Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар (page 816)

ФК Вардар

(Фотогалерија) Милано лесен “плен“ за младинците на ФК Вардар

Младинците на ФК Вардар со нова победа во првенството, откако вчера беа подобри од екипата на Милано. Доминација во текот на целиот меч за Вардарци, кои заслужено ги освоија трите бода. Стрелци на головите беа Александар Најдоски, Есмин Личина и Виктор Димков, за конечен резултат од 3:0. По првите три одигран кола, младинците имаат исто толку победи. Погледнете ја фотогалеријата ... Read More »

Дејан Стоименов: На полувреме тренерот ни ги кажа грешките што ги правевме и не потикна дека можеме многу подобро да одиграме

Вардаровите кадети продолжуваат со првенствените победи во новата сезона. Тие успеаа да ги добијат своите врсници од екипата на Милано и да освојат нови три бода. Само неколку минути беа потребни да се “скрши“ отпорот на гостинската екипа и на стартот на второто полувреме со головите на Дејан Стоименов да се реши победникот. По првото полувреме резултатот беше оној почетниот ... Read More »

Раднички пристигна во Скопје

Шампионот на Македонија, тимот на ФК Вардар максимално ќе ја искористи паузата поради репрезентативните обврски, и ќе одигра пријателски натпревар против тимот на Раднички од Ниш. Пријателскиот меч ќе се одигра утре со почеток во 17 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Раднички од Ниш денеска пристигна и ќе преноќи во Скопје пред утрешниот пријателски натпревар. Раднички оваа сезона во ... Read More »

(Фотогалерија) Нови три бода за кадетите на ФК Вардар, Милано беше новата “жртва“ за избраниците на Влатко Колев

Максимални девет бода, по првите три одиграни кола за кадетите на ФК Вардар. Во рамките на денешното коло, избраниците на Влатко Колев со два брзи гола на стартот од второто полувреме беа подобри од екипата на Милано (2:0). Стрелец на двата погодоци беше Дејан Стоименов. Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар:   Read More »

Теодор Димитровски и Есмин Личина повикани од тренерот Седлоски за контролниот натпревар со Раднички

Утре со почеток од 17 часот на стадионот “Борис Трајковски“ во Маџари екипата на ФК Вардар ќе одигра пријателски натпревар против Раднички од Ниш. Нашиот фудбалски шампион ќе ја искористи паузата поради репрезентативни обврски и ќе “спарингува“ со прволигашот на Србија. За овој контролен дуел во составот ќе се најдат и двајца играчи од младинскиот состав. Се работи за Теодор ... Read More »

Младинците со три гола во мрежата на Милано, за третта победа во лигата

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до треттата последователна победа во првенството, откако денес беа подобри од екипата на Милано. На теренот во населбата Јане Сандански, црвено-црните успеаа да триумфираат со резултат 3:0 Сосема заслужена победа за нашите младинци, кои имаа доминација во текот на целиот меч. Противникот го имаше првиот удар кон голот на Трајчевски, но топката завршува покрај ... Read More »

Стоименов за третта последователна победа на Вардаровите кадети во новата сезона

Денес на теренот во населбата Јане Сандански се одигра натпревар во конкуренција на кадети, помеѓу екипите на Вардар и Милано. Уште една победа за оваа генерација во новата сезона и со максимални девет бода по првите три одиграни кола. Тренерот Колев стартуваше со следниве 11-сетмина: Тимевски, Кировски,Јордановски, Серафkadetiteимов, Насковски, Менкиновски, Спировски, Петревски, Трајчевски, Стоименов, Абдула Шкор. Првата шанса на овој ... Read More »

Алексовски прави чуда на голот, Велковски и Николов одлични, Македонија чекори кон ЕП

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година продолжува да ја покорува Европа. Вчера момците на Благоја Милевски одиграа одличен машки фудбал, изгинаа за Македонија и славеа нова победа, овој пат во Шкотска против фаворизираната домашна репрезентација. Нашите момци продолжуваат да чекорат по вистинскиот пат, кој за нас значи чудо, чудо наречено пласман на едно ЕП. Никогаш не сме биле по блиску. ... Read More »

Генерацијата ”2004” загуби од Славија Софија за третото место

Денеска ФК Вардар генерација ”2004” го одигра натпреварот за третото место на турнирот во Благоевград. Нашите млади момчиња загубија од Славија Софија со резултат 1-0 (0-0). Голот за Славија Софија бил постигнат пред крајот на натпреварот, односно во завршната минута. Нашите момчиња исто така и на натпреварот против Динамо во 1/2 финалето не успеаа да победат, иако и на тој ... Read More »

Милано следен противник за Вардаровите екипи, во рамките на третото првенствено коло

Викендов ќе се одигра третото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Следен противник за Вардаровите генерации ќе биде екипата на Милано од Куманово. Пионерските екипи ќе гостуваат во недела во Куманово, додека кадетите и младинците своите мечеви ќе ги одиграат во сабота на теренот во населбата Јане Сандански. Во минатото коло, помладите пионери стигнаа до првата првенствена победа и ... Read More »