Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар (page 551)

РК Вардар

Вукиќ: Секогаш е чест да се дојде во Скопје и да се игра пред вардаровите навивачи, кои важат за едни од најдобрите во Европа

vardarfans-vukic

Екипата на Брест Мешков е противникот на Вардар во полуфиналето на СЕХА-лигата. Завршниот турнир на најдобрите четири тимови ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански, а во другото полуфинале се среќаваат екипите на ППД Загреб и Целје П.Л. Црвено-црните атакуваат на својот четврти трофеј во ова натпреварување, а првата пречка кон остварување на целта ќе биде токму шампионот на Белорусија. ... Read More »

Бебешко: Играме против еден од најсилните тимови во Европа

vardarfans-bebesko

Денес се одржа прес-конференција по повод завршниот турнир во СЕХА-лигата, кој на програмата е од 13-15-ти април во С.Ц. Јане Сандански. Во првото полуфинале, утре со почеток од 17:45 часот се среќаваат екипите на Вардар и Брест Мешков. Своите очекувања за утрешниот дуел со актуелниот шампион во ова натпреварување, ги сподели тренерот на Брест Мешков, Сергеј Бебешко кој истакна дека ... Read More »

Стоилов: Играме секоја година со нив, така што познат ни е противникот

rkvardar-stoilov-ls

На денешната прес-конференција покрај тренерот на Вардар, Раул Гонзалез, вообичаено присуствуваше и капитенот на екипата, Стојанче Стоилов. Kружниот напаѓач на Вардар истакна дека пред се е горд што овој завршен турнир ќе се одигра во Скопје, пред скопската публика, исто така Стоилов додаде дека е подготвен за натпревар иако има мала повреда. “Играме против  тим кој многу го почитуваме. Имаат одличен тим и ... Read More »

Потеко: Ќе се обидеме да ги изненадиме

dassdasasa

Словенечкиот интернационалец Вид Потеко, на денешната прес-конференција на Мешков Брест, изјави дека неговиот тим ќе се обиде со сите сили да го изненади тимот на Вардар и да се пласира во големото финале. Исто така тој додаде дека ќе играат против тим кој е меѓу најдобрите во Европа. “Доаѓа мечот со Вардар утре, ќе се обидеме да ги изненадиме. Знаеме дека ривалот Вардар ... Read More »

Гонзалез: Многу ми е драго што овој турнир се игра во нашата сала

vardarfans-gonzalez

Денеска во Скопје преку прес-конференција е најавен завршниот турнир во регионалната СЕХА – лига. Вардар и на овој завршен турнир важи за апсолутен фаворит за освојување на нова титула. Тренерот на Вардарци, Раул Гонзалез пред утрешниот дуел изјави: “Многу ми е драго што овој турнир се игра во нашата сала во Скопје и пред нашите навивачи. Пред овој турнир сите нас нè прогласија за фаворити, ... Read More »

(ВИДЕО) Џамбо за Ф4 во СЕХА се “подготвува“ со бутање на раце

00000

Веќе се одвиваат финалните и последни подготовки за завршниот Ф4 турнир во регионалната СЕХА Гаспром лига кој ќе се одржи од 13ти до 15ти април во главниот град на Македонија, Скопје. Нашиот спортски центар “Јане Сандански“ ќе биде домаќин на седмиот завршен турнир во оваа регионално натпреварување. Вардар ќе ја брани титулата, покрај нас на истата ќе атакуваат тимовите на ... Read More »

(ФОТО) Вардаровите ракометари се дружеа со фановите во Сити мол

fb_img_1523466994446

Денес се одржа дружење со вардарци и СЕХА лига пред почетокот на Ф4 турнирот кој се игра ид 13.април до 15.април во С.Ц “Јане Сандански”- Скопје. Вардаровите играчи  во City Mall од 16 до 18-00 часот се дружеа, сликаа и делеа  награди на фановите. Read More »

МТВ ќе врши преноси од дуелите на СЕХА Ф4 турнирот

29340413_1226128474156557_1420034753593055352_n

Од петок, 13 април до 15.април, недела спортскиот центар “Јане Сандански“ – Скопје ќе биде домаќин на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во регионалната СЕХА Гаспром лига. Вардар е домаќин на овој седми турнир во регионалното натпреварување, и ќе се обиде да ја одбрани ланската титула освоена во големото финале противн силниот тим на Веспрем. Покрај вардарци на овој ... Read More »

Познати ривалите на Вардар за завршниот Ф4 турнир во пионерската лига, момците на Будимир атакуваат на шампионската круна

ui

Во четирите групи во пионерска машка ракометна конкуренција на коло до крајот се познати учесниците на завршниот турнир кој ќе го даде шампионот на Македонија во пионерска конкуренција. До крајот има за одигрување едно коло овој викенд, но веќе се извесни противниците на Вардар на финалниот турнир. Во нашата група ние завршивме со 100% ефект, момците на Адријана Будимир одиграа ... Read More »

(ВИДЕО) Шишкарев и Марсениќ заиграа на македонски ора со „Танец“

foto

Во домот на црвено-црните, Спортскиот центар  „Јане Сандански“ се во тек  завршните подготовки за Ф4 турнирот од регионалната СЕХА лигата. Вчера  проба имаше и Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, на  играорците им се приклучија и некои вардарови ракометари.  Двајцата ракометари на Вардар, Даниил  Шишкарев и Мијајло Марсениќ  им се приклучија на играорците од „Танец“ и се обидоа да ... Read More »