Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар (page 863)

ФК Вардар

Вардар ќе одигра пријателски со: Динамо Загреб, Штурм, Марибор..

fkvardar-vardarfans

Веќе се познати и тест дуелите кои Вардар ќе ги одигра на летните подготовки во Австрија и најновата информација Хрватска, а не Словенија, како што беше до минатата година. Од клубот јавуваат дека нашите момци со целиот стручен стаб в понеделник ќе заминат во Австрија на вистински подготовки. Прво, вардарците во периодот од 13 до 23 јуни ќе престојуваат во ... Read More »

Вардар одработува по два тренинга на ден

fkvardar-vardarfans

Денеска е третиот ден откако стручниот штаб на шампионот означи старт на летните подготовки. Иако не комплетни, иако недостасуваат пет играчи во Вардаровиот ростер, сепак кондициониот тренер Костиќ напорно работи со играчите и ги спрема пред се на физички план, да се врати онаа стара форма од пред некој месец.  Вардарци работат по два тренинга на ден. Седлоски прозива рано ... Read More »

Генерација за паметење, младите надежи родени “2004“ година имаа незаборавна сезона

vardarfans-generacija-20041-660x330

Вардаровата генерација родени “2004“ година имаа сезона за незаборав, откако успеа да освојат прво и трето место во детската лига. Избраниците на Филип Арсовски се натпреваруваа со две екипи, кои завршија на првото место во своите групи во регуларниот дел од сезоната. Истите се најдоа и на завршниот турнир, каде направија голем успех. Несомнемо генерација за паметење, а малку недостауваше ... Read More »

Давид Голубов број еден стрелец кај Вардаровата генерација “2006“

vardarfans golubov najdobar strelec

Вардаровата генерација родени “2006“ година која ја предводи тренерот Игор Кралевски сезоната во детската лига ја заврши со 30 победи победи, 7 нерешени и само 3 порази, што е одлично достигнување за нашите млади надежи. Нападот беше ефикасен, каде постигнавме повеќе од 127 голови. Најдобриот стрелец кај оваа генерација во детската лига е Давид Голубов. Голубов е број еден најефикасен играч ... Read More »

Нова победа за фудбалската репрезентација до 16 години против Словачка

vardarfans reprezenatacija do 16 godini

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години продолжува да реди победи на контролните натпревари. Денес беше забележана нова втора победа во дуелите со репрезентацијата на Словачка. Да потетиме дека во вторник нашите малди надежи триумфираа на првиот одигран меч во Словачка со резултат 3:1. Денес ја потврдивме доминацијата против врсниците од Словачка и ја остваривме вкупно петтата победа на исто толку ... Read More »

Кадетите на ФК Вардар завршија на третото место во лигата и освоен сребрен медал од националниот куп

kadeti-23

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар завршија на третото место на табелата во својата категорија за сезоната која заврши. Освоивме вкупно 45 бодови, или 14 победи, 3 нерешени резултати и пет порази. Беа постигнати 39 голови и 17 примени. Добро го започнавме пролетниот дел од сезоната, каде остваривме победи во дерби натпреварите со екипите на Работнички, Шкупи и Шкендија. Да напоменеме ... Read More »

Кадетите подобри од пионерите, во меѓусебен контролен натпревар

vardarfans2-660x330

На теренот на академијата на фудбалскиот клуб Вардар меѓусебен пријателски натпревар одиграа пионерите и кадетите на ФК Вардар. Очекувано натпреварот им прпадна на повозрасните избраници на Влатко Колев, кој беше подобар од својот колега, Сашо Тодоровски на клупата на пионерите. Се играа две полувремиња по 30 минути. Конечниот резултат гласеше 4:0 во корист на кадетите. Имавме можност да гледаме еден ... Read More »

(Фото+Видео) Кој е Јон Адолфо Обрегон

fkvardar-obergon

Вардарци денеска ги стартуваа летните подготовки, а на нив се појави и ново име. Станува збор за 26 -годишниот играч од Колумбија Адолфо Обрегон. Обрегон е висок 1.80, настапува на позицијата напаѓач. Обрегон во својата кариера има настапи за голем број клубови низ светот. Најпрвин во сезоната 2011/12 настапувал за тимот на боливиски Ла Паз, каде што има одиграно 24 натпревари и ... Read More »

Стефан Младеновски и Петар Мицевски се најдобри стрелци кај генерација “2007“

vardarfans najdobri strelci

Најмладата Вардарова генерација која се натпреваруваше во детската лига, момчиња родени “2007“ година успеаа да станат шампиони на Македонија во својата возрасна категорија. Избраниците на Томче Трајановски во текот на целата сезона имаа забележано повеќе од 43 победи, натпреварувајќи се со две екипи во лигата. На крајот заслужено нашите млади надежи го подигнаа трофејот за освоеното прво место. Беа постигнувани ... Read More »

Вардар се раздели со: Таневски, Ивановски, Дашјан и Денковски

Вардарци денеска и официјално ги започнаа летните подготовки. На првиот тренинг денеска стручниот штаб заедно со тренерот Седлоски прозиваше. На првиот тренинг присустуваше новото име Адолфо Обрегон, додека пак ги немаше Хамбарџумјан, Фелипе, Николов, Велковски и Петковски. Овие играчи на тимот ќе му се приклучат в недела. Денеска Вардар потврди и четири заминувања. Се работи за: Златко Таневски (одбрана), Филип ... Read More »