Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 620)

Author Archives: Звонко Ивановски

Среќен роденден Слободан Мутибариќ

391-660x330

Денес својот 52-ри роденден го прославува тренерот на голманите на црвено-црниот фудбалски колектив Слободан Мутибариќ, поранешен чувар на мрежата на ФК Вардар и син на најголемата голманска легенда на вардарци Драган Мутибариќ. Редакцијата на Вардар фанс му го честита роденденот и му посакува уште многу години успешна работа со голманите на Вардар и се разбира здравје и среќа. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ... Read More »

Матео Кесиќ: Среќен сум и задоволен што успеавме втора сезона по ред да бидеме шампиони на Македонија, сакам еден ден да играм за сениорскиот тим на ФК Вардар

132

Вардаровата генерација родени “2008“ година успеа да стане шампион на Македонија и да го одбрани трофејот во детската лига, откако во големото финале ја совладаа екипата на Академија Пандев. Повторно одигравме одлична сезона во која доминиравме и докажавме дека сме најдобри во својата возрасна категорија. Велат кога имаш добра одбрана, многу е полесно да победиш, а тоа можеби најмногу ја ... Read More »

(ФОТО) Вардаровите пионери го надиграа Марибор и денес ќе играат во големото финале

6

Вардаровите пионери денес со почеток од 12:30 ќе играат во големото финале на турнирот во Сараево, а противник е екипата на Будуќност. Во текот на вчерашнот ден во последното коло по групи, избраниците на Трајановски убедливо ја победија екипата на Марибор, со резултат од 5:1. Погледнете неколку фотографии од триумфот против тимот од Словенија. Read More »

Пионерите на ФК Вардар и Будуќност, ќе играат во големото финале на турнирот во Сараево

vardarfans-finale

Екипите на Вардар и Будуќност ќе играат во големото финале на силниот меѓународен турнир во Сараево, кај генерацијата родени “2001“ година. Ова е епилогот од денешното одиграно трето коло во двете групи. Вардар и Будуќност како првопласирани екипи во своите групи, утре со почеток од 12:30 часот ќе се борат за трофејот. Тоа значи дека оваа година ќе видиме нов ... Read More »

Вардар заедно со ПСЖ, во првиот барабан, при извлекување на ждрепката за групната фаза во ЛШ

vardarfans-naslovna-2

Вардар и ПСЖ се сместени во првиот барабан, при извлекување на ждрепката за групната фаза од Лигата на Шампионите. Тоа значи дека двете екипи не можат да играат заедно во една од најсилните групи од ЛШ. Во најсилните групи ќе бидат екипите на Киелце, Пик Сегед, Барселона, Фленсбург, Скјерн, Брест Мешков, ППД Загреб, Веспрем, Мотор Запорожје, Монпелје, Кристијанштад, Целје Рајн-Некар ... Read More »

Пионерите на ФК Вардар го “растурија“ Марибор и се пласираа во големото финале на силниот меѓународен турнир во Сараево

1

Пионерите на ФК Вардар стигнаа до втората победа и обезбедија големо финале на турнирот во Сараево. Црвено-црните во рамките на третото коло од групната фаза убедливо ги совладаа врсниците од екипата на Марибор, со резултат од 5:1. Тренерот Томче Трајановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Петејчук, Ѓурковски, Манасиевски, Асани, Андоновски, Илиевски, Ибиши, Игнатов, Туша, Стојановски. Во игра влегоа уште и Зендели, ... Read More »

Ана Иванова: Бевме млада и неискусна екипа, но моите соиграчи го даваа својот максимум на секој натпревар во супер-лигата

vardarfans-naslovna

Младиот состав на Вардар Јуниор ја имаше дебитантската сезона во најсилната супер лига. Екипата ја сочинуваа млади ракометарки, кои беа желни за напредок и докажување. Сезоната ја завршивме на петтото место, забележувајќи 15 победи, 3 нерешени резултати и 10 порази. Ана Иванова ја одигра својата трета сезона во екипата на Вардар, а прва во супер лигата. За нашиот сајт младата ... Read More »

Перо Ангелески-Манце, економот на ФК Вардар, без кој не поминува ниту еден тренинг и натпревар на младинските категории

vardarfans-naslovna

Ниту еден тренинг, ниту еден натпревар на младинските екипи во фудбалскиот клуб Вардар, не може да се замисли без економот во Вардар. Се работи за Перо Ангелески-Манце, кој веќе шест години е задолжен за спортската опрема во клубот. Најпрво започнува во фудбалскиот клуб Работнички, каде се задржува три години, по што истата дејност ја продолжува во Вардар, во периодот од ... Read More »

Вардарецот, Мартин Карапалевски најефикасен играч во поразот на кадетската репрезентација, на контролен меч против Ј.Кореја

vardarfans-karapalevski1-640x330

Кадетската ракометна репрезентација се наоѓа на турнир во Унгарија, каде одигра контролен натпревар со селекцијата на Јужна Кореја. Овој дуел го загубивме со резултат 27:32. Во најголем дел од дуелот, противникот имаше предност, која на полувреме беше изразена со седум голови разлика (16:9). Најефикасен на овој меч беше играчот на Вардар, Мартин Карапалевски кој постигна шест голови. Од играчите на ... Read More »

(ФОТО) Пионерите на ФК Вардар и Железничар одиграа без голови

2

Пионерите на ФК Вардар и Железничар одиграа со нерешен резултат, во рамките на 2 коло на турнирот во Сараево. Иако и двете екипи имаа свои шанси, на крајот од мечот мрежите останаа незатресени. Денес го играме последното коло во групата, против екипата на Марибор, по што ќе биде познато дали ќе играме во големото финале. Погледнете фотографии од мечот на ... Read More »