Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 553)

Author Archives: Звонко Ивановски

Лидерот во Супер лигата, Еурофарм Работник високо го совлада тимот на Вардар Јуниор

vardarfans-vardar-junior1-660x330

Екипата на Вардар Јуниор вечерва го одигра натпреварот од 9.коло во ракометната Супер лига, во кое гостуваа на фаворитот, екипата на Еурофарм која очекувано стигна до висока победа изразена со резултат 40:23. Натпреварот со гол го отвори репрезентативниот пикер, Никола Марковски, додека Вардар Јуниор првиот гол го постигна во 6.минута преку Марко Мишевски за намалување на 2:1. Избраниците на Стојан ... Read More »

Наумчевски, Антовски и Бериша, стартери за македонската селекција до 19 години, на дуелот со Хрватска

vardarfans-y-19-660x330-660x330

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години денес го стартува квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза. Својот прв дуел го играме со почеток од 14:00 против соодветнаа селекција на Хрватска. За овој дуел, селекторот Горан Станковски ги одреди стартните 11, а во нив се наоѓаат и тројца играчи од редовите на Вардар. Во дефанзивната линија тоа се Стефан Наумчески и ... Read More »

Од понеделник се пуштаат во продажба билетите за мечот во ЛШ, помеѓу Вардар и Киелце

vardarfans-bileti

Од понеделник (19.ноември) во продажба се пуштаат билетите за натпреварот на Вардар во Лигата на Шампионите против екипата на Киелце, меч кој е закажан да се одигра на 1.декември во С.Ц. Јане Сандански, со почеток од 17:30 часот. Во продажба ќе се пуштат поединечни билети за трибините и А блоковите. Имателите на сезонски билети истите ќе може да ги искористат ... Read More »

Поранешната голманка на Вардар Ина Суслина ќе стане мајка

vardarfans-suslina-2

Поранешната голманка на Вардар, Ина Суслина ќе стане мајка. Минатата сезона беше последна во играчката кариера за Суслина, која шест години го бранеше голот на Вардар. Ина реши да се посвети на семејниот живот, па со нејзиниот партнер Емануел Рудниковски очекуваат принова Суслина заедно со нејзиниот маж работат како угостители во Revija bar & food. Read More »

Девет победи и само еден нерешен резултат за вардаровите генерации во изминатото коло од детската лига

14

Изминатиов викенд вардаровите генерации одиграа вкупно десет натпревари во детската лига, на кои остварија девет победи и еден нерешен резултат. Генерацијата “2006„ имаше победничко коло со два триумфи. Вардар (1) убедливо го победи тимот на Куманово (5:1) и стигна до својата шестта победа во детската лига, додека Вардар (2) беше подобар од Еуроспорт со резултат (2:1), тоа беше петти триумф ... Read More »

Марко Кизиќ: Огромен дел од тоа што го знам и поседувам се должи на тренерот Петрушевски, целта на Вардар Јуниор е да опстанеме во Супер лигата

marko-3

Марко Кизиќ, голманот кој со само 17 години е пријавен за настап со првиот тим на РК Вардар во Лигата на Шампионите. Токму нашето следно интервју е со големата голманска надеж на Вардар, кој исто така е дел од тимот на Вардар Јуниор кој се натпреварува во Супер лигата. Марко е и кадетски и младински репрезентативец на Македонија, кој беше ... Read More »

(ФОТО) Фереира: Ќе се вратам уште посилен

vardarfans-fereira

Врз пикерот на Вардар, Мораес Фереира во текот на вчерашниот ден беше изведен хируршки зафат во „Аџибадем Систина“. Бразилецот долго време го мачеше коленото, па после мечот против Барселона реши да ја направи неопходната операција на менискусот. Тој на својот инстаграм профил се заблагодари на сите за успешната операција, ветувајќи дека на теренот ќе се врати посилен. Прогнозите се дека за ... Read More »

Кукуловски и Крстевски и понатаму во ТОП-10 листата на најдобри стрелци во Супер лигата

1q

Со вчерашниот натпревар помеѓу ГРК Борец и Вардар Јуниор на кој поуспешни беа црвено-црните, се комплетираше 8.коло во најсилната Супер лига. Младиот состав на Стојан Петрушевски освои вкупно девет бодови и се наоѓа на 7. место на табелата. Што се однесува до листата на најдобри стрелци во Супер лигата, во ТОП-10 најефикасни играчи се наоѓаат и двајца ракометари од Вардар ... Read More »

Сојузот на спортови на Скопје го прогласи РК Вардар за најдобар спортски клуб

vardar-e-najdobriot-klub-vo-skopje-18290

Ракометниот клуб Вардар е прогласен за најдобар спортски колектив во Скопје. Денес Сојузот на спортови на Скопје го прогласи РК Вардар за најдобар спортски клуб, и на свеченост во Скопје беа доделени признанијата во повеќе категории. Ова признание црвено-црните го заслужија по освоената двојна круна во домашните натпреварувања, освоениот трофеј во СЕХА-лигата и со пласманот на завршниот турнир во Келн. ... Read More »

Тимур Дибиров ја надмина бројката од 400 голови за Вардар, во Лигата на Шампионите

vardarfans-dibirov

Натпреварот против Барселона беше јубилејен за Тимур Дибиров, кој успеа да ја надмине бројката од 400 голови во дресот на Вардар, на натпреварите од Лигата на Шампионите. Со шестте постигнати голови на дуелот со Барса, Дибиров веќе има 405 погодоци и е најефикасен играч во историјата на РК Вардар, што се однесува до настапите во Лигата на Шампионите. Руското лево ... Read More »