Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар (page 7)

ЖРК Вардар

Пионерките на ЖРК Вардар со деби победа

FB_IMG_1697987633302

Со победа започна сезоната за нашите пионерки кои денес славеа на домашен терен на натпревар против екипата на Астибо. Натпреварот кој се одигра во спортската сала „Круме Кепески“ заврши во наша корист со резултат 31:11 (14:8). Избраничките на Новеска и Атанасова имаа контрола на играта и резултатот во текот на сите 40.минути. Уште на стартот поведовме со 3:1, а последен ... Read More »

Вардарки не видоа мака со ЖРК Шампион, четврти триумф во серија за девојките на Царчев и Платон

394039193_1026208058459025_7966836532252333092_n

Четврта победа во серија за тимот на ЖРК Вардар, кој попладнево во спортската сала „Круме Кепески“ беше подобра од тимот на Шампион, на натпревар од 5.коло во Супер Лигата. Конечниот резултат гласеше 45-20 (23-10). Натпреварот го отворивме со погодок на Бојана Коцева, на почетокот веднаш влеговме во серија ги затворивме приодите кон голот на Илиќ и со погодокот на Борјана ... Read More »

Кадетките на ЖРК Вардар со висока победа на стартот од сезоната

394150432_1026111225135375_1966610794075461661_n (1)

Кадетките на ЖРК Вардар имаа убедлив старт на новата натпреварувачка сезона во кадетската Супер Лига. Денес во спортската сала „Круме Кепески“ нашите кадетки предводени од Платон и Папуџиева стигнаа до висока победа во соочувањето со екипата на Делчево. Конечните резултат после 60.минути игра гласеше 41:22 (23:9). Одлично го започнавме натпреварот и со серија од четири погодоци поведовме со 4:0, откако ... Read More »

Младинските екипи на ЖРК Вардар со први натпревари сезонава

FB_IMG_1697784337512

Младинските екипи на ЖРК Вардар, претстојниов викенд ќе ги одиграат првите натпревари сезонава. Пионерките кои се предводени од Даниела Новеска и Ружица Атанасова, во недела (22.10) во спортската сала „Круме Кепески“ се домаќини на екипата на Астибо. Натпреварот ќе стартува во терминот од 14:30 часот. Во сабота (21.10), кадетките под водство на Анжела Платон и Марија Папуџиева, се домаќини на ... Read More »

ЖРК Вардар врза три победи во низа, победа и во Гевгелија

FB_IMG_1696683969054

Во рамки на 4.коло гостуваме во Гевгелија кај истоимената екипа и ја совладавме со убедливи 16-37. Отворивме со фуриозен старт, ги затворивме приодите кон голот на Ѓорѓиевска па поведовме со убедливи 0-7. При резултат 5-15 дојдовме до двоцифрена предност, која остана до крајот на дуелот. На одмор заминавме со 8-18, за нас. Во вториот дел Царчев даде прилика на целата ... Read More »

(СТРИМ) ЖРК Гевгелија – ЖРК Вардар

385699161_1014833172929847_5799995625483062701_n

Денес со почеток од 12:00 часот во спортската сала 26-ти април, ЖРК Вардар ќе гостува кај екипата на Гевгелија, на натпревар од 4.коло во женската ракометна Супер лига. Стрим од натреварот можете да проследите на линкот, ТУКА. Read More »

Гостување за ЖРК Вардар во Гевгелија

384341967_1014833642929800_5809253418438864731_n

Во рамките на 4.коло во женската ракометна Супер лига, вардарки гостуваат кај екипата на Гевгелија. Натпреварот ќе се одигра утре со почеток од 12:00 часот во салата 26-ти април. Рубин Седлоски и Горан Ангелески и двајцата од Прилеп ќе го судат натпреварот, додека делегат ќе биде Илија Цветковски, исто така од Прилеп. Вардар има скор од две победи и еден ... Read More »

Борјана Коцева е единствената вардарка која ќе го носи дресот на Македонија, за претстојните квалификациски натпревари

385722281_1014831076263390_2396892723753581255_n

Борјана Коцева од ЖРК Вардар се најде на скратениот список на селекторот на сениорската ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски, за собир и настап на претстојните натпревари во рамки на Women’s EHF EURO 2024 Qualifiers. Женската сениорска репрезентација на Македонија во квалификаиите е дел од групата 5 заедно со репрезентациите на Шпанија, Азербејџан и Литванија. На претстојната ЕХФ недела (09.10 – 15.10.2023) ... Read More »