Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прв тим (page 131)

Прв тим

Цвијиќ: Ова беше само лош ден, оваа екипа може да оди многу далеку

vardarfans-cvijic

Вардарки го доживеа првиот пораз сезоната и тоа на денешното гостување во Франција, од екипата на Мец. Иако Вардар имаше предност од 18:20, дозволија Мец да се врати повторно во предност и тие во последните минути да влезат со два гола, кои ги задржаа до крајот, за конечен резултат од 24:22. Пикерот на Вардар, Цвијиќ истакна дека победникот бил решен ... Read More »

Рајчиќ со 18 одбрани му донесе победа на Мец и прв пораз на Вардар во ЛШ

vardarfans-zrk-vardar

Вардар прв пат сезонава е поразен во Лигата на Шампионите. Во неизвесен натпревар, екипата на Мец славеше на домашен терен со резултат  24:22. Во првото полувреме гледавме мал број на голови, што можеби и се очекуваше за еден ваков  натпревар. Двете екипи располагаат со најдобрите одбрани, па реално беше да гледаме цврста игра на двете страни. Откако Лекиќ го отвори ... Read More »

Дали вардарки ќе бидат првиот тим кои ќе го поразат Мец пред својата публика

vardarfans-najava

По една недела пауза продолжуваат натпреварите во женската лига на шампиони, каде на програмата е осмото коло. Вардарки гостуваат во Франција на екипата на Мец и ќе се обидат да стигнат до својата десетта последователна победа во најголемото натпреварување. Со триумф на денешното гостување, Вардар и теоретски ќе го обезбеди првото место во новоформираната група. Црвено-црните славеа на првиот меч ... Read More »

Познат составот на ЖРК Вардар, за дуелот со Мец

vardarfans-sostav

Денес со почеток од 15:00 часот, ЖРК Вардар гостува во Франција, на екипата на Мец. Вардар е единствениот тим кој се уште е без пораз во Лигата на Шампионите, додека Мец пак не знае за неуспех пред домашната публика. Од тука ни претстои да уживаме во еден квалитетен натпревар, а нашиот тренерски тандем веќе го објави составот на кој ќе ... Read More »

Пенезиќ и во наредната сезона ќе игра ракомет

vardarfans-penezic

Ракометарката на Вардар, Андреа Пенезиќ после заминувањето од клубот ќе продолжи да игра ракомет, барем на уште една сезона. Иако првичните најави беа дека ќе се пензионира на 33-годиншна возраст, сепак во последен момент се предомисли. Пенезиќ ја игра својата четврта сезона во дресот на Вардар и е најдобар стрелец на екипата во изминативе години. И моментално е најефикасна во ... Read More »

Полски судии на дуелот Мец – Вардар

lakraber-so-eden-od-pette-najubavi-golovi-na-koloto-12893

Бартош Лешчински и Марцин Пиечота од Полска се делегирани да ја делат правдата на неделниот дерби дуел на кој се среќаваат тимовите на Мец и Вардар. Вардар во Франција оди по нова победа и заверување на првата позиција во својата група и директен пласман во 1/4 финалето. Дуелот на овие две екипи се игра в недела од 15.00 часот. Read More »

Лекиќ и Лакрабер се во први пет најдобро платени ракометарки

vardarfans-zrk-vardar

Ракометарките на Вардар, Андреа Лекиќ и Александра Лакрабер се наоѓаат во ТОП-5 листата на најдобро платени играчи во женскиот ракомет. Нивната годишна плата во Вардар изнесува 205 илјади евра, што ги прави меѓу најдобро платените ракометарки. Местото број еден е за Кристина Неагу, која со преминот од Будуќност во ЦСМ Букурешт стана најплатен игра, односно нејзините годишни примања се 265.000 ... Read More »

Билетите за дуелот на ЖРК Вардар со Битигхајм од ЛШ во продажба по цена од 150ден.

task-photo-e7137a74-bbdb-4e4b-af4b-ef3613b897d5

Женскиот ракометен тим Вардар следниот натпревар против екипата на Битигхајм во Лигата на Шампионите на домашен терен ќе го одиграат на 02.03.2018 (петок) со почеток во 19:00 часот во својот храм С.Ц. Јане Сандански. Сите оние кои што сакаат да го проследат натпреварот и да им помогнат на црвено-црните да стигнат до нова победа можат да го купат својот билет на ... Read More »

Најава на 8 коло во женската ЛШ, Вардар со победа против Мец го осигурува првото место во групата

vardarfans-zrk-vardar

Претстојниов викенд ќе продолжат натпреварите од главната рунда во женската Лига на Шампиони. Остануваат да се одиграат уште три кола, по што ќе бидат познати и четврфиналните двојки. После ова коло можат да бидат појасни работите, околу конечниот изглед на табелата во групата 2, во која се натпреварува и Вардар. Во недела, вардарки гостуваат во Франција, на екипата на Мец ... Read More »

Лекиќ: Пред да заминам од Вардар, ќе направиме се за трофејот од ЛШ да го донесеме во Скопје

vardarfans-lekic

После пет години поминати во црвено-црниот дрес, Андреа Лекиќ од следната сезона се сели во Романија, во екипата на ЦСМ Букурешт. Андреа денес беше претставена од новиот клуб, со кој стави потпис на двегодишен договор. Со неа уште две актуелни ракометарки на Вардар, Цвијиќ и Радичевиќ, исто така потпишаа договор со шампионот на Романија. Сепак Лекиќ посакува пред да замине ... Read More »