По неуспехот во дуелот со Баскет Кам тимот на ЖКК Вардар го очекува нов предизвик. Вардарки ќе го играат својот осми дуел оваа сезона, досега имаат 6.победи на првите 7.меча сезонава. Ние гостуваме кај тимот на Пробаскет од Кавадарци. Ние кај кавадарчанки играме утре, сабота, 13.март. Овој дуел кој ќе се игра во салата „Партизан“ во Кавадарци е закажан со почеток во ... Read More »
Останати спортови
Куглање: Јанковиќ „сребрен“ во топ-6, дури 4 вардарци во тимот на колото
Викендов во кугланата „Мусандра“ во ГТЦ во дербито Вардар(А) се сретна со тимот на КК ГТЦ Мусандра. Голема и убедлива победа оствари црвено-црниот тим над директниот ривал за првите 3 места во МКЛ и актуелен вицешампион, ГТЦ Мусандра, во 4-тото коло на МКЛ. Победата дојде со високи 7-1. Одличната игра на црвено-црните кои дојдоа до 3302 „соборени дрва“ се рефлектираше и на топ-6 изборот ... Read More »
Дамите на Вардар со „лекција“ во одбојкарското дерби за ЈВ Кисел Вода
Во понеделникот, се играше дуел од 7.коло (2.фаза) од женската одбојкарска лига. Во СЦ “Борис Трајковски“- Скопје (мала сала) екипата на ЖОК Вардар го пречека тимот на ОК Јанта Волеј-Кисела Вода. Станува збор за дерби напревар, помеѓу нас како лидери на табелата и тимот на позицијата зад нас. Вардарки дојдоа до максимална победа, покажаа дека се супериорен противник. Тие ова дерби го добија со резултат ... Read More »
Петре Завировски, АК Вардар ретроспектива на настапи…пишува проф. Бошковиќ
Пензионерските денови професорот Мирослав Бошковиќ ги користи за да ни долови епизоди од долгата историја на АК Вардар. Во новото четиво тој пишува за актуелен член на црвено-црниот тим: Во 2010 година, во редовите на АК “Вардар”, покрај Марко Ивановски, се приклучи уште еден атлетичар, кој ќе остане лојален до денес да ги брани боите на клубот, Петре Завировски. Од ... Read More »
Вардар (А) во кугларското дерби подобар од ГТЦ
Вчера во кугланата „Мусандра“ во ГТЦ во дербито Вардар(А) се сретна со тимот на КК ГТЦ Мусандра. Голема и убедлива победа оствари црвено-црниот тим над директниот ривал за првите 3 места во МКЛ и актуелен вицешампион ГТЦ Мусандра во 4-тото коло на МКЛ. КК Вардар 2014 А го совлада ГТЦ Мусандра со резултат 7:1, ние имавме 18:6 во сетови. Вардарци ... Read More »
Среќен роденден Марко Ивановски
Денес својот 34.роденден го прославува еден од атлетичарите на црвено-црниот тим со најдолг стаж, Марко Ивановски. Тој е дел од АК Вардар од својата 14.година, поточно од веќе далечната 2001 година, каде настапува со успех. Целата атлетска кариера ја посвети на вардаровиот тим. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАРКО! Read More »
Дербито, ЖОК Вардар-Ј.Волеј со пренос на МТВ од 18 часот
Денес се игра дуел 7.коло (2.фаза) од женската одбојкарска лига. Во СЦ “Борис Трајковски“- Скопје (мала сала) екипата на ЖОК Вардар го пречекува тимот на ОК Јанта Волеј-Кисела Вода. Станува збор за дерби напревар, во моментот црвено-црните дами се лидери со 33.бода на табелата, денешниот ривал е на втората позиција со 31.бод освоен од 12.рунди колку што имаме и ние одиграни. ... Read More »
Вардар М16 го доби дербито во гости кај МЗТ
Конечно по една година пауза поради пандемијата со Ковид-19 овој викенд започна младинската кошаркарска лига за играчи со 16.години. Во првото коло од оваа сезона во дербито црвено-црниот тим М16 гостуваше во Јане Сандански кај екипата на МЗТ Скопје. Гостинскиот терен не беше проблем за избраниците на Александар Асаданов и Влатко Неделковски да покажат брза и модерна кошарка. Ние доминиравме ... Read More »
Конечно започнува лигата М16, КК Вардар на гости кај МЗТ
Овој викенд започнува лигата за кошаркари до 16 години по речиси една година прекин со активности во истата поради глобалната пандемија со Ковид-19 вирусот. КК Вардар М16 ќе игра во првата лига, во оваа генерација има прва и две втори лиги. Прв предизвик за младите црвено-црни кошаркарски надежи е гостувањето кај тимот на МЗТ Скопје Аеродром. Дуелот е за кажан ... Read More »
Вардар гостува кај Баскет Кам по 7/7
Досега девојките на Жаклина Стојановска остварија шест победи на шесте дуели од сезоната 2020/2021. Со 12.бода сме лидери на табелата во групата “Исток“ од Првата кошаркарска женска лига. Пред нас викендов е нов предизвик. Црвено-црните дами гостуваат кај екипата на KK Баскет Кам во Македонска Каменица. Дуелот кој ќе се игра во недела (7.март) во салата „Кирил и Методиј“ со ... Read More »