Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 1150)

Author Archives: Звонко Ивановски

Марио Гичев: Првиот натпревар ќе биде можност да дадеме до знаење колку „тежи“ оваа сезона нашиот тим

vardarfans inrtervju so gicev

Во недела во малата сала во С.Ц. Јане Сандански, својот прв натпревар во новата сезона ќе го одиграат младинците на Вардар. Интересно е што ракометниот клуб Вардар во младинската лига ќе има две свои екипи. Едната е Вардар јуниор предводена од Зоран Петковски и другата е Вардар, чиј тренер ќе биде Слободан Чивлачки. Вардар јуниор летото се засили со неколку ... Read More »

Викендов нема првенствени натпревари во младинските фудбалски категории

Малку одмор и за Вардаровите фудбалски категории кои се натпреваруваат во првенството. Поради настапот на Македонската репрезентација до 19 години на квалификацискиот турнир во Скопје, викендов ќе нема лигашки мечеви кај младинските генерации. Овој турнир е во рамките за пласман во елитната фаза, од квалификациите за европското првенство. Нашата репрезентација го одигра првиот натпревар, на кој беа поразени од селекцијата ... Read More »

Македонија поразена од Ц. Гора, Петковска и Ристовска со забележителна улога

vardarfans devojke

Македонската сениорска репрезентација е поразена на стартот од квалификациите, за европското првенство кое во 2016 ќе се одигра во Шведска. Во градот Бар, домашната селекција на Ц. Гора беше поуспешна, забележувајќи победа со резултат 21:14. Црнагорките на стартот од натпреварот направија серија од 4:0, ние првиот погодок го постигнавме дури во 8 минута. Сепак во продолжение гледавме подобра игра на ... Read More »

Јована Величковска: Станав дел од една вистинска голема екипа, која секогаш се бори за победа и највисокото место

vardarfans intervju so jovana velickovska

Кадетките на Жрк Вардар во сабота ја започнуваат новата натпреварувачка сезона. Црвено-црните ќе настапуваат со две свои екипи во оваа конкуренција, како Вардар и Вардар јуниор. Предводник на оваа генерација, која минатата година се натпреваруваа како пионерки е добро познатата Анжела Платон. Екипата се засили со неколку ракометарки во претстојното лето, една од нив е и Јована Величковска, со која ... Read More »

Распоред на натпреварите, во првото коло на ракометните младински екипи на Вардар

1907928_800786519968196_7498067805272951472_n

Викендов и официјално ќе започне новата сезона во првенството на младинските ракометни категории на Рк Вардар и Жрк Вардар. Кадетките на Жрк Вардар во новата натпреварувачка сезона ќе учествуваат со две екипи. Тоа се Вардар и Вардар јуниор, кои ќе ги предводи Анжела Платон. Двете екипи своите мечеви од првото коло ќе ги играат во сабота, односно понеделник. -Жрк Вардар ... Read More »

Штербик има забележано 53 одбрани, на првите три натпревари во ЛШ

vardarfans sterbik 53 odbrani na prvite tri meca vo ls

Дека добар голман е половина екипа, најдобар доказ е Арпад Штербик. Оваа натпреварувачка сезона ја започна одлично на голот на нашиот ракометен шампион. Според статистиката која ја водевме, на првите три натпревари во лигата на шампионите има забележано вкупно 53 успешни интервенции. Тоа се во просек нешто повеќе од 17 одбрани на секој меч во ова натпреварување. Во првите две ... Read More »

(ВИДЕО) Головите на Вардаровите категории, во рамките на 7 коло

vardarfans mladinci

Три победи и еден пораз беше епилогот, после одигрување на седмото првенствено коло кај младинските категории. Противник ни беше екипата на Академија Пандев, од Струмица. -Со еден гол во мрежата на противникот, помладите пионери ја остварија шестата победа во лигата. Давид Астарџиев донесе три бода за својот тим. Оваа генерација се наоѓа на првото место на табелата со 19 освоени ... Read More »

Магдалена Серафимова: После враќањето во Вардар се чувствувам одлично и драго ми е што сум дел од овој тим

vardarfans serafimova

Викендов стартува новата сезона во женската младинска лига. Жрк Вардар, ракометарки родени 1996 ќе се натпреваруваат во оваа лига. Нивни тренер е Билјана Пецевска. Ова е всушност тимот, кој минатата сезона настапуваше како кадетки во првенството. Нова ракометарка е Магдалена Серафимова. Клубот го напуштија Марија Тошеска, Стефанија Фидановска, Анастасија Петровиќ и Гордана Давидкова. Подготовките беа одработени во Скопје и на Копаоник. ... Read More »

Вардар и Брест Мешков се единствените непоразени екипи во ЛШ

phoca_thumb_l_DD1_8056

Македонскиот и Белорускот ракометен шампион, се единствените две непоразени екипи во првите три кола на лигата на шампионите. Двата тима имаат стопроцентен учинок од три победи на стартот на новата сезона во ЛШ. Вардарци до сега беа поуспешни на гостински терен против Монпелје и Кристијанштад и во својата арена го победивме Пик Сегед. Вкупната гол разлика е 87 постинати и ... Read More »

Гласајте за Алем Тоскиќ, во изборот за најдобар играч на колото во ЛШ

vardarfans toskik vo idealen tim na ls

Нашиот играч, Алем Тоскиќ се најде во изборот за најдобар пикер на третото коло во лигата на Шампионите. Тој заедно со Дибиров беа најефикасни постигнувајќи по 7 голови. Постигнуваше голови во моменти кога противникот се приближуваше до нашата предност. Беа меѓу најзаслужните, заедно со Штербик за третата победа во групната фаза. Да гласаме за Тоскиќ и да му помогнеме да ... Read More »