Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 650)

Author Archives: Звонко Ивановски

Комити: Бидете дел од Вардар на секој натпревар

vardarfans-komiti

Денес Вардар на арената “Филип Втори“ во рамките на 32 коло од ПМФЛ е домаќин на екипата на Скопје. Црвено-црните ќе се обидат да стигнат до втората последователна победа, откако во минатото коло го победија тимот на Силекс. За денешниот дуел, Комити повикуваат на присуство на секој натпревар на Вардар. Немојте да бидете само дерби навивачи, дојдете и бидете дел ... Read More »

(ВИДЕО) По голема борба, Вардар го елиминираше Кил и се пласираше на Ф4 во Келн

vardarfans-video

Вардар го доби четвртфиналниот двомеч со екипата на Кил и успеа да се пласира на завршниот турнир во Келн. На реваншот во Скопје, Вардар загуби со еден гол разлика, но поради повеќе постигнати голови на гостински терен успеаа по втор пат да обезбедат учество на Ф4. Најинтересните моменти од реваншот кој се одигра во С.Ц. Јане Сандански, можете да ги ... Read More »

Кањелас: Три меча во една недела, најдобар начин да се одбележи денот на “работникот“

vardarfans-kanjelas

Нема многу одмор за Вардарци кои после елиминацијата на Кил и пласманот на Ф4, се вратија на настапите во Супер-лигата. Во текот на вчерашниот ден избраниците на Гонзалез славеа на гостувањето против Пелистер, додека утре ги очекува нов дуел против екипата на Пролет 62 кој се игра на теренот на противникот. Турнејата продолжува во петок, кога во Јане Сандански ќе ... Read More »

Коло со максимален број на освоени бодови, за вардаровите генерации во детската лига

15

Изминатиов викенд се одигра ново коло во пролетниот дел од детската фудбалска лига. Генерациите на ФК Вардар одиграа вкупно седум натпревари, на кои забележавме исто толку победи. Својот натпревар од редовното коло не го одигра екипата на Вардар (2) од генер. “2005“ кој го доби служено дуелот со екипата на Албион, поради непристигнување на противничкиот тим. Два натпревари одигра генерацијата ... Read More »

(ВИДЕО) Патот на вардарки до Ф4 во Будимпешта

Вардарки по петти последователен пат ќе играат на завршниот турнир во Будимпешта и ќе се обидат да стигнат до првата Европска титула. Оваа сезона во двете групни фази одигравме вкупно 12 натпревари, на кои забележавме единаесет победи и само еден пораз. ЕХФ преку видео го прикажа патот на црвено-црните до Ф4 во Будимпешта. Ова е последна сезона за оваа генерација ... Read More »

(ВИДЕО) Последната минута од дуелот со Кил и радоста на вардарци

Вардар и покрај поразот од Кил на домашен терен успеа да се пласира на завршниот турнир во Келн, каде ќе има шанса да ја брани Европската титула освоена минатата сезона. По голема борба падна трикратниот шампион на Европа и најтрофејниот во најсилната бундес лига. Погледнете ја последната минута од мечот и радоста на вардарци за новото учество на Ф4 во ... Read More »

(Фотогалерија) Кадетите на ФК Вардар минимално го победија А.Пандев

Кадетите на ФК Вардар се вратија на победите во лигата, откако на домашен терен беа подобри од екипата на Академија Пандев (1:0). Единствениот гол на овој натпревар беше дело на Џемаил Ибиши. Погледнете ја фотогалеријата од овој дуел во кадетската лига. Read More »

(ВИДЕО) Мијајло Марсениќ со “јубилеј“ ,200 голови во СЕХА-лигата

Мијајло Марсениќ ја игра последната година во дресот на Вардар, а оваа сезона направи “јубилеј“ во СЕХА-лигата. Пикерот на Вардар стигна до 200 гола во ова натпреварување, а има можност да се прости од црвено-црниот дрес со уште четири нови трофеи. Веќе едниот е освоен во СЕХА-лигата,  додека останува борбата на завршниот турнир во Келн, како и до домашното натпреварување. Read More »

Голем гест од најголемиот ривал, Пелистер му го честиташе пласманот на Вардар на Ф4 во Келн

Иако Вардар доминира во ракометот, екипата на Пелистер секогаш ќе биде најголемиот ривал на црвено-црните, без разлика што последниве наназад многу години класата во квалитет во голема мера е на страна на нашиот шампион. Пред почетокот на денешниот дуел кој се играше во Битола и на кој Вардар убедливо славеше (28:43), капитенот на битолчани, Васко Димитровски по повод пласманот на ... Read More »

Битола го виде Европскиот шампион, Вардар го “растури“ Пелистер за трета победа во супер лигата

Вардар за нецели 24 часа успеа да забележи уште една победа, овој пат во рамките на супер лигата. Немаше многу одмор за Европскиот шампион кој попладнево гостуваше во Битола, на екипата на Пелистер. Иако постоеше голем замор од пласманот на Ф4 и по големото славје, Вардар собра сили да одигра натпревар и убедливо да го порази домашниот тим, со резултат ... Read More »