Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Историја (page 13)

Историја

РК Вардар (формирање и успеси)

clip_image002

Ракометниот клуб Вардар е формиран во 1961 година со преминување на тогашниот ракометен клуб Графичар во редовите на спортското друштво Вардар. Веднаш по формирањето клубот успева да се пласира во II сојузна лига, и во натпреварувачката сезона 1961/62 година успеал да го освои 2 место. Најпосле, во натпреварувачката 1975/76 година клубот го освојува 1 место во II лига и се пласира ... Read More »

ФК Вардар 1947/48 – почетоци

11020954_868307633226496_1513652329_n

ФК Вардар е формиран далечната 1947 година(види документ), првата година фудбалерите на Вардар се натпреварувале во првата лига на Југославија. Најпрвин за влез во првата Сојузна Лига, вардарци играле двомеч со Слога, од Нови Сад.  Слога – Вардар 1:1 Вардар – Слога 2:1  Па така Вардар се пласирал во I лига. Во најсилната лига, и деби сезона, Вардар од 10 ... Read More »

Историја! Урош Петковски- легенда на ФК Вардар и скопскиот фудбал

12994478_1110019559039367_3430153130854686415_n

УРОШ ПЕТРОВСКИ – Роден во 1924 година, уште еден од легендите на Вардар од педесеттите години кога „црвено-црните“ со голем успех играа во прволигашкото друштво на поранешна Југославија. Урош Петровски, играч кој со својата бескомпромисна игра остави длабоки траги во Вардар, беше миленик на навивачите, фудбалер кој играше со повеќе генерации на нашиот најтрофеен клуб почнувајќи од голманите Цветковски и ... Read More »

Продолжение(10) Историја на АК Вардар- 30 Година од ОДРЖУВАЊЕТО НА УНИВЕРЗИЈАДАТА ВО ЗАГРЕБ`87..пишува: Проф.М.Бошковиќ

m55

 Денес  продолжуваме со ново продолжение од историјата на атлетскиот клуб Вардар.  На ред е десеттото  продолжение, Професорот Мирослав Бошковиќ во своите пензионерски денови неуморно не води низ историјата на Вардар. Авторот: Во периодот од 8 до 19 јули 1987 година, во Загреб беше одржана најголемата студентска спортска манифестација во светот, Летната универзијада 1987 година. На овој спортски настан зедоа учевство ... Read More »

Историја: Симоновски во периодот од 1950 до 1953 година забележа 75 настапи за тимот на Вардар на кои што постигна 25 погодоци

69821_522163171158345_1550612004_n

КИРИЛ СИМОНОВСКИ – На 19 октомври 1915 година, во Скопје е роден Кирил Симоновски еден од најголемите великани не само на фудбалскиот клуб Вардар туку и севкупно на целиот македонски фудбал во периодот за време како и по завршувањето на втората светска војна. Легендарниот Скопјанец во периодот од 1950 до 1953 година забележа 75 настапи за тимот на Вардар на ... Read More »

Вардар во 1949 година стана младински шампион на Југославија!

xaz

Вардар е нашиот најтрофеен фудбалски колектив, тој е формиран далечната 1947 година, својот прв трофеј во својата историја го освојува две години подоцна во 1949 година. Вардар таа година во која денешните конкуренти од првата фудбалска лига воопшто не постоеле или играле во многу ниски лига се круниса за младински шампион на тогашната Ф.Н.Р. Југославија. Во воведните две години од ... Read More »

Историја: Тодоровски во два наврати беше и прв тренер на сениорската екипа

13507108_1160380267336629_636816706737132577_n

ЃОРЃИ ТОДОРОВСКИ-ЏОНИ – Десен бек, роден 1955 година во Белград. Во Вардар дојде во 1970 година и во “црвено-црниот” дрес има одиграно вкупно 200 натпревари, од кои 89 првенствени во прволигашка конкуренција во поранешна Југославија. Во два наврати беше и прв тренер на сениорската екипа во ситуација кога клубот се наоѓаше во големи финансиски проблеми. За Вардар постигнал вкупно 11 ... Read More »

На денешен ден во сезоната 1967/1968 година, Вардар го победи Каљари

kaljari

Како едно од најдобрите изданија во својата историја на меѓународна сцена Вардар го имаше во далечната 1968 година. “Црвено-црните” настапуваа во Митропа-купот или попознат како Централноевропски куп. Нашиот миленик Ф.К. Вардар успеа да стигне до полуфиналето таа година. Вардарци на патот до овој пласман го минаа италијанскиот претставник во купот, силниот тим на Каљари. Италјанскиот калчолигаш беше предводен од легендата Џиџи Рива, ... Read More »

Низ осумте прекрасни сезони минати во дресот на Вардар, Савевски одигра повеќе од 250 натпревари за најдобриот македонски фудбалски клуб

1919466_1038437639530893_5076805180269230971_n

ТОНИ САВЕВСКИ – Роден е на 14 јуни 1963 година во Битола, еден од најдобрите играчи за врска кои некогаш го носеле дресот на Вардар. За „црвено-црните“ од Скопје, Савевски дебитира во сезоната 1980/1981 и останува во клубот се до 1988 година. Најголемиот успех го постигнува во натпреварувачката 1986/1987 кога вардарци завршуваат на врвот на табелата во југословенскиот фудбалски шампионат. ... Read More »

Историја: Во дресот на најуспешниот македонски фудбалски колектив, легендарниот голман настапува во периодот од 1950 до 1964 година при што има одиграно вкупно 239 натпревари

15940746_1398188683555785_4768826954406255162_n

ТОДЕ ГЕОРГИЕВСКИ – Роден во далечната 1935 година, беше човекот меѓу стативите на финалниот натпревар од југословенскиот куп во сезоната 1960/1961 кога со победата од 2:1 над Вартекс од Вараждин, Вардар го освои маршаловиот трофеј.Во дресот на најуспешниот македонски фудбалски колектив, легендарниот голман настапува во периодот од 1950 до 1964 година при што има одиграно вкупно 239 (130 првенствени) натпревари ... Read More »