Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Уште еден голем талент на Вардар заврши во нов клуб, Марко Ѓорѓиевски потпиша за тимот на Вождовац
Уште еден голем талент на Вардар заврши во нов клуб, Марко Ѓорѓиевски потпиша за тимот на Вождовац

Уште еден голем талент на Вардар заврши во нов клуб, Марко Ѓорѓиевски потпиша за тимот на Вождовац

Уште еден голем талент кој играл во младинските категории на Вардар, од вчера е нов член на екипата на Вождовац, во супер лигата на Србија.

Марко од 2003 година настапуваше во Вардар, каде постигнуваше рекорди зад неговото име. Две години по ред беше најдобар стрелец за пионерите на Вардар, додека во сезоната 2014/15, од фудбалската федерација на Македонија го доби признанието за најдобар млад стрелец во Македонија.

Иако имал понуди и од други клубови, Марко се реши да стави потпис на четиригодишен договор со екипата на Вождовац, додека минатата сезона ја помина во втората лига на Македонија, во екипата на Борец, каде постигна 16 голови на 12 натпревари.

Ние како медиум уште од порано го најавивме како нова фудбалска ѕвезда, која за жал не заврши во првиот тим на Вардар, но како медиум кој соработувал со него му посакуваме среќа во новиот клуб.

Само дел од нашите текстови, поврзани со Марко Ѓорѓиевски, во времето кога беше дел од Академијата на Вардар.

- Марко Ѓорѓиевски – големата надеж на ФК Вардар

- Ѓорѓиевски, Марковски, Димков, и Петковски ја одбележаа сезоната

- Импресивни бројки зад името на Марко Ѓорѓиевски

-Марко Ѓорѓиевски-новата фудбалска ѕвезда

-Марко Ѓорѓиевски втора последователна година најдобар стрелец за пионерите на Вардар

Марко е само еден од многумината кои биле дел од Вардар, а сега се во други екипи. Претходно такви се случаите со Дарко Чурлинов, Амар Колашинац, Ердон Даци, Филип Антовски, Тодор Тодороски и многу други.