Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прв тим (page 125)

Прв тим

Денес вардарки на мегдан со Будуќност

hjdsahkasdkjsakj-660x330

Пеколно темпо овие три дена имаат избраничките на Ирина Дибирова, тие изминатите два дена одиграа два меча, а денес на програмата е трет дуел за одигрување. Во претходните два натпревара кои се одиграа во големата сала во Спортскиот центар “Јане Сандански“- Скопје забележавме две победи. Во дуел од регионалната лига завчера го совладавме тимот на Крим, а вчера во натпревар ... Read More »

Познати се деновите и саатниците, на одигрување на завршните турнири од ЛШ, во машкиот и женскиот дел

vardarfans-arena

Познати се деновите и термините на одигрување натпревари на завршниот турнир во Лигата на Шампионите, во машкиот и женскиот дел. Завршниот турнир во машкиот дел на најдобрите четири екипи кој последниве наназад години се одигрува во Келн и тоа во “Ланксес арената“, на програмата ќе биде на 26 и 27-ми мај. Вардар треба да ја помине и последната пречка пред ... Read More »

Вардар убедливо го доби “сестринскиот“ дуел со Вардар Јуниор, за 20-сета последователна победа во супер-лигата

vardarfans-sestrinski-duel

После вчерашната победа во регионалната лига против екипата на Крим, попладнево избраничките на Дибирова и Парондо одиграа меч во супер лигата, а противник им беше “сестринскиот“ тим на Вардар Јуниор. Очекувано Вардар славеше на овој дуел со реултат 48:19, и на тој начин стигна до својата 20-сета последователна победа. Младиот состав на Вардар Јуниор предводен од Симе Симовски на стартот ... Read More »

Нема одмор, вардарки денес против Вардар Јуниор во “сестринскиот дуел“ од домашната лига

vardarfans-pobeda-za-zrk-vardar-660x330

Вчера со седмата последователна победа за екипата на ЖРК Вардар, на мечевите од регионалната лига нашите девојки дојдоа до титулата во регионалното натпреварување. Тие вчера триумфираа во натпреварот со Крим, а утре играат дуел со тимот на ЖРК Будуќност. Сепак во паузата помеѓу вчерашниот и утрешниот дуел во регионалната лига денес ги очекува меч од домашната лига. Денес во  С.Ц. Јане ... Read More »

Вардарки се старо-нови шампионки во регионалната лига, по голема борба и незвесна завршница совладан е Крим

vardarfans-naslovna

Седма последователна победа за екипата на ЖРК Вардар, на мечевите од регионалната лига. Овие денови во С.Ц. Јане Сандански ќе се одигра четвртиот регионален турнир, по кој ќе биде познат шамионот на ова натпреварување, а нема веќе дилеми дека тоа повторно ќе биде Вардар, со оглед дека досега собра најмногу бодови. Сепак денешниот дуел не се одвиваше баш онака како ... Read More »

Полина Кузнецова најефикасна во редовите на Русија, која го доживеа вториот пораз во квалификациите за пласман на ЕП

vardarfans-kuznecova

Руската ракометна репрезентација за која настапува Полина Кузнецова, во текот на вчерашниот ден го одигра четвртото коло во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство во Франција. Русија го доживеаа вториот пораз во овие квалификации и тоа на гостувањето против репрезентацијата на Романија. Домаќинот подобро го отвори натпреварот кога поведе со резултат 3:1 и 5:2. Оваа разлика ја одржуваа ... Read More »

Вардар утре против Крим во меч од регионалната ВРХЛ лига

r8-660x330

Зад нас е  освојување на првото место во Главната фаза од лигата на шампионите и пласманот во четврт-финалето, неколкуте победи со огромна разлика во домашната лига на вардарки во овој месец. Следен  предизвик за Вардар е четвртиот турнир од регионалната ВРХЛ лига што ќе се одржи од утре во СЦ „Јане Сандански” Три дена, од утре,  27 до 29 март ... Read More »

Јована Саздовска ја предводеше Македонија до победа над Фарски Острови, уште три ракометарки на Вардар се запишаа во листата на стрелци

vardarfans-reprezentacija

Сениорската ракометна репрезентација на Македонија стигна до втората последователна победа во дуелите со Фарски Острови, откако вечерва на Кале избраничките на Симе Симовски славеа со резултат 28:24, во рамките на четвртото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во Франција. Заслужена победа на Македонија, ако се земе во предвид предноста во текот на целиот меч и контролата на реултатот. ... Read More »

Радичевиќ постигна 11 голови во триумфот на Црна Гора, минимален пораз на Лекиќ и Цвијиќ со Србија

vardarfans-srbija

Во текот на вчерашниот ден се одиграа ракометни натпревари во рамките на квалификациите, за пласман на ЕП во Франција. Активни беа ракометарките кои настапија за своите селекции. Србија за која настапија Лекиќ и Цвијиќ го загуби својот натпревар на ггостувањето во Шведска. Србија до средината на првото полувреме имаше предност до два гола разлика, која во 21 минута Шведска ја ... Read More »

Лакрабер постигна седум голови од исто толку обиди, во победата на Франција против Бразил на контролен натпревар, Лејно имаше четири одбрани за едно полувреме

vardarfans-lakraber

Ракометната репрезентација на Франција одигра контролен натпревар против селекцијата на Бразил. Во период кога останатите репрезентации играа квалификациски натпревари за ЕП, токму домаќинот Франција играше пријателски меч, на кој убедливо ја победи селекцијата на Бразил. Само на стартот од дуелот, Бразилките имаа предност кога поведоа со 0:2, за во следните шест минути, триколорите да постигнат три последователни голови и да ... Read More »