Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим (page 18)

Втор тим

Во сабота почнуваат суперлигашките предизвици за РК Вардар јуниор и ЖРК Вардар СЦЈС

Ракометната Супер лига во престојниот викенд ќе го има своето отварање во двете конкуренции машка и женска. Првите тимови на РК Вардар и ЖРК Вардар нема да настапуваат во разигрувањето се до плеј-оф фазата, но затоа тука се двата млади сениорски колектива вторите тимови на црвено-црните во двете конкуренции кој стартуваат со мечеви. Машкиот тим РК Вардар Јуниор и тимот ... Read More »

Вардар СЦЈС ја отвара сезоната против Металург

vardarfans -1

Ждребот сакаше уште во првото коло нашите млади девојки да имаат силен предизвик. Според ждребот на 17/18 септември нашиот Вардар СЦЈС ќе и гостува на екипата на Металург во салата во населбата Автокоманда. Оваа сезона ќе играат осум екипи, а како што е добро познато, ЖРК Вардар ќе се приклучи на истата при самиот крај, односно во плеј – офот. Двојки за ... Read More »

Стефанија Мишевска: Атмосферата е на врвно ниво, екипата е сплотена како никогаш досега

Од денес женската екипа на Вардар СЦЈС продолжува со тренинзи во спортскиот центар Јане Сандански, откако изминатиов период беше на подготовки во Маврово. Избраничките на Симовски и Царчев напорно се подготвуваат за новата сезона и предизвиците кои следуваат. Екипата претрпе мали промени во играчкиот кадар. Заминаа само три играчи, додека новајлии се младинките Николовска, Георгиевска, Божиноска и Станикевска. Една од ... Read More »

(ВИДЕО) Вардар ТВ – Маја Трпковска и Марија Прленда

14088832_10207192032821345_1820044239_n

Освојување на вице-шампионската титула и што подолго останување во Купот Челинџ, е главната задача за екипата на Вардар СЦЈС. Нашиот втор тим тренираше  во Скопје по што замина за Маврово на базични подготовки. Екипата на вардаровиот црвено-црн магазин “Вардар ТВ“ сними изјави на две ракометарки на овој колектив: Маја Трпковска и Марија Прленда. Во продолжение погледнете го видеото. Read More »

(ФОТО) Започна новата “авантура“ за ЖРК Вардар СЦЈС

vardarfans -1

Вардар СЦЈС ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона. Екипата и во новата сезона ќе биде предводена од тренерскиот тандем Симовски-Царчев, чија цел е повторно вицешампионско место во најсилната супер лига, како и пласман во најдобрите четири екипи во Челинџ купот. Таму минатата сезона втората екипа на ЖРК Вардар стигна до четвртфиналето, каде беше поразена од екипата на Карпати од ... Read More »

Денес Вардар СЦЈС ги “пали моторите“

vardarfans-vardar-scjs-660x330

Денес  втор тим на женскиот црвено-црн ракометен колектив младиот состав на Вардар СЦЈС (Јуниор) и официјално ќе ги започне подготовките за новата натпреварувачка сезона 2016/2017.  Избраничките на Симовски се актуелен вицешампион на  Македонија, одкако лани успеаа да завршат зад првиот тим на црвено-црните предводен тогаш од тренерскиот двоец Индира Кастратовиќ-Дејвис Камара, што беше голем успех за овој млад клуб. Тие одлично ... Read More »

Ива Божиноска: Среќна сум што полека го остварувам мојот сон, преминувањето во Вардар јуниор за мене е голем успех со нови предизвици

vardarfans bozinoska

Екипата на ЖРК Вардар направи голем успех во изминатава сезона, успевајќи да стигне до второто место во супер лигата. Подмладувањето на Вардар Јуниор продолжува и понатаму. За следната натпреварувачка сезона нови членови на составот предводен од Симе Симовски ќе бидат Анастасија Николовска, Моника Георгиевска, Ива Божиноска и Ана Станикевска. Сите доаѓаат од младинскиот состав на црвено-црните, кои изминатава сезона беа ... Read More »

Пикерот Петровска од ЖРК Вардар Јуниор премина во Трир-Германија

1999

Младиот пикер кој оваа сезона настапуваше за ЖРК Вардар Јуниор (од сезонаа СЦЈС) Ангела Петровска е најнов играч  на германскиот женски ракометен Бундес вторологаш Трир. Младата Петковска лани настапуваше за тимот на помладите вардарки предводен од Симе Симовски, таа  одлучи својата кариерата годинава да ја продолжи во С.Р Германија. Македонката според информациите веќе  две недели  била дел од   летните подготовки на ... Read More »

Ана Станикевска: Тоа што оваа сезона ќе бидам дел од Вардар СЦЈС претставува нов предизвик и нова можност да напредувам

Екипата на ЖРК Вардар СЦЈС во новата натпреварувачка сезона ќе влезе подмладена за уште четири нови ракометарки, кои изминатава сезона настапуваа за младинките на ракометниот клуб Вардар. Една од нив е десното крило, Ана Станикевска која треба да внесе нова енергија во оваа екипа на Вардар. И оваа сезона екипата ќе ја гледаме во настапите од Челинџ купот, каде минатата ... Read More »

ЖРК Вардар СЦЈС на 15-ти август ги стартува подготовките за новата сезона

vardarfans vardar scjs

Вицешампионот на Македонија за изминатава сезона, екипата на ЖРК Вардар СЦЈС (Јуниор) првиот собир за новата натпреварувачка сезона ќе го има на 15-ти август. Екипата предводена од Симе Симовски и Александар Царчев ќе тренира три дена во Скопје, по што ќе замине на десетдневни подготовки во Маврово. Се очекува младиот состав на Вардар да учествува на неколку меѓународни турнири. Како ... Read More »