демири и ерменецот Барсегјан кој првпат говори македонски во изјава за оваа емисија. Покрај ова ... Read More »

(ВИДЕО) Фитнес подготовка на ФК Вардар генер.2006

fico

Во полн ек се подготовките за стартот на пролетната сезона во детската лига. ФК Вардар генерација 2006 година напорно се подготвува за нови успеси под будното око на фудбалскиот педагог Филип Арсовски. Тие покрај техничко-физички подготовки на теренот на Академијата на ФК Вардар во градски парк се подготвуваат и во фитнес центарот во истиот мултифунционален објект. Академијата овозможува најдобри услови ... Read More »

ВИДЕО: Овој удар не го бранеа ниту двајца голмани!

fkv-vardarfans

Зачестија прекрасните погодоци на нашите играчи. На вчерашниот натпревар Фелипе постигна феноменален погодок кој ретко се гледа на нашите фудбалски простори. Бразилецот доби една топка од десната страна, биеше од преку 25 метри и со фантастичен погодок го совлада Зендели. Овој удар тешко да го одбранеа и двајца голмани. Погледнете го ова ремек – дело на нашиот играч. Read More »

(Фотогалерија) Вардаровата генер. “2008“ во добра форма пред стартот на пролетниот дел од детската лига

15

Вардаровата генерација родени “2008“ година викендов на теренот на академијата одиграа контролен натпревар со екипата на С.Р.Ц. Карев. Натпреварот убедливо им припадна на нашите млади надежи со резултат 11:3. Павел Андов постигна хет-трик, два гола беа дело на Илија Митаноски, Филип Сребров и Ненад Дамјановски, додека еднаш во листата на стрелци се запиша и Стефан Марковски. Извештај од натпреварот можете ... Read More »

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Генерацијата 2003 на ФК Вардар со девет голови го почести гостинот Национал од Софија

4

Викендов гостин на фудбалскиот клуб Вардар, беше екипата на Национал од Софија. Контролни натпревари за овој противник одиграа три црвено-црни генерации. Една од нив беше и генерацијата родени “2003“ година кои славеа убедлива победа со резултат 9:1. Дарио Јовановски и Дарко Младеновиќ постигнаа по три гола, додека по еднаш успешно стрелаа и Антонио Мирков и Герг Стојановски. Read More »

(ВИДЕО) Вардар лесно со Слога

video

Вардарци дојдоа до првата победа во 2017 со триумфот над Слога во првото коло оваа пролет со 3-0. Стрелци на головите беа Кривањева со автогол  во 2. минута, во 16. минута Фелипе со прекрасен погодок зголеми на 2:0 , а во 82. минута точка стави  Дејан Блажевски. Read More »

Вардарци лесно ја прескокнаа Слога, следна е Шкендија!

fkv-barsegjan-vardarfans

Вардар одлично го отвори пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. Нашиот тим денеска лесно се справи со тимот на Слога и славеше победа со резултат 3:0 (2:0). Вардар ја задржува првата позиција на табелата пред големото дерби идниот викенд против Шкендија. Вардарци натпреварот не можеше да го отворат на подобар начин. Веќе во 2′ минута нашиот тим дојде до предност. ... Read More »

(Видео линк) За денешниот натпревар

fkv

Вардар атакува на прва пролетна победа. Од овој натпревар исто така ќе има и видео стрим, покрај и директниот пренос на Сител 3. Натпреварот започнува во 14 часот, очекуваме добра игра и победа на нашите играчи. Од овој дуел ќе можете да следите директен пренос на следниот линк  ТУКА. или  Read More »

Балотели ќе недостасува попладнево

fkvardar-baloteli

Вардарци попладнево ќе настапат без својот напаѓач Џонатан Балотели. Балотели се здоби со повреда уште на пријателските натпревари во Анталија. Иако повредата не е сериозна, сепак, Балотели ќе мора да го прескокне овој денешен натпревар. Исто така во екипата ќе недостасува и Дарко Глишиќ кој исто така има мала повреда. Се очекува денешниот напад да го предводи Тигран Барсегјан. Можниот ... Read More »