Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 618)

Author Archives: Звонко Ивановски

Мартин Поповски најдобар стрелец за Македонија, која го заврши настапот на медитеранските игри во Тарагона

vardarfans-naslovvna

Македонкската ракометна репрезентација со победа го заврши настапот на медитеранските игри во Тарагона. Во последното коло од групната фаза, избраниците на Гарсија Парондо и Александар Царчев ја совладаа селекцијата на Србија ( 31:29). Во најголем дел од натпреварот имавме предност и на крајот заслужено победивме, иако истата можеше да биде пред време решена и со многу поголема разлика. На полувреме ... Read More »

Познати противниците на Македонија, на СП кое следната година ќе се одигра во Германија и Данска

vardarfans-naslovna-3

Машката ракометна репрезентација ги доби противниците во групната фаза, за светското првенство кое во 2019 година ќе се одигра во Германија и Данска. Македонија ќе биде дел од групата Б, заедно со селекциите на Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија. Светското првенство ќе се одигра во периодот од 9-27-ми јануари, а натпреварите на нашата селекција во групата ќе се одиграат ... Read More »

Преглед на сезоната за младинците на РК Вардар, кои станаа вицешампиони на Македонија

vardarfans-mladinci

Младинците на РК Вардар станаа вицешампиони на Македонија за оваа натпреварувачка сезона. Избраниците на Чивлачки и Грчевски на завршниот турнир кој се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда во големото финале беа поразени од екипата на Металург 2. Во регуларниот дел на сезона, црвено-црните беа дел од групата 1, во која го освоија првото место. Одигравме 13 натпревари, на ... Read More »

Кристијан Таневски: Оваа сезона е една од најуспешните на нашата генерација, тренерот Ане Андовски е доста заслужен за нашиот напредок и за сите успеси што ги постигнавме

36002610_10212370438718011_9177133320889171968_n

Генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година и втор последователен пат успеа да стане шампион на Македонија, откако во големото финале ја совлада екипата на Академија Пандев (2:0). Оваа генерација предводена од Ане Андовски играше одлично во текот на целата сезона и на крајот заслужено се искачи на врвот. Дел од оваа шампионска генерација е Кристијан Таневски кој има свој ... Read More »

Кои се посакувани противници за РК Вардар во најсилната група на ЛШ

vardarfans-naslovna

Вардарци и шестта последователна сезона ќе бидат дел од најголемото ракометно натпреварување, Лигата на Шампионите и повторно дел од најсилните две групи. На 29-ти јуни во Виена ќе биде извлечена ждрепката за групната фаза, по што ќе бидат познати противниците на црвено-црните во овој прв дел од ЛШ. Едно е јасно дека Вардар нема да биде заедно во група со ... Read More »

Мораес Фереира со селекцијата на Бразил обезбеди пласман на СП во 2019 година

vardarfans-fereira

Пиокерот на Вардар, Рожерио Мораес Фереира со репрезентацијата на Бразил обезбеди пласман на Светското првенство, кое следната година ќе се одигра во Германија и Данска. “Кариоките“ со трумфот во полуфиналето против Чиле (24:32) обезбедија настап на големото натпреварување, без оглед на вечерашниот исход во финалето против селекцијата на Аргентина, во рамките на квалификациите на Пан Америка. Финалистите имаат загарантиран пласман ... Read More »

Дејан Блажевски официјално е претставен во новиот клуб

vardarfans-blazevski

Поранешниот играч на Вардар, Дејан Блажевски и официјално е нов играч на екипата на Тирана од Албанија. Популарниот “Шиле“ се обврза на едногодишна верност со албанскиот прволигаш, со можност истата да биде продолжена. жПопуларниот “Шиле“ кој е дете на Вардар одигра повеќе од 100 меча во црвено-црниот дрес и освои две титули со екипата на Вардар и беше дел од ... Read More »

(ВИДЕО) “Бомбардерот“ Горбок се враќа во Вардар

vardarfans-gorbok

После две сезони поминати во екипата на Пик Сегед, левиот бек на руската репрезентација, Сергеј Горбок се враќа во редовите на Вардар. Тој претходно две сезони го носеше црвено-црниот дрес, па ова ќе биде негов кам бек во редовите на Вардар. Горбок заедно со Борозан ќе ја сочинуваат левата бековска позиција и треба да бидат најголемата опасност по противничките голови. ... Read More »

Александар Грашески е најдобар стрелец за ФК Вардар генер. “2007“ во шампионската сезона на детската лига

34399644_1702145556498950_6763664358292586496_n1

Вардаровата генерација родени “2007“ година успеа и по трет последователен пат да стане шампион на Македонија и повторно да ја покаже својата доминација во детската лига. Во претходниот наш текст, можевте да прочитате за сите остварени резултати на оваа генерација во текот на целата сезона, како во детската лига, така и на турнирите на кои учествуваа. Што се однесува до ... Read More »

Поповски постигна седум голови, но Македонија стартуваше со пораз на медитеранските игри во Тарагона

vardarfans-popovski

Македонската ракометна репрезентација со пораз ги стартуваше медитеранските игри кои се одржуваат во Тарагона. Ова беше и прв натпревар за Гарсија Парондо, како прв тренер на машката селекција, која на стартот доживеа пораз од репрезентацијата на Турција. Македонија имаше проблеми со својата игра, а Турција беше во постојана предност. И на полувреме противникот беше во водство, кое изнесуваше два гола ... Read More »