Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар (page 417)

РК Вардар

Кадетите на РК Вардар со храбра игра го совладаа младинскиот тим на РК Работнички, победа на првиот меч во 2019

51325106_2084580044989866_4699366547414581248_n

Денес во С.Ц “Јане Сандански“ во рамки на првото пролетно коло од младинската лига екипата на Вардар предводена од Будимир и Станковски во тежок меч против далеку повозрасниот младински тим на Работнички дојде до победа. Кадетите на црвено-црните триумфираа со резултат 32-30. Дуелот започна со предност на гостите, тие во почетните минути имаа водство најпрвин со 0-1, а потоа поведоа ... Read More »

Металург 2 го доби младинското ракометно дерби против Вардар Јуниор

vardarans-mladinci

Младинците на Вардар Јуниор со пораз го стартуваа пролетниот дел од младинската ракометна лига, откако денес во спортската сала во населбата Автокоманда беа поразени во дербито од екипата на Металург 2. Во првите пет минути гледавме игра гол за гол, до моментот кога црвено-црните постигнаа три последователни голови и поведоа за прв пат на мечот со два гола разлика (4:6). ... Read More »

Вардар и Рајн-Некар во трка со времето, неизвесни настапите на неколку играчи во двата состава

43201709_10157438143915348_2939833297963843584_n

Во среда продолжуваат натпреварите во Лигата на Шампионите за екипата на РК Вардар. Токму мечот помеѓу Рајн-Некар и Вардар ќе ја отвори 2019 година во најголемото натпреварување. Во пресрет на овој многу важен дуел за конечниот пласман на табелата и освојувањето на второто место и двете екипи се соочуваат со проблеми поради повредени играчи. Пикерот во редовите на Рајн-Некар, Јеспер ... Read More »

Тежок февруари за вардарци, три меча во ЛШ и еден во СЕХА-лигата

47114220_10157596453045348_2537814240115294208_n

Месец февруари ќе биде “пеколен„ за ракометарите на Вардар, кои ќе одиграат три тешки дуели во Лигата на Шампионите и еден во СЕХА-лигата. Веќе во среда ќе го одиграме првиот меч за оваа година во најголемото ракометно натпреварување, каде гостуваме во Манхајм на екипата на Рајн-Некар. Само десет дена подоцна не очекува уште еден меч во Лигата на Шампионите, кој ... Read More »

Стоилов победи во анкетата на ЕХФ, вардаровиот пикер е најдобар капитен во ЛШ

45992163_10157539530290348_4444812644758585344_n

Играчот на Вардар, Стојанче Стоилов учествуваше во анкетата на ЕХФ, за најдобар капитен во Лигата на Шампионите. Вардаровиот пикер за противник го имаше Виктор Томас од екипата на Барселона. Стоилов доби повеќе гласови во анкетата од играчот на Барселона и е прогласен за најдобар капитен во Европа. Read More »

Завршниот турнир на најдобрите четири екипи во СЕХА ќе се одигра во Хрватска

44126859_10157467684500348_8074040892979150848_n

Оваа сезона завршниот турнир во СЕХА лигата е предвидено да се одигра во Хрватска, во градот Осијек. Кон крајот на април се очекува најдобрите четири екипи од регуларниот дел на сезоната да се борат за трофејот во ова натпреварување. Веќе се наѕираат три екипи кои најверојатно ќе се најдат на Ф4, тоа се нашиот Вардар, потоа екипата на ППД Загреб, ... Read More »

Недановски: Војводина не изненади – Николиќ: Вардар ги искористи нашите лоши пет минути

51454203_979136632292609_6619271689559605248_n

Вардар со победа ја стартуваше новата година, откако успеа да слави на гостувањето кај екипата на Војводина, во рамките на меч од СЕХА-лигата. Иако настапивме некомплетни без неколку главни играчи, сепак на крајот стигнавме до бодовите. Ова беше 12.триумф во СЕХА-лигата и уште една победа ни недостасува за и теоретски да обезбедиме пласман на завршниот турнир. После завршување на мечот ... Read More »

Продажбата за дуелот со Веспрем оди добро, достапни уште нешто над 1000 билети

zamena-na-sezonskite-vleznici-za-bileti-za-chetvrt-finalnite-mechevi-od-lsh-15837

Покрај за натпреварот од ЛШ против Веспрем, од средата во продажба се пуштени и билетите за натпреварите од СЕХА лигата, со ППД Загреб и со Мешков и за последниот меч од ЛШ против Монпелје Со цел навивачите навреме да си обезбедат билет за следните натпревари на Вардар на домашен терен, во Лигата на шампионите и во СЕХА газпром лигата од  ... Read More »

Вардар е комплетен, Карачиќ пристигна во Скопје

47360964_10157596452980348_5279526688194035712_n

Игор Карачиќ од утре се приклучува на тренинзите на Вардар и ќе се стави на располагање на тренерот Парондо, за претстојниот натпревар од Лигата на Шампионите, против екипата на Рајн-Некар. Карачиќ последен ќе се приклучи на црвено-црните, со оглед дека најмногу се задржа на Светското првенство, на кое Хрватска го освои шесттото место. Карачиќ пристигна во Скопје заедно со екипата ... Read More »

По само една полусезона на голот на Вардар, Јубилеј за Милосављев, 100 одбрани во СЕХА-лигата

vardarfans-milosavljev

По само една полусезона на голот на Вардар, Дејан Милосављев успеа да запише “јубилеј„ во СЕХА-лигата. Голманот на Вардар ја надмина бројката од 100 одбрани во ова натпреварување. На вчерашниот меч на кој Вардар славеше против Војводина, Милосављев беше еден од подобрите поединци, завршувајќи го натпреварот со 11 успешни одбрани. Дури на седум натпревари оваа сезона, популарниот “Банда„ имаше двоцифрен ... Read More »