Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови (page 148)

Останати спортови

(ФОТО) Вардар, најдобриот младински клуб стана дел од „градската приказна“

y

По брендирањето на два автобуси, Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП)  кој е партнер на КК Вардар отиде чекор понатака. Тие брендираа автобуска постројка со мотиви од младинската кошаркарска екипа на Вардар, школа која е број еден за создавање млади кошаркари во земјава. Со ова најдобриот младински клуб стана дел од „градската приказна“. Read More »

Кадетките ќе разигруваат за пласман од 17.позиција

51353820190820

Нашата женска кадетска репрезентација изминатите неколку дена учествува на Европското првенство за кошаркарки до 16 години, дивизија Б кое се одигрува во бугарската престолнина, Софија. Избраничките на Виолета Здравковиќ одиграа четири натпревари во рамки на групната фаза и не успеаја да запишат ниту еден триумф. Како последни во групата Д, нашите кошаркарки ќе разигруваат за пласман од 17. до 22. ... Read More »

Атлетика! Димитровски ќе има настап во Загреб на 8.септември

33-2

Во недела,  на 8.ми  септември со почеток во 17-30 часот ќе се одржи трка во Загреб, Хрватска. Истата е во организација на УНИЦЕФ-Хрватска, трката е од хуманитарен карактер стрествата собрани од котизација ќе бидат наменски искористени за родилиштата во Хрватска. На истата Вардар ќе има свој преставник, станува збор за младиот атлетичар Игор Димитровски. Нашиот атлетичат е привремено ангажиран со ... Read More »

Вардарецот, Оровчанец на списокот за македонската селекција М15

45545920190620

Репрезентацијата мажи до 15 години која е вклучена во двегодишниот проект на ФИБА за млади таленти “Заедно до 16“, ќе продолжи со тренинзи кои ќе се одржат во Скопје. СРЦ КАЛЕ – голема сала, во период од 21 до 30 Август 2019 година. Првиот тренинг е закажан за ден 21 Август 2019 во 14:00 часот во СРЦ КАЛЕ – Голема ... Read More »

Куглање: Среќен роденден Гиевски Влатко

gievski-660x330

Денес свој роденден прославува, Влатко Гиевски членот на кугларскиот клуб Вардар. Тој на црвено-црниот кугларски колектив се придружи пред две година. Славеникот на кој му го честитаме роденденот и оваа сезона ќе биде дел од Вардар, му посакуваме здравје и успех  во новите предизвици со нашиот тим. Среќен роденден Влатко! Read More »

Распоред за мечевите на Македонија М14 во Словенија, дел од селекцијата се и вардаровите кошаркари Величковски и Ивановски

51581220190819

Лето полно со активности имаа кошаркарите кои се дел од националната селекција до 14 години. Селекторот Дарко Димитријевиќ во својот план и програма за работа предвиде неколку селективни тренинзи во главниот град, како и редовни тренинзи на кошаркарите родени 2005 и помлади. Сите активности водат кон настап на меѓународниот турнир, пандан на Европско првенство, кој традиционално се одржува во Словењ ... Read More »

Куглање: Вардар ќе ја преставува Македонија во “Европскиот Куп“

kugla

Kугларскиот клуб „Вардар“  изминатата сезона ја заврши на “бронзената“ позиција во Македонската кугларска лига и во Купот на Република Македонија во куглање. Со тоа обезбедувајќи си пласман во Европа. Момците на Драги Димитровски ќе ја преставуваат Македонија во “Европскиот Куп“. Шампион во истото натпреварување од лани е тимот на Мертојак од Хрватска, екипа во која настапува претседателот на Вардар, Димитар Димитровски. ... Read More »

ЕП: Македонија заврши на 12.позиција по поразот од Израел, вардарецот Петров двоцифрен

makedonija-2

Трет натпревар на младинските Европски првенства ова лето и трет пораз од селекции на земјата со долга и успешна кошаркарска традиција. Македонската кадетска репрезентација го освои 12-тото место на шампионатот во Удине, по уште еден неуспех во дуелите со Израел. Загубивме со 83:72, но овој пораз помалку боли од оној во групната фаза, по три продолженија и по водство од ... Read More »

Куглање: Вардар повторно го собира ЕХ ЈУ „кремот“ на Интернационалниот турнир “8-ми септември“

62146225_2701551613206288_1193524025184223232_n

Вардар повторно го донесува најдоброто од ЕХ ЈУ просторите на силен кугларски турнир. Учесници од пет поранешни републики ќе ги одмерат силите во Скопје. Турнирот, трет по ред ќе се игра на 7.септември во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар. Bo изминатите две години  Вардар беше   домаќин на најсилните екипи од ЕХ Ју просторите во рамки на  првиот и вториот вардаров Интернационален ... Read More »

Првпат Јапонец ќе настапува во македонската одбојка, Вардар се засили со Сун Ватанабе

00000

Прв пат, односно историски во  македонската одбојка еден тим донесува Јапонецот. Во ОК Вардар првпат ќе дебитира играч од оваа далеку источна земја, станува збор за  Сун Ватанабе (25години,193цм, 89кг). Јапонецот е    организатор на играта, тој доаѓа на едногодишна позајмица од редовите на Јеитекуто Стинкс, клуб кој настапува во јапонската Премиер лига. Ова е важно засилување за  „црвено-црниот“ тим, кој ... Read More »