Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 26)

Author Archives: Звонко Ивановски

Бронза за ФК Вардар генерација 2010 на силниот меѓународен турнир „Њу Старс Куп 2023“

376827121_284156351038125_3775104001851059464_n

Во изминативе три дена, генерацијата 2010 на ФК Вардар предводена од Зоки Тасески се натпреваруваше на силниот меѓународен турнир „Њу Старс Куп 2023“. Одличен успех за вардаровите надежи кои на крајот се закитија со бронзениот медал, во конкуренција на 12 екипи кои беа поделени во три групи. Вардар убедливо го освои првото место во групата со максимални три остварени победи. ... Read More »

Четворица вардарци имаа настап за Македонија У17 на првиот контролен меч против Косово

20230907195433

Македонија У17 и Косово одиграа без победник (1:1) на првиот од двата контролни натпревари на овие две млади репрезентации. Домашната репрезентација имаше минимална предност по првото полувреме, но избраниците на Дашмир Беари во вториот дел го израмнија резултатот. Четворица наши играчи забележаа настап на овој прв натпревар. Капитенот Лука Атанасовски и Емир Шаботиќ го одиграа цел натпревар, додека Милош Спасовски ... Read More »

Новата сезона во женската Супер Лига, ЖРК Вардар ја отвара против Чаир

375199282_1001937220886109_1503662686556650695_n

Денес во просториите на РФМ, беше извлечена ждрепката за натпреварите во женската ракометна Супер лига. Во новата натпреварувачка сезона ќе се натпреваруваат вкупно 14 екипи, а ќе се одиграат 26.кола. Ждрепката сакаше сезоната да ја отвориме на домашен терен против екипата на Чаир, натпревар кој ќе се одигра на 16/17.септември. Двојки за првото коло во женската Супер лига: Вардар – ... Read More »

Генерацијата 2008 на ФК Вардар ќе одигра пријателски натпревар со Црвена Ѕвезда

375212291_282304027890024_6094127142861954330_n

Претстојниов викенд нема да има натпревар во фудбалската Супер Лига, поради настапи на младите репрезентации. Генерацијата 2008 предводена од Влатко Колев ќе патува за Белград, каде во сабота со почеток од 10:00 часот ќе одигра пријателски натпревар со екипата на Црвена Ѕвезда. Read More »

Втора победа за ЖРК Вардар во подготвителниот период, нашите девојки подобри и од Спартак

375133316_1001934297553068_6797709380014162466_n

Сениорската екипа на ЖРК Вардар го доби и вториот контролен натпревар во подготвителниот период. Во текот на вчерашниот ден, во спортската сала „Круме Кепески“ избраничките на Царчев и Платон во тест натпревар го победија тимот на Спартак со двоцифрена разлика, конечниот резултат гласеше 30:18 (19:8) Вардарки имаа предност во текот на целиот натпревар и контрола на резултатот. Уште на полувреме имавме ... Read More »

Нов контролен натпревар за ЖРК Вардар, противник е тимот на Спартак

375296428_1001473694265795_7328653627189042177_n

Екипата на ЖРК Вардар продолжува со одигрување на пријателски натпревари како подготовка за новата натпреварувачка сезона. Денес со почеток од 17:00 часот во салата „Круме Кепески“, вардарки ќе одиграт контролен натпревар против екипата на Спартак. Минатата недела, Вардар го доби тестот со екипата на Металург Автокоманда со резултат 31:28. Read More »

Никола Филевски со повик од селекторот Јакимовски, за тренинг кампот на Македонија У19

365246126_269885575798536_5113541635632985340_n

Младата фудбалска репрезентација до 19 години се наоѓа на тренинг камп во Дојран, каде ќе се задржи до 12.септември. Селекторот Тони Јакимовски за овој тренинг камп го повика нашиот голман, Никола Филевски. Филевски беше дел од подготовките на сениорската екипа во Златибор, исто така има дебитирано и на пријателски натпревари за првиот тим на Вардар. Read More »

Нијаз Јусуфи се врати на тренинзите на Вардар

375294336_711535331015537_6295699872777290290_n

Нијаз Јусуфи се врати на тренинзите на ФК Вардар, откако го пропушти подготвителниот период и првите шест кола во ПМФЛ. Нијаз беше еден од најстандардните играчи минатата сезона во составот предводен од Грнчаров, па сигурно дека со неговото враќање на теренот, Вардар ќе добие плус квалитет во играта.   Read More »

(СТРИМ) РК Вардар – РК Еурофарм Пелистер

Vardar-Struga-26-1536x1024

Денес со почеток од 18:00 часот на програмата е ракометниот Супер Куп, во кој ќе се сретнат екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер. Натпреварот кој ќе се одигра во салата „Парк“ во Струмица ќе можете да го проследите на линкот, ТУКА.  Read More »

Судии од Битола за натпреварот во ракометниот Супер Куп

341012406_2439501819541031_5404701805677520465_n

Утре на програмата е ракометниот Супер Куп, во кој ќе се сретнат екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер. РФМ за овој натпревар за судии ги делегираше Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат ќе биде Камен Металари, додека за контролор е назначен Драган Начевски. Натпреварот ќе се одигра во салата „Парк“ во Струмица со почеток од 18:00 часот. Read More »