Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 630)

Author Archives: Звонко Ивановски

Шампионите од ФК Вардар генер. “2007“ ќе го бранат трофејот во детската лига, црвено-црните со резултатски пресврт го победија Албион и се најдоа на завршниот турнир

277

Вардаровата генерација родени “2007“ година ќе имаат можност да го бранат трофејот во детската лига, кој е во нивната сопственост последниве две сезони. Вечерва избраниците на Томче Трајановски во еден неизвесен дуел и со резултатски пресврт ја совладаа екипата на Албион и ја поминаа и последната елиминациска пречка пред пласманот на завршниот турнир. Првиот директен удар го имаше екипата на ... Read More »

Шкендија подобра од Вардар, во дербито на регионалната-скопска лига, кај генер. “2003“

2003

Генерацијата “2003“ на ФК Вардар со пораз ја завршија сезоната во регионалната-скопска лига. Во рамките на последното коло, црвено-црните гостуваа во Тетово, на екипата на Шкендија, од која беа поразени со резултат 2:0. Вардар: Рамадани, Марковски, Трпезановски, Исмаили, Сељанац, Давидовски (c), Алими, Стојановски, Мирков, Јовановски, Прелоговски.  На полувреме резултатот беше 1:0 за домашниот тим. На овој меч тренерот на Вардар, ... Read More »

Пионерите на ФК Вардар со победа ја завршија сезоната, со пресврт ги совладавме Македонија Ѓ.П

2

Пионерите на ФК Вардар со триумф ја завршија натпреварувачката сезона 2017/18, откако во последното коло на домашен терен ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П и тоа со резултатски пресврт (2:1), откако на полувреме гостинот имаше водство од 0:1. Тренерот Ѓоргиески стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Бојковски, Манасиевски (c), Димоски, Спировски, Игнатов, Ристовски, Ибиши, Митревски, Туша, Речица. Првиот директен удар го ... Read More »

Шкендија и Вардар одиграа без голови, во последното коло од регионалната-скопска лига

3105

Денес во Тетово, генерацијата на ФК Вардар родени “2004“ година го одиграа последното коло во регионалната-скопска лига, против екипата на Шкендија. Овој дерби натпревар заврши без голови 0:0. Вардар: Ангелов, Љушев, Анчевски, Јаневски, Милошевски, Серафимов, Павлески, Стоимов, Каровски, Гуџуфи, Курти.  И двете екипи имаа свои шанси, кои не успеаа да ги искористат, додека во последната минута од мечот, не беше ... Read More »

Пом.пионери на ФК Вардар во последното коло од шампионската сезона одиграа реми со Македонија Ѓ.П

a2

Денес на теренот на Академијата се одигра последното  првенствено коло кај генерацијата родени “2002“ година. Како што е познато од претходно помладите пионери успеаа да станат шампиони во оваа возрасна категорија. Тие утрово на теренот на Академијата одиграа реми во  дуелот со Македонија Ѓ.П и на тој начин успешно ја заокружија оваа сезона. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 1-1 (0-0). ... Read More »

Вардар (1) генер. “2007“ го победи “братскиот“ Вардар (2) и денес против Албион ќе се бори за учество на завршниот турнир

f1-660x330

Вардар (1) го елиминира “братскиот“ Вардар (2) кај генерацијата родени “2007“ година, во рамките на елиминациите во детската лига. Ждрепката сакаше двете екипи кои се предводени од Томче Трајановски да играат меѓусебно, по што Вардар (2) не е во можност да го брани бронзениот медал, кој го освои на завршниот турнир минатата натпреварувачка сезона. Вардар (1) подобро го отвори овој ... Read More »

(Фотогалерија) Вардар (1) генер. “2005“ го победи Работнички и се најде на завршниот турнир во детската лига

27

Екипата на Вардар (1) од генерација “2005“ успеа да ја помине и последната елиминациска рунда и да се пласира на завршниот турнир во детската лига. Избраниците на Ане Андовски го добија градското дерби со екипата на ФК Работнички (2:0). Погледнете ја фотогалерија од овој натпревар. Read More »

Двете екипи на ФК Вардар генер. “2008“ успешни и во денешната елиминациска рунда, останува да поминат по уште еден противник за да се пласираат на завршниот турнир

254

Вардаровата генерација родени “2008“ година успеаа да поминат по уште една пречка во елиминацискиот дел од детската фудбалска лига. Тие вечерва ги совладаа екипите на Албарса и Сарај. Првата екипа на Вардар полесно од очекувањата успеа да го добие дуелот со екипата на Албарса. Црвено-црните полесно од очекувањата успеаа да ја победат противничката екипа, со конечен резултат од 13:2. Уште ... Read More »

Шкендија-Вардар, во последното коло од регионалната-скопска лига

929

Во текот на утрешниот ден последното коло во регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите на ФК Вардар родени “2003“ и “2004“ година. Нашите млади надежи гостуваат во Тетово, на екипата на Шкендија, во термините од 10 и 12 часот.  Мечевите и кај двете генерации немаат резултатско значење, со оглед дека вардарци веќе го подигнаа трофејот. Веќе четири натпревари одиграа екипите ... Read More »

Пет играчи од ФК Вардар, дел од младинската репрезентација до 16 години, за контролните дуели против Словенија

Денес и во четврток на тренинг центарот “Петар Милошевски“ контролни натпревари ќе одигра Македонската фудбалска репрезентација до 16 години, која за противник ќе ја има соодветната селекција на Словенија. Селекторот на оваа селекција, Марио Вујовиќ за овие контролни дуели повика пет играчи од Вардар. Се работи за Азер Омерагиќ, Филип Андоновски, Фисник Салиу, Александар Ѓурковски и Али Асани. Денешниот дуел ... Read More »