Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим (page 20)

Втор тим

Симона Стојановска: Ќе работиме уште понапорно за следната сезона и ќе се обидеме да постигнеме историски успех во ЕХФ купот

vardarfans simona stojanovska

Екипата на ЖРК Вардар Јуниор е најпријатното изненадување во сезоната која измина. Избраничките на Симе Симовски успеаа на крајот од сезоната во супер лигата да завршат на второто место, пред својот најголем конкурент екипата на Металург. Иако тимот од Автокоманда важеше за голем фаворит за тоа место кое води во ЕХФ купот, сепак младите Вардарки се надминаа себеси и на ... Read More »

Црна Гора ја победи Македонија, ракометарките на Вардар расположени за игра во двете репрезентации

vardarfans poraz ood crna gora

Во рамките на 5 коло од квалификациите за европското ракометно првенство, селекцијата на Црна Гора излезе како победник во дуелот со Македонската репрезентација. Овој меч се одигра на Кале, пред околу 550 љубители на ракометот. Конечниот резултат гласеше 21:27. Цело прво полувреме се играше доста израмнето, а нашата подмладена селекција пружаше силен отпор на една од најсилните репрезентации. По првото ... Read More »

ЖРК Вардар јуниор и официјално вицешампион на Македонија

Кратката историја на вториот женски црвено-црн колектив ЖРК Вардар јуниор од оваа сезона е побогата за уште неколку за нив историски подвизи. Најпрвин оваа сезона младите девојки предводени на клупата од одличниот стручњак и познавач на приликите во женскиот ракомет селекторот на Македонија Симе Симовски во европските ракометни купови остварија одличен резултат.  Тие стигна на “прагот“ од полуфиналето во Челинџ Купот. ... Read More »

Денес Вардар го пречекува Металург во последното коло, каде со триумф ќе му ја обезбедиме вицешампионска титула на Вардар Јуниор

vardarfans sostav zrk

Избраничките на Кастратовиќ и Камара уште пред почетокот на плеј-офот во женската ракометна конкуренција беа апсолутни фаворити за титулата. По одиграните седум кола веќе имаме максимални 21 бод што теоретски значи дека сме ја обезбедиле титулата досега. Во овие седум дуела постигнавме 315 гола или во просек 45 гола по меч што само ја покажува нашата доминација. Денес ќе го ... Read More »

ЖРК Вардар јуниор со победа над Куманово ја заврши оваа сезона

vardarfans-zrk-vardar-junior-so-osma-pobeda-660x330

Девојките на Симе Симовски го одиграа последниот натпревар сезонава. Во истиот се сретнаа со претпоследната екипа во плеј-офот  Куманово. Во мечот кој требаше да биде само формалност се намачивме и победивме со  25-20. Треба да се напомене дека  гостинките допатуваа  со само 10 ракометарки на овој последен дуел. По почетното водство мечот имаше тенденција на добиен дуел за црвено-црните, но ... Read More »

Осум Вардарки дел од сениорската ракометна репрезентација за натпреварите против Ц. Гора и Хрватска

vardarfans vardarki del od seniorska reprezentacija

Женската сениорска ракометна репрезентација ја очекуваат последните два квалификациски натпревари за ЕП во 2016 година. На 2-ри јуни во Скопје ќе ни гостува селекцијата на Црна Гора, додека три дена подоцна ( 5-ти јуни) ќе гостуваме во Ријека на репрезентацијата на Хратска. Веќе одамна ги загубивме шансите за висок пласман во оваа квалификациона група. “Подмладената“ сениорска репрезентација сеуште е без ... Read More »

ЖРК Вардар подобри од Јуниор во “сестринската“ пресметка

vardarfans pobeda za zrk vardar

Во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански се одигра натпревар од плејофот на женската супер лига, помеѓу “сестринските“ екипи на Вардар. Секако подобри беа поискусните и квалитетни ракометарки на ЖРК Вардар, кои ја забележаа петтата победа во најсилната супер лига. Конечниот резултат гласеше 43:20. ЖРК Вардар започна сигурно со водство од 3:0, а во првата половина на првиот дел ... Read More »

Денеска ќе се одигра “сестрински дуел“ помеѓу вардарки во плеј-офот

zrk2

Денеска свој меѓусебен дуел  во плеј-оф разигрувањето ќе имаат двата женски црвено-црни сениорски колектива. Формален домаќин е ЖРК Вардар на екипата предводена од Симе Симовски, Вардар јуниор. Мечот е закажан за денес со почеток во 16-00 часот,  истиот нормално ќе се одигра во спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје. Повоздрасните вардарки, избраничките на Кастатовиќ и Камара се апсолутен фаворит на ... Read More »

Наташа Нолевска: Сите “потајно“ верувавме дека можеме да завршиме на второто место и многу сме блиску да ја оствариме таа цел

vardarfans nolevska

Ракометарките на Вардар Јуниор направија голем исчекор кон освојување на второто место на табелата во најсилната супер лига. Избраничките на Симе Симовски беа подобри во дербито од екипата на Металург, триумф кој на крај најверојатно ќе им донесе настап во ЕХФ купот од следната натпреварувачка сезона. Најважниот меч оваа сезона во дуелите со тимот од автокоманда го добивме и со ... Read More »

Слатка одмазда за Металург, ЖРК Вардар Јуниор го надигра противникот во борбата за второто мсто

vardarfans golema pobeda

Младата екипа на ЖРК Вардар Јуниор се одмазди на најдобар можен начин за поразот од полуфиналето во купот на Македонија. Денес во спортскиот центар Јане Сандански избраничките нa Симе Симовски направија голем исчекор кон освојување на втората позиција на табелата во супер лигата на крајот од сезоната. во решавачкиот меч за второто место, младите Вардарки беа подобри од екипата на ... Read More »