Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар (page 815)

ФК Вардар

Горазд Попов: Играњето во Вардар за мене е огромна чест и поттик да бидам уште подобар и знам дека ќе дадам се од себе еден ден да заиграм во првиот тим

vardarfans intervju

Во следново наше интервју ве запознаваме со членот на Вардаровата генерација родени “2004“ година. Се работи за Горазд Попов кој има голем потенцијал да прерасне во врвен фудбалер. Незаменлив дел од играта на оваа генерација која бележи големи успеси, како во домашни, така и во меѓународни рамки. Може да игра на неколку позиции на теренот и да одговори на сите ... Read More »

Давид Денковски: Успеавме да ги освоиме трите бода, кои ни се потребни за понатамошниот тек на првенството, каде повторно атакуваме на двојната круна

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до нова победа во првенството, откако беа подобри на гостувањето во Куманово од екипата на Милано. Нови три бода за избраниците на Сашо Тодоровски, кои имаат максимални девет по одигрување на првите три кола. Победата беше најавена уште во првото полувреме, кога со двата гола на Битиќи поведовме со 0:2. Во вториот дел Али ... Read More »

(Фотогалерија) Како помина турнирот во Благоевград за Вардаровите генерации

На турнирот во Благоевград, Вардаровите генерации освоија четврто и петто место. Генерација “2004“ имаше можност да освои еден од медалите, но во полуфиналето загуби од силната екипа на Динамо Загреб. Во борба за треттото место бевме минимално поразени од тимот на Славија од Софија. Генерација “2005“ во борба за петтотото место беше подобра од своите врсници од Славија, со резултат ... Read More »

Македонија У-21 денеска со важен натпревар

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, денеска ќе го одигра клучниот натпревар за пласман на ЕП. Нашите млади надежи по одличната игра и победа над Шкотска, ќе имаат задача и на денешниот натпревар да прикажат одлична, но пред се борбена игра, нешто што ги краси низ овие квалификации. Многу важна вест пред денешниот натпревар е таа дека, голманот на ... Read More »

Убедлив старт на сезоната за ФК Вардар генер. “2003“, кои во првото коло на новата лига беа подобри од Македонија Ѓ.П

Денес на теренот во Ѓорче се одигра првото коло од новата меѓурегионална лига, кај генерација родени 2003 година. Нема многу одмор за младите Вардарци, кои по пристигнувањето од Бугарија каде учествуваа на турнир во Благоевград, ги започнаа настапите во новата лига. Противник во ова прво коло ни беше екипата на Македонија Ѓ.П. Нова лекција од избраниците на Томче Трајановски, за ... Read More »

Втора последователна година, Стефан Тасев е најдобар голман на турнирот во Благоевград, а четврто ново признание од турнирите во Бугарија

Изминатиов период, генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар родени “2004“ година учествуваа на силен меѓународен турнир во Благоевград. Избраниците на Ане Андовски на крајот го освоија четвртото место, идентично како и минатата година кога на истиов турнир, тогаш предводени од Филип Арсовски завршија како четвртопласирани. По завршување на финалниот натпревар и оние за пласман беа доделувани поединечни награди за најдобри поединци. ... Read More »

Виктор Димков: Најважно е што делуваме како вистински тим, сите се бодриме и помагаме да стигнеме до посакуваната цел

Изминатиов викенд се одигра треттото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Младинците на ФК Вардар стигнаа и до треттата победа, откако на домашен терен беа подобри од екипата на Милано. Нова сигурна игра за избраниците на Љупчо Марковски, за нови три бода и зацврстување на првата позиција на табелата. Виктор Димков беше дел од овој триумф, постигнувајќи еден гол ... Read More »

Којашевиќ асистира Јоветиќ погодува, реми на Црна Гора

Вчера тројца првотимци на ФК Вардар имаа настапи за своите репрезентации. Селекцијата на Црна Гора одигра 1:1 против селекцијата на Романија. Најзаслужен што Црна Гора го израмни резултатот во 87 минута беше токму нашиот играч, Дамир Којашевиќ. Којашевиќ влезе во игра во 80 минута. Во 87 минута Црна Гора изведе слободен удар, а токму Којашевиќ со одлична топка го пронајде ... Read More »

Вардар одигра пријателско реми со Раднички Ниш

На денешниот пријателски натпревар Вардарци настапија со овие 11-мина: На голот на нашиот тим по подолга пауза беше Томе Пачовски. Во одбраната беа Брдаровски и Глишиќ како бекови, Грнчаров и Новак како стопери. Во средината на теренот беа Фелипе, Грозданоски и Љамчевски, и во нападот јужноамериканската „двојка“ – Боарето и Обрегон. На клупата за резерви беа: Филип Гачевски, Горан Попов, Виктор Велкоски, Есмин ... Read More »

Победа и нерешен резултат за пионерските екипи, на дуелите со Милано

Победа и нерешен резултат за пионерските екипи на ФК Вардар во денешното третто коло во првенството на младинските категории. Противник ни беше екипата на Милано, натпревари кои се одиграа во Куманово Помладите пионери освоија само бод на гостувањето кај оваа екипа. Натпреварот заврши со оној почетен резултат 0:0. Имавме неколку прилики да ја затресеме противничката мрежа, но за жал резултатот ... Read More »