Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар (page 254)

ЖРК Вардар

(ВИДЕА) Пионерките на Вардар бурно го прославија “златото“

00

Во големото финале во женската пионерска лига  екипата на Вардар успеа да го освои трофејот. Избраничките на Ристова и Пецевска повеќе од заслужено стигнаа до првото место оваа сезона, триумфирајќи против Металург. Поопширно за мечот овде, а за нагдарените вардарки тука. Радоста беше голема по мечот тоа може да го видите во првото видео, во второто е моментот на доделување на ... Read More »

Андреа Седлоска е МВП на завршниот турнир во пионерската лига, Јована Трајкоска е најдобар голман

vardarfans-naslovna-2

Вечерва се одигра големото финале во женската пионерска лига, каде екипата на Вардар успеа да го освои трофејот. Избраничките на Ристова и Пецевска повеќе од заслужено стигнаа до првото место оваа сезона, откако во текот на целиот натпревар имаа водство против Металург, кое на моменти беше и осум голови разлика. На крајот резултатот гласеше 20:24. Во полуфиналето, нашите девојки беа ... Read More »

ПИОНЕРКИТЕ ЈА СПАСИЈА “ЧЕСТА“ НА ВАРДАР И ЈА ПРЕКИНАА ДОМИНАЦИЈАТА НА МЕТАЛУРГ ВО МЛАДИНСКИТЕ ЛИГИ

vardarfans-naslovna

Пионерките на ракометниот клуб Вардар се нови шампиони на Македонија, откако вечерва во големото финале ја совладаа екипата на Металург. Нашите девојки ги преминаа сите бариери, почнувајќи од тоа дека финалето се играше на теренот на противникот, во спортската сала во населбата Автокоманда, до тоа дека тие се единствената наша младинска екипа кои освоија трофеј оваа сезона во домашните лиги. ... Read More »

Браво! Пионерките на Вардар со победата над Куманово обезбедија финале попладнево во лигата

vardarfans-pionerki

Денес во салата “Автокоманда“ се игра завршниот турнир во женска пионерска конкуренција кој ќе го даде шампионот на Македонија. Во полуфиналето пионерките на Вардар триумфираа и се пласираа во финалето на Ф4 турнирот во првенството на Македонија. Нашите девојки предводени од Билјана Пецевска и Драгана Пецевска Ристова играа со екипата на Куманово. Црвено-црните  девојки пласманот во финалето го обезбедија со победа ... Read More »

Награди за вардарки! Ристовска прв стрелец, Лакрабер МВП во Купот на Македонија

vardarfans-nagradi

Девојките  на ЖРК Вардар очекувано триумфираа  во финалето на Купот на Македонија и дојдоа до петтиот пехар во ова натпреваруање. Нашите девојки победија со ЖРК Металург, со 46:19  во нивната сала Автокоманда и покажаа дека се суверен владетел на Македонскиот ракомет. По доделувањето на пехарот за Куп победникот  и преодниот пехар, беа доделени и индивидуалните награди. Признанието за  најдобар стрелец го доби ... Read More »

ЖРК Вардар го победи Металург и стигна до својот петти трофеј во купот на Македонија

vardarfans-finale

Екипата на ЖРК Вардар стигна до петтиот трофеј во купот на Македонија. Денес во спортската сала во населбата Автокоманда се одигра големото финале, помеѓу екипите на Вардар и Металург. Полесно од очекувањата, црвено-црните стигнаа до првиот трофеј за оваа сезона. Уште по првото полувреме имавме двоцифрена предност, кога на одмор се замина со резултат 10:21. Уште на стартот наметнавме силно ... Read More »

Ристовска постигна повеќе голови од цел тим на Гевгелија, Вардарки се загреваа за утрешното финале против Металург во купот

vardarfans-kup

Сосема очекувано екипата на ЖРК Вардар успеа да обезбеди финале во купот на Македонија. Денес во спортската сала во населбата Автокоманда започна завршниот турнир на најдобрите четири екипи во ова натпреварување. Вардарки полесно од очекувањата триумфираа во дуелот против Гевгелија, со голема разлика од 56:16. Самиот резултат говори за одразот на силите на теренот и квалитетот на двете екипи. Црвено-црните ... Read More »

Вардарки денес со мечот во 1/2-фин. од Купот против Гевгелија ја стартуваат одбраната на титулата

zrk

Заврши мини паузата за црвено-црните девојки  по одигрувањето на Ф-4 завршниот турнир во ЕХФ Лигата на Шампионите во Будимпешта. Тие денеска одпочуваат со играње на финалните натпревари во Купот на Република Македонија. Организатор на трите натпревари, два полуфинални и финалниот е Ракометната федерација на Македонија, па така РФМ одлучи истите да се  играат во салата во Автокоманда во Скопје. Денес ... Read More »

Ракометарката на Вардар, Сара Ристовска е номинирана за најдобро младо десно крило

vardarfans-ristovska

Сара Ристовска од редовите на Вардар е номинирана во изборот за најдобро десно крило, за млади ракометарки кои се родени 1995 година и помлади. Се номинирани вкупно 28 ракометарки, односно по четири на секоја позиција, а меѓу нив се најде и членот на Вардар, Сара Ристовска. Изборот го направија голем број на новинари од Норвешка, Данска, Шпанија, Франција, Словенија, Хрватска, Србија, ... Read More »

Борјана Коцева: “Јуниор“ лигата е огромен проект, кој ни помага да научиме нови работи и да се развиеме во подобри ракометари

vardarfans-borjana-koceva

Ново Лисиче кај генерацијата родени 2004/05 година е новиот освојувач на ракометната “Јуниор“ лига. Избраничките на Марија Аврамоска и Анжела Платон во големото финале ја совладаа екипата на РК Кале од Кичево, кој беше и актуелен освојувач на првата сезона на ова натпреварување, кај истава возрасна генерација. Минимално со еден гол разлика (13:12), Ново Лисиче успеа да слави во финалниот ... Read More »